Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.468
Поени од реакции
84.882
РЕШЕТЕ ГО РУДНИКОТ НА СМРТТА ИЛИ НАРОДОТ ЌЕ ГО РЕШИ

(Јавно барање до Влада на Република Македонија и Собрание на Република Македонија)

Почитувани,

Ви се обраќаме како на две најважни институции, законодавна и извршна власт, кои ја носат најголемата одговорност за состојбата во државата. Нагласуваме дека не нѐ занимаат партиско-политички соодноси внатре во Собранието и во Владата, што е во духот и со нашата надполитичка и надпартиска определба. Се обраќаме на државни функционери , во клучни државни институции на системот, избрани, именувани и под заклетва да ја остваруваат својата основна и суштинска функција: да работат за добробит и во заштита на сите граѓани на Републиката, без оглед на политичка, верска, национална или каква било друга припадност.

Тргнувајќи од фактот дека вие кои ги раководите и учествувате во работата на овие две врвни институции (како и целокупната македонска јавност) сте доволно информирани за огромната егзистенцијална закана од рудникот Иловица-Штука за регионот, како и од неверојатниот број доделени рударски концесии само во Источна Македонија, овде нема да повторуваме факти за опасностите (тоа интензивно го правиме повеќе од година и половина), туку само ќе наброиме некои други аргументи во прилог на нашето Барање.

1. Премиерот сѐ уште не го исполни предизборното ветување дека рудници нема да има.

2. Премиерот не го исполни ни рокот што сам го даде (крајот на мај) за решавање на проблемот со рудникот/рудниците.

3. Владата и Собранието не ја почитуваат јасно изразената волја на граѓаните на референдумите одржани во септември 2017 во општините Босилово и Ново Село каде излезноста беше 32.56% и 39.51% соодветно и каде во двата случаи над 98% од граѓаните што гласаа беа против.

4. Владата и Собранието не ја почитуваат јасно изразената волја на граѓаните на Струмица и струмичко на големиот Протестен марш одржан на 16 јуни 2018, под мотото ДА ГО СОПРЕМЕ ПРЕД ДА НЀСОТРЕ!

5. Владејачката коалиција, заедно со опозицијата, во август оневозможија изгласување на предложените измени во Законот за металични и минерални суровини, кој веќе 11 месеци чека да биде усвоен од Собранието.

6. Концесионерот на рудникот Иловица-Штука ЕуромаксРисорсис веќе две години функционира надвор од законите, а нивните студии се полни со недоследности. Самиот Премиер истакна дека постојат најмалку три-четири правни основи за одземање на концесијата. Оваа компанија се однесува како никој ништо да не ѝ може: шири опасни дезинформации за наводната безопасност на рудникот, спроведува незаконски кампањи, агресивно злоупотребува хуманитарни и спортски настани и организации, злоупотребува деца, поткупува итн. Оваа компанија е извор на корупција по сите основи.

7. Непостапувањето по Член 53, 54, 55 и 56 од Законот за минерални суровини е само една од основите за кривична одговорност за сите оние кои дозволиле предвиден рок од 30 дена да се развлече на 2 години и никој да не одговара. Поединци од претходната и сегашната власт криминално го штитат концесионерот и притоа се прекршуваат сите меѓусебни договори, законите и Уставот на РМ. Ова не е владеење на правото, туку пример за коруптивна зделка која ги става под сомнеж сите кои не сакаат да ја решат во полза на граѓаните.

8. Наводните измени на технологијата за експлоатација воопшто не се во согласност со законите на Република Македонија и како такви се целосно надвор од утврдена процедура која треба да биде иста за сите. Подлогите за технички податоци се во целосна спротивност со веќе утврдени параметри од домашни и меѓународни институции. Ваквите криминални дејности се потенцијална општа опасност и можат да предизвикаат масовна катастрофа.

9. Локалните самоуправи на општините Босилово, Ново Село и Струмица во случајот со рудникот на смртта не ја остваруваат својата основна функција да се стават во заштита на граѓаните и да преземат активности во таа насока.

10. На националниот референдум одржан на 30 септември 2018, директно засегнатите општини Ново Село и Босилово имаа рекордно ниска излезност, најмногу поради неисполнувањето на ветувањето за сопирање на рудникот.

Сето ова укажува дека Владата и Собранието во овој случај не ја остваруваат својата основна функција да работат за добробит и во заштита на своите граѓани. Ние сме свесни дека проблемот со рудниците е наследен од претходната власт, за што силно сме ја критикувале, но новата власт презеде обврска пред граѓаните дека ќе го реши проблемот. Проблемот сѐ уште не е решен.

Поради сето ова, мислиме дека не постои доволно волја и храброст тој да се реши. Во меѓувреме, цело струмичко и Југоистокот се чувствуваат егзистенцијално загрозени од потенцијалниот рудник, кој доколку биде отворен од благородната Струмичка Котлина ќе направи економски, национално и културолошки деградирана и иселена пустелија. Граѓаните се премногу долго вознемирени од овие можности.

Затоа,

Ве информираме дека за нас последен рок во кој треба да го решите проблемот со рудникот на смртта е 16.10.2018 година (вторник), кога треба да има редовна седница на Владата. Силно препорачуваме Владата да ѝ ја одземе концесијата на компанијата Еуромакс Рисорсис, а Собранието да ги усвои измените на Законот металични и минерални суровини.

Повеќе не прифаќаме никакви одложувања или оправдувања. Не прифаќаат ниту граѓаните, кои од нас бараат акции за сопирање на рудникот.

