Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.386
Поени од реакции
8.994
Па, не може Мијалков да состави такво писмо. Ама од толку луѓе околу него што можат, сигурно на Орданоски му дал да го пишува. :D
Му се враќаат на Ордановски за колумнава од петокот, само не обрнале внимание дека со поттекстот го поткачуваат и другиот Сашо малку поозбилно...

https://plusinfo.mk/кога-јагнињата-привремено-ќе-стивнат/
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Инаку, според планираниот ребаланс, владата ќе крати пари кои првично биле предвидени за инвестиции во образованието, за изградба на нови и реновирање на постоечки студенски домови, за изградба на училишта и сали. Скратени се и пари од делот за минимална плата. Министерот Тевдовски се правдаше дека влошената состојба на економијата била резултат на лошите проекти од претходната Влада, а демантираше дека е зголемен јавниот долг.


Da ne se cudat posle koga ke vikaat deka begaat mladite od drzavata...
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
А бе кој го спомна ВМРО ДПМНЕ, уште помалку Мицкоски? Воопшто не мислам на нив. Тоа може и по 20 години да е.
Па нешто со нивната пропаганда ми се совпаѓа тој став, „ќе го вратиме името кога ќе дојдеме на власт“. Иначе ако се смени, тогаш шансата да се врати е после трета светска војна под услов ние да сме на страната на победниците а Грците на поразените.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.361
Поени од реакции
21.796
Како лесна треба да се дебатира реплики...
Многу си наивен, Буци. Да не речам глуп. Какви амандмани, какви црни реплики. Сѐ тоа ќе се заобиколи, како што направија со тие 35.000 амандмани што ги поднесоа вмровциве за Законот за јазици.

Се покондурија сељаците, влезени се во full Ердоган mode. Ни закон почитуваaт, ни устав, ни деловници, ни ништо. Казнуваат обични луѓе кои во коментар на Фејсбук го навредиле пастирот од Муртино. И што очекуваш повеќе од таква покондурена сељачана, да ти дебатира за амандмани!? :icon_lol:

Им фали уште еден закон за цензурирање на интернет портали, и потоа може комотно пастирот од Муртино да го прогласиме за доживотен фирер на Северна Македонија, на кој и Ким Јонг-ун би подзавидел.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па нешто со нивната пропаганда ми се совпаѓа тој став, „ќе го вратиме името кога ќе дојдеме на власт“. Иначе ако се смени, тогаш шансата да се врати е после трета светска војна под услов ние да сме на страната на победниците а Грците на поразените.
Враќање на името... на „куково лето“. Отиде тоа. Се бараше само петоколонашот.. и еве, се најде.[DOUBLEPOST=1540824671][/DOUBLEPOST]
...пастирот од Муртино..
Од Муртино само „пољопривреда“ може, не сточарство.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
прво, блокирање на половина град е крајно глуп начин да постигнат нешто после мешањето ајвар. Не им се врти животот на сите околу неписмените од тие назови партии ниту околу ајварот. Второ, дали ќе се присетиш ако веќе инсистираш, пошто од мојот пост за преку кур доволно е блокирање главен град за играње курташак, ти се надоврзуваш сосем трето, со некои северџани, дали ќе се присетиш на настапот на НДМ во 2010 и како истата се има обраќано кон нато?

да не откриваме и други работи околу овие ликови... да не пишуваме каде кој од нив све работел, и со кого. Мислам дека вакви типови наместо да ги доближат, ги доупропастија односите со Русија. А можда тоа им е целта....
Сметам дека едно јако блокирање на само на Скопје а и други градови, автопати и те како е начин да се постигне.
За тоа што НДМ биле за НАТО па пото ја смениле идеологијата не гледам ништо контроверзно. Уште повеќе што мојата идеологија и русофилство ниту почнува со нив а уште помалку завршува. Нај просто не се идентифицирам со било која партија уште помалку личност, а максимум одобрувам нечие делување доколку е слично со моите гледишта. Впрочем каква е врската со блокирањево контроверзноста нивна?[DOUBLEPOST=1540824849][/DOUBLEPOST]
Да Живеј ВМРО :icon_lol:. Читаш бе? Сакаш да бидеш пратеник, министер директор некаде, управен одбор, тендер чекаш? Ако се смени името ВМРО ДПМНЕ е мртва партија, на наредни избори нема ни десет пратеници да има, десет години нема да се врати на власт. Младоста има да ти помине, а ти власт нема да бидеш. Затоа гледај стегај таму милион амандмани да се поднесат инаку готов си.
Очигледно одат на картата театарска претстава. Ќе им обезбедиме пратеници па после ќе ги бркаме, и така ем сме одработиле дадената задача, ем чисти ем патриоти. Ама малку се тие што пијат нафта.[DOUBLEPOST=1540825153][/DOUBLEPOST]
Многу си наивен, Буци. Да не речам глуп. Какви амандмани, какви црни реплики. Сѐ тоа ќе се заобиколи, како што направија со тие 35.000 амандмани што ги поднесоа вмровциве за Законот за јазици.

Се покондурија сељаците, влезени се во full Ердоган mode. Ни закон почитуваaт, ни устав, ни деловници, ни ништо. Казнуваат обични луѓе кои во коментар на Фејсбук го навредиле пастирот од Муртино. И што очекуваш повеќе од таква покондурена сељачана, да ти дебатира за амандмани!? :icon_lol:

Им фали уште еден закон за цензурирање на интернет портали, и потоа може комотно пастирот од Муртино да го прогласиме за доживотен фирер на Северна Македонија, на кој и Ким Јонг-ун би подзавидел.
Да пробаат бе. Иначе вака ептем улогата им е прозрачна.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.495
Поени од реакции
18.518
Очигледно одат на картата театарска претстава. Ќе им обезбедиме пратеници па после ќе ги бркаме, и така ем сме одработиле дадената задача, ем чисти ем патриоти. Ама малку се тие што пијат нафта
Па се разбира, ти личи на тебе дека Мицковски има ниво на интелегенција на Љубе Бошковски? :)

