Фан Клуб: Вардар

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Не беше лошо судењето, не заебавај сега и ти :D

Ситуацијата со голот не беше толку драстично оштетување, со оглед на тоа што беше чисто судиско убедување. Па, ниту од снимкине од ФФМ не можеме убаво да процениме дали топката ја минала линијата или не. ВАР и гол техонологија немаме, така што никогаш нема да дознаеме дали Шкендија дала фантомски гол или не. Гача заслужи чист црвен за бунењето, а имаше и основа натпреварот да биде прекинат во неколку наврати. Да сакаа да не оштетат, уште при првото изведување на корнер кога полетаа сто работи кон Ибраими, можеше да наредат празнење на трибина или да ја прекинат.

Реалноста е дека играчите не заслужуваат ваква неизвесност која владее во клубот.
Клубот две недели не успева да реши ебан проблем со работни дозволи. Те дупи државата, намерно не ти дава? Излези на телевизија, навивачите сигурно ќе застанат позади тебе. Одеднаш го снемува и Јуфо.
Клубот останува без двајца играчи во оној дел од теренот на кои сме најтенки со квалитетот и во дерби дуел влегува ротира четворица младинци во составот. Напаѓаме титула со играч кој прв пат добива минутажа во првенство (Ибиши), крпиме со бекови на неприродни позиции итн.
Разликата меѓу нив и нас беше завршницата на Ибраими. Види каков гол ни стегна, нешто што кај нас може да го направи само Тигран. Момците се бореа колку што можеа, но надвладеа нивниот квалитет во нападот. Го имаме Матеј кој со една иста финта пробува да си дрибла, мислиш во маало игра фудбал. Сите топки ги загуби. Попзлатанов влегува и делува уште поочајно. Единствено Ибиши ме изненади со перформансот и би сакал да го гледаме почесто во иднина. Корпулентен е и брз, може да го биде. И покрај се', се осколивме во вториот дел и изгледавме како да можеме да израмниме. Реално Вардар шансата ја бараше по прекини, особено при корнерите. Малку недостасуваше да дојдеме до 1-1 и да го приведеме мечот кон крајот. Шкендија се затвори и не чекаше на контри. Ако стегневме гол, немаше шанси да не добијат.
Ни они не беа нешто посебно, но во напад играат многу лесно, знаат што сакаат и имаат убиствен стрелец. Моравме барем Шиле да го задржиме во составот, а не да се оставиме во ситуација да немаме крила, а истовремено сите напаѓачи ни се такви што имаат потреба од нафрлени топки...
Но, факт е дека Вардар во сезонава влезе со крпен состав, без некоја јасна стратегија и тоа што го вади Тетовче од тимот е извонредно...
Никој, ама никој не може да ме убеди дека Вардар имаше друга тактичка опција за утакмицава. Некомплетен состав уште од почетокот на сезоната а сега и те десеткуваат со дозволите. Сакал или не со таква клупа тоа беше чарето, да издржиш 0-0 до полувреме и да ги штедиш играчите а во второ да пробаш да ја решиш со истите тие 11 играчи (без измени).

И сега ти сакаш да кажеш дека како демек тоа можеби беше гол? Абе ни приближно не беше гол. Како прво Гачевски не ја туркаше топката туку ја одбрани и тоа беше тоа. Да беше некаде повнатре па он панично да ја вади па да речеш сомнително ама топката ни 40% не беше преку линијата.

Ај сега да ти кажам што не чинеше со судијата.

1) Голот.
2) Види во која минута е постигнат голот (продолжението беше 4 минути да те потсетам).
3) Три пати без осет сечеше акции на Вардар за ситен фаул на средина а можеше контра да се развие ако пушти предност.
4) Во второ пробуваше да компензира одлуки.

Кој што сака нека каже ама мене се ова ми мириса на политички реваншизам преку Вардар.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Искрено така и делува Вардар има притисок од сите страни, наместо да се помогне на клубот кога му е тешко, и од ФФМ и од државните инстиуци.
А замисли во холандската лига Фејнорд, ПСВ и Ајакс ќе донираат пари на сите тимови од целата лига за поквалитетно првенство.
За натпреварот можеше и да го прекине да направи поголема штета, поради скандирањата, но главниот судија Марјан Марковски у прв момент не досуди пенал, а досуди подоцна со консултации со помошникот Куштрим Лика(aлбанец од Кичево) кој патем не ни гледаше на право место во спорниот момент.

Покрај овој момент толку ни беа силите во натпреварот иако имаве шанса-две Шкендија имаше далеку повеќе, но важно е момците се бореа и напаѓаа до крај!
За судбината на клубот се наближува и декември но ете сеуште иднината е неизвесна.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.467
Поени од реакции
68.788

Моја прва реакција беше дека топката влезе во голот. Факт е дека ситуацијата е тешка за проценување, не заебавај сега и ти. Лесно е после на видео да се утврди дека топката веројатно не ја помина линијата со цел обем. Главниот судија се повика на одлуката на помошникот крај аут (аут, а не гол-аут) линијата, кој без размислување покажа погодок. Веројатно требаше да ја прекинат играта и да се консултираат. Ама, тој позади голот гледаше дали помошникот крева офсајд во моментот, главниот не виде убаво, а третиот беше многу убедлив кога се упати кон центарот на игралиштето. Голот е спорен, но тоа што не се согласувам со тебе е дека СО НАМЕРА да му се наштети на Вардар, била донесена таква одлука.
Што има врска во која минута е постигнат голот? Продолжението си беше заслужено, поради долготрајниот прекин на играта, бидејќи имаше националистичко скандирање.
Како што имал некои ситни одлуки на штета на Вардар, имаше и на штета на Шкендија, но ниту една од нив не влијаеше ниту на играта, ниту на резултатот. Пример, мене ми остана во сеќавање дека некаде на 15 минути до крајот, наш играч ја мавна топката со глава (апла се виде), а овие досудија корнер. Ако се фаќаме така за секоја одлука, ќе бидеме бетер од Балистине кои бараа два пенали на првиот натпревар.

Да се надоврзам и на @Боромире. Со Дим4е го правевме муабетот и пред натпреварот, дека ако државата сака да ја среди таа ситуација со работните дозволи, веднаш би можела да помогне. Но, во прв момент ние сме виновни што играчите не земаат плата и што ни се случуваат вакви проблеми. Ние сме виновни што не сме плаќале за користење на Градски. Настрана муабетите за тоа што Вардар е симбол на македонскиот фудбал и веројатно државата треба да ја има предвид ситуацијата во клубот и да ни опрости таков долг. Но, да не бидеме пристрасни, проблемот е прво кај нас, а потоа може да се лутиме што државата не ни дава некои поволни услови. Веројатно се вртат некои игри на превземање на клубот, кој ќе ќари од исплата на долгови, нови сопственици што сакаат клуб без долг итн. Сепак, не може да се каже дека државата присилно му го прави ова на нашиот клуб, едноставно ја користат ситуацијата за да превземат правни мерки за работи на кои вообичаено не би помислиле, како што многу пати им простувале на други клубови, секако во ситуација кога сакале да простат :)

Да речеме ти ми позајмуваш средства за некој бизнис. Некое време не ти ги враќам средствата, ама тебе ти е океј, бидејќи надоместуваме на некој поинаков начин или пак немаш потреба од тие пари. Доаѓа момент кога нешто не ти се допаѓа во моето работење и место да ме масакрираш од позиција на моќ, ми викаш правно ти барам да ми го вратиш заостанатиот долг. Е Вардар се наоѓа во ваква ситуација во моментов :D Власта дефинитивно притиска во клубот, но целта според мене не е растурање на клубот или давање на титулата на Шкендија, туку превземање на истиот и цицање на средства (парични или имотни) од претходниот соспственик.
 
Член од
8 август 2013
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.371
Искрено така и делува Вардар има притисок од сите страни, наместо да се помогне на клубот кога му е тешко, и од ФФМ и од државните инстиуци.
А замисли во холандската лига Фејнорд, ПСВ и Ајакс ќе донираат пари на сите тимови од целата лига за поквалитетно првенство.
За натпреварот можеше и да го прекине да направи поголема штета, поради скандирањата, но главниот судија Марјан Марковски у прв момент не досуди пенал, а досуди подоцна со консултации со помошникот Куштрим Лика(aлбанец од Кичево) кој патем не ни гледаше на право место во спорниот момент.

Покрај овој момент толку ни беа силите во натпреварот иако имаве шанса-две Шкендија имаше далеку повеќе, но важно е момците се бореа и напаѓаа до крај!
За судбината на клубот се наближува и декември но ете сеуште иднината е неизвесна.
A sto da kazame nie sto cell zivot sudiite ni se Makedonci ?
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Друже го пишав тоа затоа што имаше изјава од Гачевски дека судијата навивал за Шкендија, и бил албанец од Кичево.
Не ги декам луѓето по националност, а грешки судиски ќе има секогаш посебно кај нас.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.992
Поени од реакции
17.880
Treba da ti baram nekoj post ama veruem ne mozam da najdam, sto go nemash spomenato Albania, Kosovo, Shiponite, Albanec. Ako forumov gi ima restricted ovie zborovi veruem ti treba da go zatvorish profilot !
Епа убаво те прашувам бе кој сакаш да ви суди.
Како може на албанска екипа да и суди Албанец.Еве видовме вчера што се случи.
Инаку како да не ви реплицирам кога само глупости пишувате.Пред некое време баш ти пишуваше дека Читу Гули бил Албанец.Како да не ти реплицирам на таква глупост.[DOUBLEPOST=1540225137][/DOUBLEPOST]
Не беше лошо судењето, не заебавај сега и ти :D

Ситуацијата со голот не беше толку драстично оштетување, со оглед на тоа што беше чисто судиско убедување. Па, ниту од снимкине од ФФМ не можеме убаво да процениме дали топката ја минала линијата или не. ВАР и гол техонологија немаме, така што никогаш нема да дознаеме дали Шкендија дала фантомски гол или не. Гача заслужи чист црвен за бунењето, а имаше и основа натпреварот да биде прекинат во неколку наврати. Да сакаа да не оштетат, уште при првото изведување на корнер кога полетаа сто работи кон Ибраими, можеше да наредат празнење на трибина или да ја прекинат.

Реалноста е дека играчите не заслужуваат ваква неизвесност која владее во клубот.
Клубот две недели не успева да реши ебан проблем со работни дозволи. Те дупи државата, намерно не ти дава? Излези на телевизија, навивачите сигурно ќе застанат позади тебе. Одеднаш го снемува и Јуфо.
Клубот останува без двајца играчи во оној дел од теренот на кои сме најтенки со квалитетот и во дерби дуел влегува ротира четворица младинци во составот. Напаѓаме титула со играч кој прв пат добива минутажа во првенство (Ибиши), крпиме со бекови на неприродни позиции итн.
Разликата меѓу нив и нас беше завршницата на Ибраими. Види каков гол ни стегна, нешто што кај нас може да го направи само Тигран. Момците се бореа колку што можеа, но надвладеа нивниот квалитет во нападот. Го имаме Матеј кој со една иста финта пробува да си дрибла, мислиш во маало игра фудбал. Сите топки ги загуби. Попзлатанов влегува и делува уште поочајно. Единствено Ибиши ме изненади со перформансот и би сакал да го гледаме почесто во иднина. Корпулентен е и брз, може да го биде. И покрај се', се осколивме во вториот дел и изгледавме како да можеме да израмниме. Реално Вардар шансата ја бараше по прекини, особено при корнерите. Малку недостасуваше да дојдеме до 1-1 и да го приведеме мечот кон крајот. Шкендија се затвори и не чекаше на контри. Ако стегневме гол, немаше шанси да не добијат.
Ни они не беа нешто посебно, но во напад играат многу лесно, знаат што сакаат и имаат убиствен стрелец. Моравме барем Шиле да го задржиме во составот, а не да се оставиме во ситуација да немаме крила, а истовремено сите напаѓачи ни се такви што имаат потреба од нафрлени топки...
Но, факт е дека Вардар во сезонава влезе со крпен состав, без некоја јасна стратегија и тоа што го вади Тетовче од тимот е извонредно...[DOUBLEPOST=1540202870][/DOUBLEPOST]EDIT: Сега гледам дека овој Џемал Ибиши имал само 17 години :eek:
Доста висок и корпулентен за негова возраст. На два пати ги излета дефанзивците на Шкендија. Плус поседува добра брзина. Треба да му дадат шанса во иднина. Ме чуди што Али Адем (сеоски Фелаини) воопшто не добива шанса...
Зошто и Адем и Ибиши во првата прилика ќе го направат потегот на Вислар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.467
Поени од реакции
68.788
Зошто и Адем и Ибиши во првата прилика ќе го направат потегот на Вислар.
Друже, Муслиу си отиде за пари, исто како што тоа го направиле и еден куп македонци во минатото кои преминале во градските ривали (посебно е карактеристично во периодот кога Работнички го имаше Трифун како спонзор и ни ги украде пола играчи).
Муслиу ниту е дете на Вардар, ниту пак Вардар му должи нешто, а да не зборуваме колкава е вината на нашата управа при тој случај.

Играчите играат за пари, да им понуди Шкендија подобри договори, сите има да фатат кидавела, без разлика на националноста. Може Гача или Попов да останат, другите не би се двоумеле.

Од малкуте настапи на Ибиши и Адем се забележува дека имаат некаков талент и нема никаква причина зошто да не им се даде шанса, а најмалку да се повикуваме на случајот со Муслиу.
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780

Среќа само случајот со Муслиуе е, па да не се повикуваме,сите такви треба да се ишамараат,како што јадат шамари у Слога и Тетово македонци.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.992
Поени од реакции
17.880
Инаку Гачата денеска го видов во Штип уште му стои истиот изглед на лицето од вчера :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.467
Поени од реакции
68.788
Среќа само случајот со Муслиуе е, па да не се повикуваме,сите такви треба да се ишамараат,како што јадат шамари у Слога и Тетово македонци.
Наброј ми ги баш, да видам кои се тие што го напуштиле Вардар само затоа што се Албанци или пак Македонците што биле шамарани во Слога или Шкендија, само заради националноста? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom