Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

  • Креатор на темата Креатор на темата 840223
  • Време на започнување Време на започнување
@MIKI1 - не секој се бори како тебе за „лајкови“ и внимание на форуми и социјални мрежи, посебно на теми за боговите :)

Тука сме да споделуваме размисли и да расправаме за овие теми бидејќи нормално, имаме различни ставови за христијанските концепти на духовност и напредување (не да се расправаме како што ти имаш една проста навика на форумов со години), како и за самата христијанска религија наменета за мноштвото и целиот тој религиозен негативен став што го имаат кон другите...

Понекогаш вмешувајќи „спасители“ и „богови“ за да бидеме „на темата“ - иако секоја тема тука во која е вклучена христијанската религија која нормално се критикува заради мноштво прични - е глупости пишување и простачки навреди (посебно кога ти глумиш лудило со дијалекти и се расправаш со луѓето „во името на ГОЛЕМИОТ БОГ“) апсолуто Off-topic после 2-та страница на дадената тема!

Да не копираме ставови од „Премин“ - големото гласило на православието кај нас полно со омраза кон се што не е православие - поткрепено дека тоа доаѓа од самиот „спасител“...

Ги упатувам сите да поминат до „Премин“ и да прочитаат колку ниско може да заамине еден православен свештеник во името на „религијата“ и „Очигледноста на богот“...


Едноставно немаш потреба со негативен став да докажува еден христијанин колку е вистински неговиот бог бидејќи друг пронашол апсурдност во христијанската религија... диши. ТИ си никој за да судиш некој за неговиот став - таква ти е философијата што ја следиш...
Малку јога брату - смири духот и умот ;)

Твојот бог е недостижен за тебе заради самата философија што ја следиш или ајде верување нека биде - не го нуди на другите како реалност, посебно не во овој твој начин...

Цело време се расправа за христијанскиот концепт на бог и се што произлегува од тоа - а едноставно треба да се игнорира сето тоа ако човек не се пронаоѓа во целата таа старо-еонска догматика...

Тоа го напишав и погоре, поопширно.

П.С. Ајде, допиши нешто за „монолози“ и слично - друго, што ќе ми кажеш? Антихрист, ќе страдам бидејќи не ја гледам очигледноста на „христијанскиот бог“ во светот? :)

 
Последно уредено:
...што има некоја необјаслива „енергија“ - ИМА!, сакате Господ наречете го, сакате „Природна сила“...важно ТУКА Е, ОКОЛУ НАС!
 
Дека има енегрија, има енергија - нормално :)
Ама зошто господ со голема почетна буква - кој ги знае. Можеби се однесува за посебен бог од плејадата знајни богови со имиња...

Или бидејќи е личносно-триделно во еднина, чудна енергија.... секогаш има моќ „нарекувањето“ на нештата, посебно кога ќе станат несвесно и никој не знае зошто е тоа така а го користат....

Не користете ствари што не ги разбирате :)
 
...а што пак „божиќ“ треба со мала буква? м?
Не знаеш македонски или правиш трула споредба на користењето на бог со Божиќ, религиозен празник кај христијаните кој што е всушност и државен празник (добра секуларност имаме во државата нели?).
Според правописот, бидејќи ова е празник, со голема буква. Не бидејќи е поврзано со христијантсвото :)

А бог не треба со голема, тоа го користат христијаните од некоја чудна потреба... да ни доловат за очигледноста на нивниот бог, во плејадата богови низ религиите на светот :)
 
Вие сеуште се обидувате преку наука да докажете дека богот постои или не постои, без разлика на религија или тука расправате само за христијанскиот најголем господ?

Оставете ги прво да си ги решат стварите двете најголеми старо-еонски религии чиј бог е очигледен, највистинит, најмногу што постои, колку е лажен во однос на другиот, па како денес се е гревови (тука и двете религии се лудница, сите ќе горат само треба да умрат) - потоа расправајте со победникот за тоа како богот не е веднаш очигледен.

Вака глупости само пишувате и се обидувате еден христијанин да оди да гледа видеа, да чита научни трудови за да си докаже дека неговиот христос не постои :)
Абе ајде, можете и подобро ...

Дали можете да верувате во стварите опишани во светата книга на христијаните, посебно тој нов завет или не?
И да, дали може да најдете практична примена на сите тие писанија таму за дејствување меѓу луѓето и дали може да ве доближи нешто од таму до богот за кој се расправа таму?
Ако не може да верувате во тоа, ок е - многумина не можат, друго време е сега... но некој што верува и си нашол купишта „докази“ за верување... што ќе направите? :)
Што ќе направите што за секој христијанин вие сте грешници, сатанисти, без етика, морал итн итн?
Тоа сте за нив, читајте им ги писанијата... од нив толку...

Религии како исламот и христијанството - кои се догматски религии - не може да ги рамните со наука, луѓе... ниту пак да се обидувате со христијани и муслимани да расправате за нивните религии преку наука :)
Тоа е јасно како ден.

Со луѓе кои верувањето им е најголмиот дострел во однос на боговите може само вакви расправи да терате со години - бесцелно.
Ако ви е волја, па зошто и да не...
Јас само не сфатив од целиов пост, каков друг "дострел" има кон непостоечка работа освен "верување"?
Другото во постот, горе-доле се согласувам.
Посебно во исламот е изразено чувството на стрес и шок кога се доведува во прашање оваа тема - самото поставување на прашањето. На пример, корисно е да го спомнеш у реченица едно 20 пати, ама да му се заблагодариш. Меѓутоа, да ја поставиш неговата егзистенција во прашање - никако. Самата индоктринација е отидена до таму, да концептот на избор е тотално непознат. Еден од главните постулати е дека тоа измислено битие има план за секого и нема што ти многу да мислиш, да покажеш завист или да доведеш во прашање нечивиот авторитет. Таа појава на безусловна субмисија ја има и членот со кој се обидуваш да воспоставиш контакт. Јас, ти и сите други овде се обидуваме да воспоставиме базична, елементарна комуникација со овој радикален верник, фундаменталист, кој во состојба на бесконечен шок одговара со крв во уста, навреди и знаци на агресија. Е сега, пошо е случај 1 во 1000000 во државава, стварно е за изненадување потеклото, односно причината за ваквата негова ментална состојба. Мене тоа ми е интригантно. Очигледно е при свест, меѓутоа разум и рационално размислување - како тие центри во мозокот да му се отстранети со лоботомија. Погоре зборев за исламот - средините во кои тој доминира пологично е да продуцираат вакви кадри, затоа што тоа цело опкружување посветува 99% од времето на перење мозок и одржување во живот на заблудата инсталирана во слабо развиените интелекти. Меѓутоа, во едно општество како нашето, у кое религија се практикува малтене пагански, примитивно, со површни познавања на некакви учења, а со одржување традиции од циркузален карактер (као свадби, помени, тетоважи, крстови на ретровизор, шерување и аминување на фејсбук), мене лично ми е фасцинантна егзистенцијата на еден своевиден форумски муџахедин како горенаведениот и затоа на некој начин и јас се обидувам да воспоставам комуникација - јас не зборам со него. Дали тоа е резултат на некаква траума, злостава, мобинг, булинг...веројатно никогаш нема да дознаеме.
Прашањето е: што да се прави, да се игнорира? Да се дозволува вака, како модераторот што праи, да игра аутистичка "симултанка" со секој што макар и збор ќе пише во подфорумов? Само како за илустрација - на форумов има тема за ретардираната идеја за таканаречена рамна земја, во подфорум кој го уредува модератор кој не му дава вакви привилегии на дотичниот, а кутриот нели "верува" дека Земјата е рамна (да го заокружи целиот игнорантен пакет нели) и во тие "дискусии" плива практично као секира (за разлика од овде, каде што е третиран како полубог). Најсоодветно би било да биде заловен од мобилна служба на соодветна институција, ама ја неаме таа среќа.
 
Последно уредено:
Јас само не сфатив од целиов пост, каков друг "дострел" има кон непостоечка работа освен "верување"?
.

Almeida,

пош‘о одамна ми е јасно дека ништо не сфаќаш, еве, ќе морам да ти помогнам односно подучам, гледано од мојата вероисповест а не од шаманизмот.

Дострелот во верувањео во Бога е повеќеслоен и не може да се опише на форумски допис, но може да се „спакува„ во неколку степенести состојби од човековото битие и тоа:
- очистување,
- просветлување,
- обожување.

Најратко кажано, целта од овосветовното битисување не е живеењето во грев и неможноста да се избегне смртта, туку човекот да се подготви, до степен од потребната достојност, за да може да се врати во заедница во својот Бог Творец, во вечноста.

За аналфабетски почеток, сметам дека не само што ти е доволно, туку дека ти е претешко...
 
Море само Скиентологија за Микиќ...едно 100.000 евра и директно ОТ8. Па ќе збори за очистување од Тетани...
 
Дека има енегрија, има енергија - нормално :)
Ама зошто господ со голема почетна буква - кој ги знае. Можеби се однесува за посебен бог од плејадата знајни богови со имиња...

Или бидејќи е личносно-триделно во еднина, чудна енергија.... секогаш има моќ „нарекувањето“ на нештата, посебно кога ќе станат несвесно и никој не знае зошто е тоа така а го користат....

Не користете ствари што не ги разбирате :)
Нема плејада богови, еден е само и затоа Господ.[DOUBLEPOST=1540980629][/DOUBLEPOST]
...а што пак „божиќ“ треба со мала буква? м?
Не треба.
 
Море само Скиентологија за Микиќ...едно 100.000 евра и директно ОТ8. Па ќе збори за очистување од Тетани...

Ако сакаш пат за Бардовци...т.е. Злокуќани, не ти требаат 100 иљадарки...само ти обрати се кај наведените мајтапџии и ќе те „оправат„ и за џабе...:(
 
Одговор на прашањето од темата:
Затоа што не е очигледно ниту постоењето на еднорозите, Дедо Мраз, Лапонија, Зевс и Хера, Один и Тор.
They don't exist. Simple as that.
 
Последно уредено:
Така е!...

Следејќи ја твојава логика, се наметнуе прашањето: зашто си ти невидлив?

ЗакЉучок; затоа ш‘о не постоеш!....:coffee:
 
Не знаеш македонски или правиш трула споредба на користењето на бог со Божиќ, религиозен празник кај христијаните кој што е всушност и државен празник (добра секуларност имаме во државата нели?).Според правописот, бидејќи ова е празник, со голема буква. Не бидејќи е поврзано со христијантсвото :)А бог не треба со голема, тоа го користат христијаните од некоја чудна потреба... да ни доловат за очигледноста на нивниот бог, во плејадата богови низ религиите на светот :)

XyclTsK.jpg


„не знаеш македонски јазик“...„според правопис“... „бог не треба со голема буква“ приложувам токму исечок од тој правопис каде е назначено Бог дека се пишува со голема буква!
 
М'ќи се припремал за смрт је***е...со распраање и пцуење на форум.
Јак играч ќе бидеш таму (y)
 
„не знаеш македонски јазик“...„според правопис“... „бог не треба со голема буква“ приложувам токму исечок од тој правопис каде е назначено Бог дека се пишува со голема буква!

Не знаеш македонски јазик. Пристрастна си исто како и авторите на правописов, христијанска работа. Едно пишуваат друго прават, и тоа само 3 линии подолу. Може и лекторот да зафркнал работа. :)
Читај 62. Користи го бог како општа именка, не му фрлајте толку многу внимание на божественото со големи букви.
А и „Бог“ е име на христијанскиот бог? Дискутабилно.

А во религиозни текстови (тука не гледам религиозни текстови, туку проклети злобни навреди) - може да се пишува бог со голема буква и Он и Нему и Тој итн итн)... ;)
Тука, држете се за именката со мала буква. Бидејќи бог напишано со голема буква, од пракса, знаеме дека се мисли на христијанскиот концепт... а не го имаме само тој концепт на „Бог“ кога се работи за верувањата и религиите во Македонија...

Читај наназад што зборував... поголем проблем имаат двете старо-еонски религии меѓу себе и во себе отколку со оние надвор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom