Многу јак термин е тој евроинтеграции, не биди ко политичар.
Никој не ти вика да не влеземе во ЕУ, проблемот е што со приказната дека ако смениме име влегуваме во ЕУ му го перат мозокот на народот, вистината е дека нема да влеземе во ЕУ се додека не се средат институциите, корупцијата, здравството, обрзованието...ако ти ги средиш овие работи, не гледам зошто некој не би инвестирал.
На Косово не сакаат да инвестираат оти уште не отворена фирмата ќе ти дојдат по рекет, истото е и кај нас, Хрватите и пред да влезат во ЕУ беа далеку подобри од нас во поглед на образование, здравство, судство и тн.
Мислам дека до каде што имала Австро-Унгарија завладеано има спас без разлика дали е ЕУ или не е ЕУ, друг менталитет и друг народ, се ова што било под Отоманска империја е џабе каде и да го однесиш, замок да му изградиш вц ќе го направат.