Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.095
Поени од реакции
74.900
Додека играше Душебаев имаа поголема разновидност на бековска линија и тоа повеќе ни одговараше. Кога доби црвен, баш се плашев дека цели напади ќе им се сведат на индивидуалните потези на Циндриќ. Чудо како Талант не тргна со таква тактика уште во моментот кога Вуко доби црвен. Едноставно без Борозан и без Мораеш во одбрана, немавме никаква шанса денес.
Останавме без класичен бек, со пикер кој нема поим од играње нпад и приповреден Столе кој доби смешно второ исклучување уште во прво полувреме.
Милосављев искина на зицери, но не беше доволно.
Во моментот кога го загубивме мечот имавме навистина смешно судење. Двојни аршини, недосудени пенали, па како за беља промашивме и пенал за -1. Плус десните бекови беа од мртви помртви. Криштопанс со млаки удари, влезе Киселев за две минути беше крив за две изгубени топки.
На крај добро е што си заминуваме само со четири гола разлика, можеме веројатно да ги надополниме во Скопје. Тоа гадот Јурецки заслужува пеколен пречек како и секогаш.

Борозан со непромислен потег исто така.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Едно е потпоувањето а друго судењето на двајцава, незнам како некој луѓе имаат толкава "среќа" па судии да бидат, грдни пари земаат за вакви бламажи. Од вакви работи не ми се гледа ракометот, значи напад на Вардар се прави пробивање, истиот напад уште поочигледно пробивање судииве неми, и зашо уопште играш па влези му со боксови нокаутирај го и излези си, кој курац. Го исклучува душебаев и после тоа прават еден тон ''грешки'' контра Вардар. Да не беше на ниво Вардар али ова е се само не спорт.
 
Член од
5 април 2015
Мислења
517
Поени од реакции
5.062
Во главно, на добар пат е Вардар. Жарот, умот, пркосот што го покажуват им гарантира добра игра за понатаму.
Но, потребна е подобра подготовка на некои играчи кои очигледно не знаат како да ги искористат сопствените предиспозиции. Мислам дека и Парондо е свесен за ова.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Незнам зашо се дебатира уопште кога во овој спорт секогаш одлучуваат судиите кога играат два состави слични по квалитет. Единствен меч што ми останал онака у сеќавање кога судиите направиле за да еден тим победи а пак било џабе е европското во Данска или каде и да беше кога Францзуите ги прегазија со 4 во поле во поголемиот дел од мечот ми се чини и дебакл беше тоа за Данска. Се останато ма играј ти колку сакаш за нив ќе суди се си свашта за тебе ништо и чао амиго.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Во главно, на добар пат е Вардар. Жарот, умот, пркосот што го покажуват им гарантира добра игра за понатаму.
Но, потребна е подобра подготовка на некои играчи кои очигледно не знаат како да ги искористат сопствените предиспозиции. Мислам дека и Парондо е свесен за ова.
Треба и Црвенковска малце да си ја сфати посериозно :icon_lol:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Очекував да изгубиме денеска, особено кога Вуко си го доби црвениот. Само прашање на време беше кога ќе ни се удри од глава кратката клупа, Фереира недостигаше ужасно многу. Киелце традиционално си игра најмотивирано на свет против Вардар, не за џабе ги немаме никогаш победено на нивни терен. Јас се надевав дека лудите ротирања и комбинации на Талант ќе ни донесат предност на нас, но не беше баш така. Катастрофална игра во одбрана, премногу непотребна нервоза во моменти кога фаќавме каков-таков резултатски притисок и како капак на се беа судиските одлуки. Потегот на Алекс ме извади од кожа максимално, многу курназење без никаква потреба против поранешен соиграч со кого игрше неколку сезони и против клубот кој го етаблираше на меѓународната сцена. Нека му служи на честа. Циндриќ ни го зема здравјето.

Тоа е што е, одиме понатаму, добро е што првиот пораз дојде на гостински терен. Вторник против Загреб, мала пауза за репрезентативни обврски, па мошне незгодниот Мешков доаѓа во Јане.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Циндрич е меѓу топ 5 таленти што воопшто се имаат појавено во ракометов.
Значи не зборам за физички ѕверови ко Карабатич, него за талент.
Страшно е какви потези прави во офанзива, премногу паметен играч, да не претерувам дека е наследник на Балич, зошто Ивано е неповторлив, ама секоја чест.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
Хорхе си дроби во Сегед, 4-5 по утакмица, а дели минутажа со 2ца други. Можда единствената грешка на Раул е ангажманот и форсирањето на Криштопанс. Не игра апсолутно никаква улога ни во напад, ниту пак во одбрана.

Со оглед на кратката клупа моменталнава позиција на табелата е одличен успех. Педерска победа на Кјелце, а Јурецки најгадно копиле во ракометов заедно со Пекелер

Sent from my SM-G800F using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Хорхе сакаше да е поблиску до неговата, папучар си е малце, дека Криштопанс е дрвце, е но одењето на Хорхе немаше никаква поврзаност со Криштопанс.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Криштопанс не игра никаква улога во одбрана? Дајте луѓе малце поозбилно, 3-ка игра во одбрана, страшно одговорна позиција во ракометот, па не за џабе до мечов со Киелце ја имавме најдобрата одбрана во групата. Заслугата е негова и на Калараш, они двајца го држат најбитниот дел од одбраната. Проблемот е што луѓето и тука, а гледам и на социјални мрежи имаат преголеми очекувања кога станува збор за него. Што мислите, колку е изводливо да најдеш леворак бек кој е способен да одигра 60 минути и во напад и во одбрана и во исто време да дава по 3 голови во просек на секоја утакмица од Лигата на Шампионите? Тешко е многу, не се наоѓаат такви играчи туку-така. Ретки се, скапи и оние кои навистина вредат е тешко да ги кандисаш да дојдат тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom