Крај на Европската цивилизација....

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Ја кога би правел вакви споредби за да цитирам некого, прво би прочитал што значат тие поими, нивното внатрешно уредување, уставите и слично. Југославија беше држава, не сојуз на држави, со федеративно уредување... итн итн. На крај краева реков, секој сојуз, па и секоја држава се вештачки, раководени од економски и безбедносни интереси.

Што не ми е јасно зашто толку потенцирање (од некои овде и радости) за распад на еден огромен сојуз на држави, од каде имаме најголема корист, и демографски и економски.
Оно и Сојуз на синдикати кат тад ќе се распадне.
Ги кажав причините поради кои сериот за распадот на ЕУ би ми бил онака ќејф на душата.... ама тоа нема врска со темата....
Темата е како Европската цивилизација е сменета, и не личи на онаа поствоена западна Европа од златните времиња на студената војна... Ако не си бил тогаш... онда прочитај каква била тогаш, па спореди каква е сега... Европа не е иста од пред 10 години, а да не збориме за 30....[DOUBLEPOST=1539206880][/DOUBLEPOST]
A konfederacija ?
P.s mi e maka da baram na wiki :)
најблиску нешто до конфедерација е ЕУ колку што знам јас... ама глуп сум јас и неначитан, не ме слушај мене..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ги кажав причините поради кои сериот за распадот на ЕУ би ми бил онака ќејф на душата.....
од кејф да се хаосираат држави каде највише извезуваме роба и работна сила. Ова се мазохистички желби, само затоа што некои наши претци ја нарекле проститутка...и повторно идат кај неа за услуги.
ама глуп сум јас и неначитан, не ме слушај мене..
ставаш знак еднаквост на сојузи на држави со договор со различни устави и на федерална држава со еден устав, со различни содржини. во ред, помлад, веројатно поинформиран.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
од кејф да се хаосираат држави каде највише извезуваме роба и работна сила? Ова се мазохистички желби.
експлоатација е вистинскиот збор..

ставаш знак еднаквост на сојузи на држави со договор со различни устави и на федерална држава со еден устав, со различни содржини. во ред, помлад, веројатно поинформиран.
Југославија е федерален сојуз на унитарни држави сите со сопствен устав и плус нели федерален устав....
Европска унија е дефакто конфедерација, на која од оснивачкиот акт од Шуман се гледа дека унијата ќе се стреми кон федерација... Мислам дека Брегзитот на кратки стази го зацрвсти овој став во Унијата од причина што Британија беше противник на федерализација...

Инаку во право си кога викаш дека ЕУ и СФРЈ се различни ентитети, меѓутоа и двете се дефакто сојузи на држави, едната е конфедерација (мислам дека и е единствена конфедерација во светот), а другата е федерација ... Разликата е во тоа што меѓународно, федерацијата е претставена како една држава, но тоа не значи дека внатре не е унија од држави со посебни устави и не ретко посебни кривични и прекршочни закони (како во САД на пример). Слично ти е и Германија и САД, тоа се федерални унии од држави...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
експлоатација е вистинскиот збор..
...
??? ќе јадевте корења овде, Македонија без нивни амин немаше ни да се осамостои. Со прст да мрднеа, ќе граничевме кај Росоман под којзнае кое име. ЈНА се исплаши од Македонската милиција во Аеродром па се договориле Аџич Глигоров или некој ги украл документите за регрутација. Затоа најголем дел документи сеуште се државна тајна. Како одеднаш се појавија икс ликови, како тоа бивши удбаши кои дрмаа во ЈУ дојдоа на чело на Македонија и кој во суштина нас не заштити, никој реално не знае, јавно. Ама ако во "тоа судбоносно да" и "нашето осамостојување" ги занемаруваш големите сили, грешиш.
За експлоатацијата, секој секого експлоатира. Тебе државата со сите нејзини државни и локални институции и функционери те отепале од експлоатација ама не верувам дека некогаш си рекол, да ја снема оваа Македонија, курва од држава. Додека "ние" се ситиме на падот на ЕУ и го величиме Путињ, другите држави си изградија системи, одат напред. Од 1995 наваму. 20 години "ги усвојуваме" правилата на унијата. Затоа еден вели ние не сме за држава.
Југославија е федерален сојуз на унитарни држави сите со сопствен устав и плус нели федерален устав....
се мајтапиш. Ако најдеш ваква реченица во тој Устав од 1974, ископирај ја овде. Нигде немаше поим унитарна држава. Сојуз на држави со разни политички уредувања и држава со конкретно политичко уредување, на 28 различни устави со устав на една држава, со републики во сосем друг контекст уредени и политички и економски, федерација и конфедерација... Дури ни уставите на СРМ и РМ не моеш да кажеш дека се исти, дека "се иста држава". Не се. Не знам зашто мислиш дека е едно те исто.
Ти ако вака одиш во логика, и било која држава е сојуз на граѓани. И било која фирма, со статут како устав и правилници како закони. Истите може да се распаднат како Југославија. Тоа е веќе банализирање на работите.
И Персија се распаднала. И Советски Сојуз и Австроунгарија и ред други сојузи и држави. Не моеш да имаш еволуција на човекот без еволуција на државите и општествата.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
@Lurtz не е темата тоа, но ете желба ми е да научиш нешто за тебе ново.

Ова се првите три члена на уставот од 1974..

Član 1. Socijalistička Federativna Republika Jugoslavija je savezna država kao državna zajednica dobrovoljno ujedinjenih naroda i njihovih socijalističkih republika, kao i socijalističkih autonomnih pokrajina Vojvodine i Kosova koje su u sastavu Socijalističke Republike Srbije, zasnovana na vlasti i samoupravljanju radničke klase i svih radnih ljudi, i socijalistička samoupravna demokratska zajednica radnih ljudi i građana i ravnopravnih naroda i narodnosti.

Član 2. Socijalističku Federativnu Republiku Jugoslaviju sačinjavaju Socijalistička Republika Bosna i Hercegovina, Socijalistička Republika Makedonija, Socijalistička Republika Slovenija, Socijalistička Republika Srbija, kao i Socijalistička Autonomna Pokrajina Vojvodina i Socijalistička Autonomna Pokrajina Kosovo koje su u sastavu Socijalističke Republike Srbije, Socijalistička Republika Hrvatska i Socijalistička Republika Crna Gora.

Član 3. Socijalistička republika je država zasnovana na suverenosti naroda i na vlasti i samoupravljanju radničke klase i svih radnih ljudi, i socijalistička samoupravna demokratska zajednica radnih ljudi i građana i ravnopravnih naroda i narodnosti.

-----------------------------------------
Ова е уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1974...
Член 1
Социјалистичка Република Македонија е национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа, заснована врз сувереноста на народот и врз власта и самоуправувањето на работничката класа, и на сите работни луѓе, и социјалистичка самоуправна демократска заедница на работните луѓе и граѓаните, на македонскиот народ и рамноправните со него албанска и турска народност.

Социјалистичка Република Македонија е во состав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
-----------------------------------------------------
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
но ете желба ми е да научиш нешто за тебе ново.

Ова се првите три члена на уставот од 1974..
не знам каде во муабетов е "федерален сојуз на унитарни држави сите со сопствен устав и плус нели федерален устав...."? сојузна држава, заедница на 6 републики и 2 покраини. Банализираш дека едночудо сојузи, федерации и конфедерации се иста работа. Да ги барам разликите во уредувањето на сојузот и на ју-федерацијата не ми паѓа напамет, да трошам време.
Не можам да се борам со идеите и упорноста на човек кому му е кеф да се распаднат државите од унијата каде извезуваме над 75% и цел континент каде извезуваме околу 90% од робата и каде најголем дел последните 2-3 децении извезуваме работна сила. Да си посакуваш да ни се дораспадне економијата, а со тоа и државата, ради некој предок не е логички. Лудило е.
да научиш нешто за
која генерација си ти што све знаеш за југославија? во јна или ма?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
не знам каде во муабетов е "федерален сојуз на унитарни држави сите со сопствен устав и плус нели федерален устав...."? сојузна држава, заедница на 6 републики и 2 покраини. Банализираш дека едночудо сојузи, федерации и конфедерации се иста работа. Да ги барам разликите во уредувањето на сојузот и на ју-федерацијата не ми паѓа напамет, да трошам време.
Не можам да се борам со идеите и упорноста на човек кому му е кеф да се распаднат државите од унијата каде извезуваме над 75% и цел континент каде извезуваме околу 90% од робата и каде најголем дел последните 2-3 децении извезуваме работна сила. Да си посакуваш да ни се дораспадне економијата, а со тоа и државата, ради некој предок не е логички. Лудило е.
која генерација си ти што све знаеш за југославија? во јна или ма?
Ти реков, не е важно ова за темата, ниту за тоа дали јас сакам да се распадне ЕУ или НАТО.... Јас тука во ниеден момент не навивам, туку само констатирам, вклучително и за тоа дека СФРЈ е федеративен сојуз на 6 унитарни држави. Но тоа не е темата де, туку чисто од образовен карактер да дознаеш нешто повеќе.

Споредбата што ја дадов на почетокот, не беше да ја споредам СФРЈ и ЕУ... Туку одговор за твоето релативизирање на брегзитот.. Брегзитот е сериозен удар за Европската унија. Има шанса од све ова да излезе многу појака унијата него што беше предтоа, со оглед на суштинските разлики на Британскиот став наспроти ставот на остатокот на таа унија, олицетворени преку игнорирање на монетарната унија, Шенген зоната и така натака.... Но сакаш ти да признаеш или не ЕУ е во моментов во егзистенцијална криза поради брегзит ...
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
ЕУ е уникат, неможеш да најдеш зборови точно да го дефинираш, најмногу сличност гледам со халифатот на Ал Багдади или евентуално со Аушвиц.
Формално е сојуз, унија со формален тип конфедерација, но тоа е маска, позади на се крие брутален фашизам. Тотална пропаганда, насилство, геноцид, мислам дека во историјата на човештвото никој нема убиено повеќе народ, отколку ЕУ свој граѓани.
Тоа што ЕУ халифатот е во распад е факт, но не е случаен, а програмирано сценарио од архитектите на ЕУ, мислам дека ќе има доста крвава разврска, сепак тоа е предвидено во планот Калерги, до година две сами ќе се убедите.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Ако некој народ демографски намалува, после определен период ќе исчезне, си има поим демографска политика, секоја држава ја води по различен начин, сака да се намали населението, го прави пример Кина последните 20 години со политиката за едно дете, сака да се зголеми населението стимулира раѓање.
Во ЕУ е нешто трето, демографски пад и смена на своето население со друго, тоа не е од сега а од 50 години.
Нема никакво значење колку богато живеат, кога фашизмот ги прави јалови, сите тие феминем, геј и други идеологии се само методи за геноцид, резултатот е очигледен морално и интелектуално уништено општество, после некое време тотално ќе исчезнат како народи. Хитлер сето тоа го правел по свој начин, ЕУ прави слично но во поголеми размери и не спрема словените, евреите и циганите а кон своите народи. Како статистика неможам точно да најдам, но ако погледнеш колку мигранти добиле државјанство за последните 50 години, и заедно со нивните деца, сето тоа е за сметка на убиените /неродените/ ЕУ бебиња, по моја проценка е над 100 милиона.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Убиени и неродени бебиња да ти биле иста работа. И тоа не абортирани, туку незачнати, фиктивни бебиња.

Ова е сигурно во топ 3 најголеми глупости кои сум ги прочитал на Кајгана. Кога @Бачето лупа, удира јако.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Убиени и неродени бебиња да ти биле иста работа. И тоа не абортирани, туку незачнати, фиктивни бебиња.

Ова е сигурно во топ 3 најголеми глупости кои сум ги прочитал на Кајгана. Кога @Бачето лупа, удира јако.
И ООН се глупи спред тебе, па ставиле слични поими во својот устав пример економски и социјален геноцид.
Да речеме американците како откривачи на концентрациониот логор, работеле слично. После капитулацијата 50 милиона индијанци се собрани во логори ширум САД, договор државата да ги храни, но им ја намалуваат порцијата, за неколку години скоро сите умираат од глад и болести. САД и до ден денеска не признаваат дека направиле геноцид, па тоа случајно, немавме доволно храна, криза јебига...
Има политика дали еден геноцид да се признае или не, пример ерменскиот геноцид, после сто години некој решиле да го признаат, други не.
И за ЕУ е исто, после распадот цели институти ќе се занимаваат како можеа да го дозволат сето тоа, таа колективна хистерија, тој колективен стохломски синдром.
Пример ти си во некоја секта и ти пропагандираат самоубиство или те наведуваат да не правиш свој деца или максимум едно, сето тоа е кривично дело. Но ако сето тоа е прикажано и направено по друг начин, како што и е во ЕУ, определено време можеш да ги заблудиш своите граѓани, дека тоа е слобода, либерализам, демократија, но неможеш да ги лажеш вечно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Но ако сето тоа е прикажано и направено по друг начин, како што и е во ЕУ, определено време можеш да ги заблудиш своите граѓани, дека тоа е слобода, либерализам, демократија, но неможеш да ги лажеш вечно.
Јас сум загрижен за тебе, сериозно. Барај помош дури е со време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom