Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Се согласувам со голем број од текстов, но ова со 20 патриоти во ДПЖНЕ го чекаме 28 години. Да ти кажам, однапред, нема да се случи уште 50 години. Тие апаши толку многу зло раширија меѓу обичниот народ, што брат со брат се кодошеше. Затворање фирми заради политика, викање медиуми на противниците, патриоти и предавници и уште милион други гнасни работи, само за тие 50 души најгоре да градат дворец и споменици на најмизерен стандард во Европа.
На тие душмани кои го гнасат името но ВМРО точно 0% им верувам.
Не гледам друг начин. Тоа што однародници ни ја воделе државата (како љуБчо) и останати, тоа значи дека внимателно се одбирани од западот. Не очекувам народот да се освести и масовно да гласа и да даде доверба на некоја трета опција. Кај нас е црно/бела ситуацијата, за жал.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.359
Поени од реакции
21.780


...ете јас ќе направам споредба со твојот текст цитирајќи го овој случај, ,, многу важен мост кој ја промостува Црна Река поврзувајќи го Скопје- Велес- Гевгелија и обратно и многу важна балканска ем европска транзитна линија поврзувајќи ја Македонија со Грција т.е. Скопје железници со Солун пристаништето, за да би дошла нафтата од Солун во Скопје, па од тука и во Европа и? не е важна линијата? не треба тука ,,најнормално некој да плаќа“ што прави профит од таа нафта? или може пак „некој плаќа“читај - државата, ама некако „промаја“ ги фаќа тие пари па одлетуваат на друго место?
и друго, оштетувањето не мора да значи дека е од конструкцијата изградена 1970 год, туку надојдената вода од обичното ниво до неполни два метри во корито прераснало над 5 метри и прашање кој ги контролира ископите и користењето на песокот од коритото на реката, дали таа експлотација е под контрола или кој како ќе му текне го менува коритото, а со тоа и стабилноста на столбовите на мостот?
...што е тука нејасно? твојот текст е „посилен“ оти се работа за Бугарија и Ромунија, а овде за Македонија и Грција? парата е иста насекаде, дури можам да ти кажам дека тука важноста на овој мост е над тој што „ се крева“ и пропушта бродови! :)
п.с.
ете јас не ги спомнувам кој ТЕБЕ ти лајкнале за твојата констатација, а ги прочитав кој се, цццц цц па и архитектот тука!:facepalm:
Заев доби награда за Политички кловн на столетието, за што беше и лично одликуван од страна на принцот на Црна Гора и Македонија. Тебе коконо треба да ти се даде награда за Најдосаден лик на форумов, и да бидеш лично одликувана од Борат, принцот на Казахстан.

Просто неверојатно е како успеваш олку досадни постови да пишуваш. Цели есеи и елаборати за скроз небитни теми, за некој си таму мост на Сува Река.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Заев доби награда за Политички кловн на столетието, за што беше и лично одликуван од страна на принцот на Црна Гора и Македонија. Тебе коконо треба да ти се даде награда за Најдосаден лик на форумов, и да бидеш лично одликувана од Борат, принцот на Казахстан.

Просто неверојатно е како успеваш олку досадни постови да пишуваш. Цели есеи и елаборати за скроз небитни теми, за некој си таму мост на Сува Река.
Ова не е ништо. Јас никогаш нема да го заборавам нејзиниот пост за галиите на Вардар, што е веројатно најдосадниот и најглупиот текст со слики во историјата на Кајгана.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Амди Бајрам има 100 пати поголема политичка важност во Македонија од Бачев.
Oд политички аспект си во право. За жал во иднина ќе има повеќе Амди во собрание од проста причина што за 50 години ромите ќе завземат голем процент од нашето население бидејќи неможат така лесно да преминат граница и имаат многу висок наталитет. За ралика од нив на македонците и албанците процентот ќе им се намалува. Но од интелектуален аспкет Амди е олицетворение на неписменоста и аматеризмот во македонското општество. Синоним за дворски шут.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.432
"На избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот, гласале 331 гласач, или по еден на секои 5,4 секунди. Тоа веројатно е светски рекорд! На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласале 199 избирачи, или по еден на секои 9 секунди. На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи, или по еден на секои 20 секунди"
https://plusinfo.mk/како-може-да-се-гласа-за-5-10-или-20-секунди/
Фала богу конечно да видеш дека се полнеле кутии низ цела западна Македонија,
некаде прочитав виделе 39 места спорни, јас би рекол дека ги има 390 само во Сарај се 40+.
Ако се земе предвид тоа што во Македонија на секои избори гласаат околу милион, милион и сто, максимум милион и двесте илјади граѓани бројката од 670 илјади граѓани кои излегоа да гласаат на референдумот на 30.09 е солидна, не е доволна се согласувам, но сепак е солидна бројка ... колку за пр. на референдумот есента 2004 год. ВМРО-ДПМНЕ извади максимум 450 илјади граѓани да гласаат што е за 220 илјади граѓани помалку од референдумот што се одржа пред една недела !
Па која е таа мега-гигант-партија во земјава што може да извади на било каков референдум повеќе од 900 илјади граѓани како што предвидува законот за референдуми кога како прво ниту ДПМНЕ ниту СДСМ кои се најголеми партии во државава не се до толку големи и моќни да извадат толку народ, малцинствата па се доста превртливи и не може никој да има голема верба во нив дали ќе те поддржат за нешто или не, голем број луѓе се иселени од државава, голем број и се пасивни гласачи кои со децении не излегле да гласаат на ниту едни избори и.т.н.
Крај краева еве да речеме утре ВМРО-ДПМНЕ ќе им текне по некое прашање да бараат референдум, што мислат дека можат повеќе од 400-450 илјади граѓани да извадат на референдум, повеќе од оваа бројка нема шанси, референдумот од 2004 год. јасно ја покажа максималната моќ на ВМРО-ДПМНЕ колку може да извади на референдум народ, па и не само на реф. туку и на избори !
Оваа било добар резултат:facepalm:
овие имаа целосна кампања ЗА немаше никаде против или бојкотирам, огромна закана кон сите слоеви да се излезе да се гласа, и на крај огромно полнење на кутии,
ВМРО во 2004г имаше против кампања БОЈКОТИРАМ и тоа организирана баш од власта,
тие 450к кој ги извади ВМРО тогаш имаат поголема тежина од сегашните 650к.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Бре ама борци за правда. Се убивте од плачење како Македонија не е правна држава, како на СЈО му е скратен мандат, како ВМРО прави се за неговите функционери не одговараат.

Сега кога истото ВМРО излага со предлог што ги праќа неговите екс функционери во долгогодишна робија, ама заедно со уште некој комуњар, тоа не чинело. :D
Ме расплака коментарот, се залагале за правна држава, тоа е овој предлог, а не некаква прекриена амнестија изразена во вид на подобен јавен обвинител.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Ме расплака коментарот, се залагале за правна држава, тоа е овој предлог, а не некаква прекриена амнестија изразена во вид на подобен јавен обвинител.
Подобен јавен обвинител што ќе ги преземе предметите за кои Катица Јанева задоцни? Многу подобен, секоја чест. :D

Нема врска тој предлог на Мицкоски со негово искрено залагање за правна држава. Ама има многу со покажување дека и Заев исто кур не го боли за правна држава. А богами и нивните поддржувачи и шарени револуционери.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Героски

Референдумот заврши. Резултатот е познат, анализиран, искоментиран. И затоа, можеби токму сега, кога резултатот не може ни да се подобри, но ни да се влоши, е време да се отворат некои дилеми во врска со гласањето, кое, судејќи според отсуството на инциденти и приговори, поминало во најдобар можен ред.

Дали било баш така?

Порталот Плусинфо веќе објави некои загрижувачки факти за гласањето. Да се потсетиме. На избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот, гласале 331 гласач, или по еден на секои 5,4 секунди. Тоа веројатно е светски рекорд! На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласале 199 избирачи, или по еден на секои 9 секунди. На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи, или по еден на секои 20 секунди.


Математиката не е погрешна. Еве, на примерот кај светските рекордери во Центар Жупа: 30 минути е 1.800 секунди; поделено со 331 гласач, тоа е 5,4 секунди по гласач! Не ми е јасно, како е можно да се гласа за 5,4 секунди? Влегуваш, даваш лична карта, те бараат во избирачки список, спреј на прстот, гласаш зад параванот, го уфрлаш ливчето во кутија – сето тоа за 5, 10 или 20 секунди. Може некој да ми демонстрира?

Кога мојот извор (од ВМРО-ДПМНЕ) ми ги достави податоците за овие три избирачки места, прво што помислив е дека луѓето се во рурални средини, па нормално е дека гласале попладне, после завршување на земјоделските работи. Арно ама, навистина и теоретски е невозможно да се гласа за 5, 10, 20 или 30 секунди.

Второ што помислив е следново – па добро, можеби се полнеле кутиите само на три избирачки места. Си знаат тие од ВМРО-ДПМНЕ како се полнат кутии, што има да правиме голема врева за три кутии? Арно ама, човекот после ми испрати податоци за 39 такви избирачки места! Секаде истата приказна. Многу незгодно…

На сите тие избирачки места има енормно зголемување на одзивот на избирачите во споредба со локалните избори од 2017 година. Така, на пример, на избирачко место во селото Зајас, на локалните избори лани излезноста била 42 отсто, а сега – 79 отсто. При тоа, до 15 часот, излезноста била само 17 отсто, а потоа таа расте вртоглаво. Чудно, нели?

На едно избирачко место во селото Шишево во општина Сарај, излезноста е 89 отсто, при што половина од резултатот е постигнат од 17 до 19 часот. Многу интересен податок има за едно избирачко место во селото Радуша. На изборите во 2014 година, одзивот бил 47 отсто. Во 2017 година, одзивот паднал на 36 отсто. Сето тоа е нормално и очекувано, бидејќи голем дел од жителите се иселени. На референдумот сега, одзивот е неверојатни 96 отсто! Како е тоа можно?

Најсмешен е токму примерот од спомнатото избирачко место 2458/1 во селото Радуша, каде што од 13 до 15 часот се гласало со брзина од 23 секунди по гласач. Но, тоа не е смешното. Погледнете го графиконот од ДИК:



Тој покажува дека излезноста постигната до 11 часот, до 13 часот опаѓа од 40 на 15 отсто?! Како може да опаѓа? Ваделе ливчиња од кутиите? Некој очигледно се збунил при толку многу „работа“.

Тоа е тоа. Противниците на референдумот вака докажуваат дека во гласачките кутии, според нив, биле уфрлени околу 50.000 гласачки ливчиња. Јас, се разбира, не сум склон да им поверувам, но не сакам ни да ги затворам очите пред очигледни факти. Затоа, сега, кога страстите после референдумот се смирени, кога ништо веќе не зависи од гласањето, кога правно ништо не може да се оспори, би било добро организаторот на плебисцитот да ни објасни како е можно да се случиле вакви работи.

За да не ни се случат пак. Можеби и набрзо, ако има вонредни избори. Па да биде после од играчки плачки…
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.892
несериозно, прилично[DOUBLEPOST=1538930857][/DOUBLEPOST]
Сега ми е јасно како на Ставрогин му иде нагон да извреѓа некого на темава и да биде баниран, оти неговиот соговорник е просто глуп човек.
Во секој случај, несоодветна реакција од негова страна.
(иако сите ние понекогаш знаеме да излеземе од кожа заради мудроста и рационалноста на соговорникот)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Подобен јавен обвинител што ќе ги преземе предметите за кои Катица Јанева задоцни? Многу подобен, секоја чест. :D

Нема врска тој предлог на Мицкоски со негово искрено залагање за правна држава. Ама има многу со покажување дека и Заев исто кур не го боли за правна држава. А богами и нивните поддржувачи и шарени револуционери.
Но зошто ново СЈО, СЈО не е Катица, има таму еден куп обвинители кои можат да ја заменат на челната позиција, нема потреба од креирање нов орган
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.690
Поени од реакции
88.665
Кога ќе биде гласањето во собрание за договоров од преспа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom