http://vlada.mk/node/15475
Целиот предлог на Владата за уставните измени. Не сакам да навлегувам во дебата, само ми е интересно како никој нема да ги коментира. Изгледа не одговара дека нема во нив и бришење на македонскиот народ од преамбулата како што лажно се шпекулираше.
2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ
Целта на овие измени на Уставот
е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Никаде не ни стои дека нема да има бришење. Покрај измените на Република Македонија со Република Северна Македонија, измените во преамбулата има најголемо значење. И што стои во образложението за измените во преамбулата? Цела една реченица со која ништо конкретно не се објаснува, а имајќи ја во предвид содржината на договорот чија цел е негова имплементација во овој член дава големи сомнежи. Така да најдобро ќе биде да чекаме и да следиме. Впрочем овие детали беа познати и во изминатиот период, дека покрај овие 2 предлози за измени ќе има дека немаме територијални претензии кон нашите соседи и уште едно за уредување на односите кон дијаспората. Значи вака грубо како што е напишано во владиново сооштение го елаборираше и Заев во изминатиот период така да ништо ново и ништо посебно за коментар.
Да нема забуни. Ова се предлози и насоки кои ќе треба да ги разгледува Собранието во наредните 90+ денови од кои ќе треба да произлезат конкретните предлог измени на Уставот, така да дури не излезат конкретните предлози црно на бело каде и во кој член од Уставот само ќе шпекулираме.
Како и да е, една од причинините за кои сметам дека овој договор е премногу лош за нас покрај членовите 7 и 8 од истиот, секако се и промените во Уставот за што сум против.