Штета стварно многу добра работа ќе бидат отворени листи, но никогаш нема да дозволат двете големи, а ниту ДУИ.
Исто ако стани Левица влијателна во новиот парламент, ниту тие ќе сакаат отворени листи.
Мислам дека погрешна терминологија се користи кога ќе се каже дека партиите нема да дозволат или не сакаат отворени листи, целосно погрешно е таквото толкување, се работи за теснопартиско раководство кое е во спрега со олигархијата, партијата го подразбира членството и симпатизерите кои се целосно исклучени од влијание врз кадровската политика.
Еве тука на форумот нека се спроведи една анкета или да речеме на социјални мрежи, чисто лаички да се види дека се работи само за минорен дел кој би бил против изборен модел со отворени листи/една изборна единица.
Потполно истото важи и за членството на ДПМНЕ/СДСМ, нив никој не ги прашува.
Еве еден пример од пред две недели отприлика, шо може и не треба да го спомнувам може ќе најдат кој/а е...на партиски состанок на МЕСНА организација на една од двете најголеми партии кај нас, споменато е прашањето за отворени листи и тоа неколку пати и било буквално игнорирано се додека други присутни не се распрашале за шо станува збор па откако им се објаснило на повеќето им се допаднал предлогот.
Нареден ден по експресна постапка утрото е контактирана личноста од претставници на пази ОПШТИНСКАТА партиска организција и попладнето следело пеење во просториите на истата, прво од типични муабети како никој не заборава и остава на цедило партијата и дека нема потреба да се зборуваат такви цитирам „будалаштини“ тој збор бил употребуван. Најмногу внимание се обрнало на тоа од каде произлегла една ваква „будалаштина“ можело да се пази-компромитира партијата со „секакви кадри“

Значи воопшто не им е сеедно и нималку наивно ова околу отворените листи, голем дел од „истакнатите“ добро искомпромитирани партиски кадри за кои самите гласачи знаат какви релации негуваат и со шо се бават ќе ги избришат на избори
Инаку засега за мене лично доволно е Левица да стане парламентарна партија, да покаже нешто поинаку надвор од типично удбашките структури кои ги гедаме а за се друго кога ќе дојде време, иако има едно големо ако тука.
Само не ми е јасно како помалите партии немаат никаков ентузијазам да покренат било каква иницијатива за промена на изборен модел или било каков потег кој би довел до понатамошна опшествена демократизација...
Gragxanite heroi имаат силен ветар од запад,така да шо и да направат ќе биде протолкувано како демократско достигнување и чин на херојство!Од друга страна патриотите тргнаа против силниот "демократски "западен ветар,и тоа сега скапо ќе ги чини.Иначе тој западен ветар е многу поволен и благопријатен за одгледување сончогледи,така да на новото знаме место сонце ќе имаме сончоглед!
Колку и да е поволен не може сево ова да го дувне, нема теоретски шанси сево ова да се реализира без задкулисна координација на ДПМНЕ/СДСМ. Од 27ми Април до денес се е куклен театар. Показател за тоа е фактот шо не успеаа да постигнат ниту излезност сите тие партии кои водеа кампања ЗА на референдумот колку шо имаа освоено гласови на изборите декември 2016. Преку 100к гласови помалку.
Е сеа прагот го постигнаа на тие избори сега само губат гласови секој ден а создаваат се поголем и поголем револт со пиздариите кои ги прават и не им останува ништо друго освен да работат на буквално удбашко разбивање на секоја една политичка структура која може да го артикулира тој револт преку гласови на прв нареден изборен циклус.
Курофми нема правда нема мир.