Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
WOW!!! 80.000 denari. Ovie od Hidroset kako da nemaat vrska so realnosta i vremeto vo koe ziveeme.
Istata e 900 eur pred povrat na DDV od Grcija.
https://www.skroutz.gr/s/346326/Fujitsu-ASYG14LUC.html
DA ne ste greska neso ...kakvi 80 000[DOUBLEPOST=1539062752][/DOUBLEPOST]
DA ne ste greska neso ...kakvi 80 000
https://klimi.mk/product.php?id=344[DOUBLEPOST=1539062800][/DOUBLEPOST]
За 80.000 денари се купуваат 2 x Хансол 3.5 kw, + две монтажи.

Многу поголема максимална снага, поголем комфор на греење, а верувам и потрошувачката ќе биде пониска (минимумот при греење кај Хансол е 120W), а има одлична модулација и висок COP.
https://klimi.mk/product.php?id=344
 
Цоп не е ист воопшто!

Има табели милијарда во темава.

На 0 степени истата клима:
Ќе влече 300w и ќе дава 1500w со COP5
Ќе влече 500w и ќе дава 2000w со COP4
Ќе влече 900w и ќе дава 2700w со COP3
Ќе влече 1300w и ќе дава 3250w со COP2.5

Вака функционира инвертер систем. Тоа е и поентата на модулацијата. Може и поопсежно да објасниме ама да не навлагаме.
Шо знам дали е ова вака
На конкретна температура компресорот има одреден цоп. Така да ако оваа има цоп 3.5 и дава 7 кв топлина значи троши 2кв струја. За да даде 4 кв топлина ќе потроши околу 1.33 кв струја, но не би требало на истата температура за да даде 4 кв топлина цопот да се крени на 4.1 и да потроши под 1 кв струја.
Ако е така хиперинвертерите кои на макс имаат 4.7 цоп на минимум ќе излезе дека произведуваат струја и ја враќаат во евн.
Јас барем така разбирам дека на фиксна надворешна температура цоп-от е ист само се менува неговата потрошувачка за да даде потребни киловати топлина. Инаку ќе испадни дека е најевтино за соба од 20 квадрати најисплатливо е да се купи клима од 24000 бту затоа што за да испорача топлина од 2кв колку што е потребно ќе има цоп 6
Хиперинвертерите за да постигнат ПРОСЕК 5.1 значи дека на ладното работат со 3.6цоп, ама во потопли денови на цоп7!
 
Дечки, малку помош, дали да одам со панелни радијатори или алуминиумски? Енрад, Мастер Б3 или Пекпан
 
Gree дава 10 години гаранција а сите останати кој 2 кој 3
Треба ова да значи дека Gree e топ? или нови се на пазарот па си се пробиваат луѓето.
Разгледувам опцци за греење и ладење за куќа во изградба и после толку мајстори, толку гуглање и толку нуркање ја појма немам шо да наместам за ладење и греење
дајте искуства кој како си поминал со GREE
 
Здраво,кои се најдобри инвертери за греење 25-30 квадрати и дали треба 3.5 или 5.5 кв.??
 
Gree дава 10 години гаранција а сите останати кој 2 кој 3
Треба ова да значи дека Gree e топ? или нови се на пазарот па си се пробиваат луѓето.
Разгледувам опцци за греење и ладење за куќа во изградба и после толку мајстори, толку гуглање и толку нуркање ја појма немам шо да наместам за ладење и греење
дајте искуства кој како си поминал со GREE

10 годишната гаранција на грее ке те чини околу 6-7,000 ден. и таа се добива со доплата, стандардната гаранција им е колку на другите.
 
Gree дава 10 години гаранција а сите останати кој 2 кој 3
Треба ова да значи дека Gree e топ? или нови се на пазарот па си се пробиваат луѓето.
Разгледувам опцци за греење и ладење за куќа во изградба и после толку мајстори, толку гуглање и толку нуркање ја појма немам шо да наместам за ладење и греење
дајте искуства кој како си поминал со GREE


Со годишна доплата од 800 ден.. за продолжување
 
тоа со гаранцијата само покажува несериозност. не е можно ти да провериш клима уред на лице место за 800денари да исчистиш и да продолжиш гаранција. и сето тоа секоја година. тоа ми е маркетинг трик за продавање клими. која е таа проверка или ти како корисник што би можел да и наштетиш на климата за да се расипе.
многу се пишуваат глупости на форумов. а најјако е со споредбиве од ракав, со табеливе бели од Норвешка и Шведска. Клима уред што чини 60000ден. е џабе пари за тие ќе си земел две кинески по 30000ден. абе муабетов е ко за на пазар.
 
Што е ова back-up heating capacity?
Тоа е нешто што не сакаме да го гледаме во нашите клими. Обичен греач со COP 1 за кога ќе згусти ситуацијата, а климата не е кадарна да ја испорача потребната топлина.
Capture.JPG
Ова е воедно прв документ за Haier Tundra каде се среќава оваа информација (ја нема во сервисното). Ако е вистина, Haier им се придружува на Vivax/Midea во нудење квази клими (клима + калорифер), што во најмала рака е многу бедно од нивна страна. Дефинитивно не би ги препорачал никому.

A IMA li opcija DA zemes standardna garancija ?
Има. :)
Престани да ја обновуваш гаранцијата после втората или третата година и да плаќаш по 800 ден.
Би било добро и другите фирми да нудат опција после истекот на стандардната гаранција од 2-3 год. да можеш да си доплаќаш до 10-тата год., ама за жал никој друг не нуди таква можност...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom