Елена Вапцарова:
Кога за прв пат влегов во широката сала, погледот ми го побара мојот син. И јас го видов. Рацете му беа заклучени со белезици, но лицето му беше спокојно и чисто. Штом ме виде, по него се разлеа онаа топла несмевка, која му беше присутна само нему. Веројатно од очите ми потекоа солзи и тие солзи го огорчија, затоа што тој ги крена рацете горе заклучени во белезиции така ми даде да разберам дека му е непријатно да плачам..........
Го видов исправен и горд како зема збор и се мачи да ја преземе и тука вината на сите врз себе:
- Ако сум направил нешто против
вашите закони
, сум го сторил тоа само јас, другарите мое не знаеле што правам- мислеле дека ми вршеле услуга само мене!
Што ли му одговорија судиите - не паметам.....
Никола го остави шеговитиот тон, со кој сакаше да ме успокои, и сосема сериозно ми рече:
- Не треба, мамо, не бива да плачеш....
- Како сакаш ти од мене, Николо, таква надчовечка сила, да гледам дека мојот љубен син оди на растрели јас да не плачам?
- Не бива скапа мајко кралице, ти си родила борец,
а крајот на борецот е или слобода или смрт. Житното зрно додека не се зарие во земјата не дава плод. Ти самата ќе видиш како од мојата смрт ќе се родат илјада борци за правдата....
Јас ги апев до крв усните и се мачев да го задржам липањето, што ми извираше оф градите. Никола ме гледаше нежно, внимателно и ми шепнеше:
- Не бива да плачеш, но ако е потребно и ти ќе умреш за таа идеја.
Потоа тој се обрма кон Бојка и со нему топла својствена нежност рече:
- Јас сакам ти да станеш архитект, за идните дворци што ќе се градат за децата.
Потоа ги одведоа кон стрелиштето.
Кога попот им го поднел распетието на осудените, мрморејќи ја својата молитва, Никола му рекол:
- Јас не верувам во никаков бог, но за времето, дури ќе ми читате, дозволете ми да испеам една песна. - Џелатот се приблиѓил да му ги врзе очите, но тој ја растресол главата:
- Јас не се плашам од смртта - ќе ја пресретнам со отворени очи. И запеал, така запеал, како што пеел осудениот од неговата ,,Песна за животот,,. Запеал не друго а оној незаборавен куплет од песната на Ботев:
Тој што во бој за слобода гине,
нема да умре: за него се е
в жал - земја, небо, и ѕверовине,
и поетот песни за него пее.
Ја потфатиле и други песната. И во тој момент тунелот екнал од грмежите.
Не издржале џелатите - побрзале да ги ликвидираат поскоро пламените борци, кои ништо не можеше да ги исплаши..."
Не ништо на одмет да се знаат овие поединости што ги изнесува херојската мајка за својот херојски син.
Не делат веќе 70 години од од тој, непријатен за сеќавање ден 24 јули 1942 година, од оној зловес и кобен плотун на дисциплираните, студени цефки, кога разулавената фашистичка џган на царборисовата Бугарија стори еден од своите најтешки злочини, убивајќи го големиот поет, комунист, Македонец и заљубеник на човештвото - Никола Јонков Вапцаров
Не на одмет ако уште еднаш подвлечеме:
МАКЕДОНИЈА ГИ РОДИ.
Жално...