Доколку не се усвои нашето Барање, зад кое, уверени сме, стои огромното мнозинство граѓани во државата, ќе сметаме дека Владата и Собранието НЕ САКААТ да го решат проблемот. Тоа би значело дека државата не сака или не може да ги заштити своите граѓаните од потенцијално загрозување на имотот и животите. Изјавуваме дека во тој случај ќе го повикаме народот сам да се заштити и сам да го реши проблемот. Имаме и кредибилитет и морално, уставно, законско, цивилизациско, егзистенцијално и секакво друго право на тоа, вклучително и LexNaturalis.

За тоа каков на кој начин и кога ќе го направиме тоа, граѓаните ќе бидат известени по истекот на овој рок.

ЗДРАВА КОТЛИНА -Струмица
ЕКО ДОЛИНА- Ново Село
(Граѓанска иницијатива „СПАС за Струмичка котлина – СТОП за рудникот на смртта“)
Струмица, 08. 10. 2018
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
На страна тоа, него филмов не измислува ништо. Не контам зашто тие пички толку се узбудија коа стварно такви срања се дешаваа. Е сега, постои шанса да има нешто у филмот што ја не знам. Не сум го глеал и генерално не гледам неамерикански филмови.
Ако Берик, надежта последна умира, кога ќе го гледаш гарант ќе најдеш нешто...
 
B

Bafra

Гостин
Како приватник, јас сум целосно на негова страна. Убаво си кажал, шо К на администрација да им зголемуваме кога се неефикасни. (y)

Уште да почнат со бркање од администрација (без замени со нивни), топ.

Оваа информација има позитивен ефект :P
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Како приватник, јас сум целосно на негова страна. Убаво си кажал, шо К на администрација да им зголемуваме кога се неефикасни. (y)

Уште да почнат со бркање од администрација (без замени со нивни), топ.

Оваа информација има позитивен ефект :P
ете што ти се вика робовладетел...
 
B

Bafra

Гостин
ете што ти се вика робовладетел...
Робовладетелот на своите службеници, (во случајов е администрација) секогаш се грижи да им е удобно, за да може да ги ебава робовите (во случајов сите останати).
Ај сеа продолжи со хуманоста ...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Робовладетелот на своите службеници, (во случајов е администрација) секогаш се грижи да им е удобно, за да може да ги ебава робовите (во случајов сите останати).
Ај сеа продолжи со хуманоста ...
Што се љутиш бе сеа бафра... Рековме во цивилизацијава или си роб или си робовладетел... Тоа не може да се промени, си искористил можност и тоа е, не е до хуманоста, само констатација е...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Зоран Заев истакна дека и платите во администрацијата нема да растат затоа што администрацијата била слаба.

Tо Зоки! :cool::cool::cool:
 
B

Bafra

Гостин
Што се љутиш бе сеа бафра... Рековме во цивилизацијава или си роб или си робовладетел... Тоа не може да се промени, си искористил можност и тоа е, не е до хуманоста, само констатација е...
Не се љутам, туку погрешна ти е констатацијата. Ти укажав каде згреши. Доколку Зајко е тоа шо велиш (не дека нешто се разликува) конкретно за случајов, на своите службеници им крати привилегии, кои и така не ги заслужуваат.
Доколку нив им зголемеше, а на приватен сектор воведеше прогресивен (ваљда ќе го воведат 2020) тогаш ќе беше точно твоето тврдење.

А тоа дека си или - или, твое сфаќање, ама да прашаш робови дали можеле како тебе да просперираат, во најмала рака ќе ти речеа да си подразмислиш малку.

Цел свет си го прошетал, фамилијата си ја стокмил и се жалиш :neetaka:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Не се љутам, туку погрешна ти е констатацијата. Ти укажав каде згреши. Доколку Зајко е тоа шо велиш (не дека нешто се разликува) конкретно за случајов, на своите службеници им крати привилегии, кои и така не ги заслужуваат.
Доколку нив им зголемеше, а на приватен сектор воведеше прогресивен (ваљда ќе го воведат 2020) тогаш ќе беше точно твоето тврдење.

А тоа дека си или - или, твое сфаќање, ама да прашаш робови дали можеле како тебе да просперираат, во најмала рака ќе ти речеа да си подразмислиш малку.

Цел свет си го прошетал, фамилијата си ја стокмил и се жалиш :neetaka:
ууу скраја да е, не се жалам јас за мене .... само знаеш дека ми е тешко кога гледам сиромаштија...

А тоа за просперитетот, усповите се промениле, гледиштата се промениле, ама генерално во 95% случаи е исто, дете на робови ќе биде роб....
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Хаха не останаа пари пошо мора да се делат грантови на сопствените фирми медиумските поддржувачи и НГО секторот. Каква пропаганда има, и какви малоумни се покажаа македонциве, уште ќе речат па добро тоа е за наше добро. Само така Зоки, цепај
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848

Идолот на бојкотирачите.

Инцидент во манастирот Свети Прохор Пчински (1990)
Инцидентот во манастирот Свети Прохор Пчински беше конфликт меѓу две групи (едната македонска и другата српска) кој се случил во Манастирот Прохор Пчински на 2 август 1990 година. Српскиот радикал Воислав Шешељ заедно со неговите четници насилно ги симнале македонските државни симболи и повредиле неколку. Инцидентот се случил пред очите на српската полиција. За Илинден, на Мечкин Камен говореше претседателот на Собранието, Стојан Андов, но очите на јавноста се свртени кон „Прохор Пчињски“, сардисан од четниците на српскиот радикал Воислав Шешељ, кој се закануваше дека за шест часа може да ја прегази Македонија.
Па не ли му е срам сега да гостува во емисии (Васко Ефтов) и да ги брани Македонците и Македонија?!?!?

Да бевме некоја понормална држава, ќе го бесеа на плоштад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom