- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.779
- Поени од реакции
- 9.583
Не би се сложил со некои делови. Има добар дел од народот кој размислува и не се овци како што викаш. И во гласачко тело и кај едните, и кај другите, кај помалите партии, а и тие што долги години не излегуваат и не се замараат.Каков народ, какви бакрачи. Народот наш е овца, неспособен за сопствено размислување и став. Никогаш нашиот народ не си го кажал своето, секогаш ставот на народот бил оној на стадото на кое припаѓа, на дпмне на сдсм или на албанскиот блок. Бојкотот и неуспехот на референдумот е дело на дпмне. Мислиш дека ако Мицковски повикаше да се излезе и да се гласа за или против, референдумот немаше да успеее? Ке го бојкотираа сендвичите оти имаат ,,сопствен став,,? Не, ке изнесеше и дпмне 300-400 000 и референдумот ке си беше успешен и сите кои сега бојкотираа ке зборуваа како мудра била одлуката на дпмне да излезе на референдумот. Или да ја свртиме работата обратно. Истиот овој договор на беше дело на дпмне, мислиш дека членството немаше да излезе и да гласа ЗА фалејќи го договорот како нешто најдобро што и се случило на МК? Во таков случај, СДСМ што сега го фалат договорот тогаш немаше да викаат дека е тоа предавство и да го бојкотираат референдумот, отворено или вака курвински како сега дпмне? Ке успееше тогаш референдумот? Не. И тогаш ке викавме дака ,,народот,, решил и бојкотирал.... Нема народ и народен став надвор од мислењето и ставот на дпмне. Незнам дали ке се случи, но ке биде интересно ако Мицко се испазари и дпмне ги подржи уставните измени, да се види и да се слушне тоа шалтање на ,,народот,, од пета во прва или рикверц, тоа извртување на дискусиите што ке се случи како многупати досега, лижење на се она што се плукало....
Од тоа што го следев изминатиот период баш членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ го поттикнуваа раководството да не излезе со став за излегување на референдумот и да се гласа против. Уште некоја недела по договорот започна тој масовен повик кон раководството и доколку се случеше ВМРО-ДПМНЕ да повикаа да се гласа сигурен сум дека немаше 300-400 илјади како што викаш да извади и да гласаат на референдумот. Ќе гласаа тие што гласаа и сега плус уште нешто, а можеби и Мицкоски ќе беше под сериозен притисок од партиските приврзаници да го напушти претседателското место. Мицкоски мислам дека пред референдумот немаше добиено толкав кредибилитет од членството за да го следат до толку. Сега по референдумот имам впечаток дека од приврзаниците на партијата ја имаат подигнато довербата кон него, така да човекот не верувам дека баш сега би се довел до ситуација да се пазари и да ги поддржи уставните измени. Пишав и пред референдумот дека хероите ќе се раѓаат по неуспешниот реферндум, а сега Мицкоски е во идеална позиција со неуспешен референдум со 600 илјади ЗА од кои реални се од 520-540 илјади (ради полнење, уцени и притисок). Има тренд на пад на гласовите во оние места каде на локалните СДСМ победи, по албанските средини видлив е намалениот интерес кон СДСМ и ДУИ така да доколку се дрзне Мицкоски да прифати уставни измени тогаш ќе ја пропушти таа идеална шанса и да дојде на власт, а и формално договорот да не биде повеќе на маса.