Само има некој што тоа ќе го разберат без лубрикант, што би рекол @placeb
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Сметам дека едно јако блокирање на само на Скопје а и други градови, автопати и те како е начин да се постигне.
Тоа е едно што сметаш, друго е што се случува. 11 пензионери +2-3јца од страна плус уште некој кај шаторите, да стигне бројката 15. Има повеќе полицајци неголи протестанти. Така да, едно е што мислиш, друго е што е.
Она што треба да те замисли е какви (со исклучоци како г-динот Апасиев и уште неколкумина) типови се закачија за ова движење тајни служби, београдски шлајм, воени крила, платеници на сегашната власт итн итн. кои условно јас треба да ги послушам да не излезам да кажам -не, за да добијам за возврат што?. Сојуз со друга земја? Зошто, по која цена? Тоа не е неутралност, тоа е јамка на вратот.
Ако не си знаел, крају краева, што посакале западните сили, тоа добиле. Ништо нема да им ги расипе плановите кои тие ги планираат регионално најмалку 10-20 години однапред. Ако не овие, ќе беа оние кои ќе ги спроведеа тие планови. Дали мислиш дека овие 30 години нешто зависело од нас и "нашите" партии? Некој овде навистина си мисли дека Македонија може парламентарно да изгласа неутралност? Пфф, утопија. И што ќе добие со некојаси неутралност (али не неутралност со услови на оној Стоиљковиќ) вака мала економски, политички и институционално ништовна земја? па одвај ни функционираат институциите, 20 учки да влезат отиде пола град.
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Враќање на името... на „куково лето“. Отиде тоа. Се бараше само петоколонашот.. и еве, се најде.
Јасно е како бел ден тоа дека го најдоа петоколонаштот личност погодна која ќе ја изврши таа задача. За мене тоа е безспорно. Но требаше помош да се изврши таа задача, и затоа и опозицијата си доби исто таков прецедник, само што тој си мисли дека е незабележилив во таа улога. И ова веќе станува се по јасно и по јасно.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
..Дали мислиш дека овие 30 години нешто зависело од нас и "нашите" партии?.
Зависело од Амди Бајрам. Никој друг. :)[DOUBLEPOST=1540825749][/DOUBLEPOST]
Јасно е како бел ден тоа дека го најдоа петоколонаштот личност погодна која ќе ја изврши таа задача. За мене тоа е безспорно. Но требаше помош да се изврши таа задача, и затоа и опозицијата си доби исто таков прецедник, само што тој си мисли дека е незабележилив во таа улога. И ова веќе станува се по јасно и по јасно.
Па, шпекулациите се во ред, не знам, сите имаме сомнежи... но, има нешто што е сигурно и јавно.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Тоа е едно што сметаш, друго е што се случува. 11 пензионери +2-3јца од страна плус уште некој кај шаторите, да стигне бројката 15. Има повеќе полицајци неголи протестанти. Така да, едно е што мислиш, друго е што се случува. Она што треба да те замисли е какви (со исклучоци како г-динот Апасиев и уште неколкумина) типови се закачија за ова движење тајни служби, београдски шлајм, воени крила, платеници на сегашната власт итн итн. кои условно јас треба да ги послушам да не излезам да кажам -не, за да добијам за возврат што?. Сојуз со друга земја? Зошто, по која цена? Тоа не е неутралност, тоа е јамка на вратот.
Ако не си знаел, крају краева, што посакале западните сили, тоа добиле. Ништо нема да им ги расипе плановите кои тие ги планираат регионално најмалку 10-20 години однапред. Ако не овие, ќе беа оние кои ќе ги спроведеа тие планови. Дали мислиш дека овие 30 години нешто зависело од нас и "нашите" партии? Некој овде навистина си мисли дека Македонија може парламентарно да изгласа неутралност? Пфф, утопија. И што ќе добие со некојаси неутралност (али не неутралност со услови на оној Стоиљковиќ) вака мала економски, политички и институционално ништовна земја? па одвај ни функционираат институциите, 20 учки да влезат отиде пола град.
Еве пак ќе ти пишам не се врзувам за личности а за идеи. Дали тие типови се закачиле или не знам што, се виде на референдумот, разни меѓу кои и Апасиев(иначе и тој со неговото учество во шарената револуција која ја донесе оваа штеточина на власт никако не е невин, ама тоа е небитоно кога се има општа цел) секој на свој начин допринесе и резултатот е тој. Затоа и сега апелирам на истото без разлика на идеи и личности штом има заедничка цел да се дејствува. А таа цел е отфрлање на капитулацијата од преспа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Зависело од Амди Бајрам. Никој друг. .
ајде, гледам повеќето се млади, или арм служеле или не виделе војска па не го одживеале тоа. Ете ти си постар. Дали некое нешто зависело и се решило во Македонија? Атентатот, магацините со оружје, пирамидите, орлите, солунско поле, војната, бегалците, Кумановско, Диво Насеље, Смилковци...и стотици други мистерии. Што е и што е сторено во овие случаи?
Зошто бачевци од пријатели на нато се свртеа кон пријатели на Русија? Зошто Муртино наместо да ги реши ноторните проблеми дома кои се многу полесни за решавање, "решава" проблем кој е ебано заебан и за нас и воопшто геополитички? Што доби од антиквизацијата и русофилијата Македонија? Што му значеше тоа жолто комбе споменувано неколкупати??? Што доби овие 2 години од "решавање на името" ? Која е целта, стратегијата, каде плови Македонија?
Да се изразам безобразно или докторски што доби од овие наводни 2 опции? [DOUBLEPOST=1540826454][/DOUBLEPOST]
Апасиев(иначе и тој со неговото учество во шарената револуција која ја донесе оваа штеточина на власт никако не е невин, ама тоа е небитоно кога се има општа цел) секој на свој начин допринесе и резултатот е тој. .
целта беше веќе подивените да се симнат од власт. Тоа што отпосле се случува сигурно не е негова вина.
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Банана држава гледаш шо се случува, кој има пари на банка да ви вади оти готово...

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom