Како сте задоволни од градбите на Настел?

  • Креатор на темата Креатор на темата ivanov90
  • Време на започнување Време на започнување
Со столбов, ова не е соба, туку шпајз. Не можеш никаков мебел да стаиш.
Греота е каква пара се фрла у лоши згради. Кој нормален би дал пари за вакво нешто?
 
Ова со столбов го гледавме пролетоска додека беше во градба. Следевме од зимоска до скоро станови, ненормално е што се се продава и по кои цени.:pos:
Старите па кога ќе видиш колку треба да дадеш за реставрација и пак подрумите смрдат, све инсталации се распаѓа, уште добар дел со терацо, осигурачи од пред земјотресот...
чаре не знам, ако има непродадени во пеглата Кисела Вода можда. или Џевахир. Или Лука. Дали се добри, немам слушнато нешто лошо, треба да се распраша.
 
Последно уредено:
DYRuf5-WsAAbSOL.jpg

:pos::pos::aplauz::tapp:
 
Ај тоа во дневна која е поголема и ќе се смисли нешто, шанк, камин и слично, ама во детска бе?
Иначе и од влезна врата право во дневна. Последен стан да е во цел свет, па не го купувам. Сите обувки во дневната.
5191adade8cc6c546ac81df2f89ff67b.jpg

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Онаа Скопје Сити Гарден интересен објект однадвор и убаво ќе изгледа ако сите насадат дрвца, ама македончето не може ако не го затвори балконот и да го направи летна кујна.

Прегледај го приврзокот 197726

Иначе на Настел одводот од балконите со цевчиња. Колку грдо изгледа. И ептен е зголемена видливоста од балконите и слободно комшиите можат да си пијат кафе без да си одат на гости.
Би го срушил до темел.

Прегледај го приврзокот 197725

И за ова даваат пари. :pos:
За да си играте дома оро околу столбов
 
... јас не знам зошто постои архитектонски па и градежен факултет со сите нивни високоградба, урбанизам, статистика, дизајн, што се мачат да учат нешто што не е применливо кај нас, за кое такво им е дипломата и професијата? :(
...јас бев во една зграда ,станче нешто 60 квад.(дело на еден познат архитект), тоа дневна Ок голема, сите собрани пиеме кафе и наеднаш тишина додека заедно сите истовремено сркнафме кафе се слушна таков звук на рафално прдење што сите се попаривме, а пак комшијата ја пушти водата демек да не се слуша, замислите ѕидот на дневната се дели со ѕидот на вецето на комшијата :facepalm:
 
Ова со столбов го гледавме пролетоска додека беше во градба. Следевме од зимоска до скоро станови, ненормално е што се се продава и по кои цени.:pos:
Старите па кога ќе видиш колку треба да дадеш за реставрација и пак подрумите смрдат, све инсталации се распаѓа, уште добар дел со терацо, осигурачи од пред земјотресот...
чаре не знам, ако има непродадени во пеглата Кисела Вода можда. или Џевахир. Или Лука. Дали се добри, немам слушнато нешто лошо, треба да се распраша.
Џевахир без пари да ти даваат да не земаш.
Тоа таму ќе функционира првите 3-4 години, како поминува периодот во кој Џевахир се има обврзано дека ќе ги собира парите за одржување може да функционираат, после тоа ќе имаш бунт и очи ќе си вадат. Поголем процент од тие што имаат купено станови не се вселени во нив, погледни само колку станови светат во Блок А, а демек е речиси целиот продаден, тие што не живеат таму се сомневам дека ќе плаќаат во иднина по 50тина евра месечно за одржување.
Блок Д ако не се лажам го продаваат во градба на друга фирма, немале математика да го доградат.
Инаку едни од најдобрите што сум влегол се зградите што ги градеше Луна, на Козара изградија неколку, е сега таму не ми се допаѓа мене населбата, еден парк нема во цела област, се згради, улици, куќи (кои ќе станат згради).
 
Во контекст на вентилацијата, кај мене секој стан има посебна цевка во вертикала, не е како во старите една цевка за цела вертикала. Во пракса не знам како фунцкионира, уште се неам вселено.
 
Џевахир без пари да ти даваат да не земаш.
Тоа таму ќе функционира првите 3-4 години, како поминува периодот во кој Џевахир се има обврзано дека ќе ги собира парите за одржување може да функционираат, после тоа ќе имаш бунт и очи ќе си вадат. Поголем процент од тие што имаат купено станови не се вселени во нив, погледни само колку станови светат во Блок А, а демек е речиси целиот продаден, тие што не живеат таму се сомневам дека ќе плаќаат во иднина по 50тина евра месечно за одржување.
Блок Д ако не се лажам го продаваат во градба на друга фирма, немале математика да го доградат.
Инаку едни од најдобрите што сум влегол се зградите што ги градеше Луна, на Козара изградија неколку, е сега таму не ми се допаѓа мене населбата, еден парк нема во цела област, се згради, улици, куќи (кои ќе станат згради).
За џеваир и мене не ми е јасно како ќе функционира. Јас сум живеел во таква зграда со 50 катови и месечно има доста поголеми трошоци. Не е тоа 100 денари за чистачка месечно. Имаше базен и теретана и месечно плаќав и за такви трошоци солидна цифра.
Плус, претпоставувам дека мора да се уграден спринклер систем и аларми за детектирање пожар - очекувам да биде весело таму.
Меѓутоа, таква зграда, без органзирано платено одржување - не функционира, буквално не може да се живее. Познавајќи ги нашиве дивјачки карактеристики и "не плаќам, кој те ебе"-принципот, се знае што да се очекуе.
 
Ќе фунционира на тај начиш што ќе се нуде на секој станар како опција "Теретана" "Базен"и слично...Останато основни трошкови за чистење, одржување лифт и слично од прилика 1500-2000 ден трошоци можеби како во секоја нова зграда. Не верувам некој кој би дал 70к+ за стан да не може да даде толку месечно.

Тај што нема да даде право на извршител и тоа е тоа...
 
Ако сакаш нуди му масажа и џакузи, ако не живее тука нема како да ги користи. Поголем дел ги имаат купено становите за да ги затворат парите што ги имаат на страна, бизнис не функционира, каматите на депозитите се во минус и ајде недвижност.
И во новите згради ретко да се повеќе од 800 денари месечно, а во Џевахир се пресметува во однос на квадратурата од станот, колку поголем стан толку поголеми трошоци за одржување и да знаеш тие што имаат најмалку плаќаат.
 
Абе каков базен, каква теретана. Па уште ќе ти даеле да бираш. Па 99% ќе одберат да не плаќаат. Не може таква работа, сите плаќаат све. Нема ко Блажо со логиката "јас на први сум, по скали ќе си одам, не плаќам за лифт".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom