Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.136
Поени од реакции
3.360
https://fokus.mk/vmro-dpmne-formirashe-republichki-izboren-shtab-i-referendumot-go-proglasi-za-falsifikat/

Ако го прогласуваат референдумот за фалсификат тогаш и резултатот од него, односно бојкотот не важи, по некоја логика.
Не баш, викат дека не ги признаваат тие 600к оти се добиени со полнење кутии, да било како што треба ќе имало 500к, а да немаа кампања за ЕУ и закани немаше да извадат ни 300к.
Не, туку на Заев и Димитров. Што не имавме ваков договор во времето на Груевски?
Договорот е од времето на Грујо, зар не слушна на бомбите како се договараше и на викиликс дека прифанал се, сега никој не му е крив што Зајко ги собира плодовите на успехот:D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.072
Поени од реакции
16.186
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
и што бива сега, пак избори? како ни тргна секоја година избори има кај нас.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.072
Поени од реакции
16.186
Член од
24 април 2008
Мислења
10.812
Поени од реакции
12.113
Навистина, наспроти таканареченото руско влијание, како може да се окарактеризира ова другово влијание во Македонија присутно уште од 1990-те години па наваму, а особено уште повеќе присутно после 2001/2004 година ?

https://off.net.mk/pisma-na-chitateli/neruski-pisma-na-chitatelki

Неруски писма на читателки

4 Октомври 2018 - 15:28

Многу ми е жал што ќе Ве разочарам, но целата заслуга за одбивање прекрстување е наша, на Македонците. Просто прескапа ни е цената, срамна, понижувачка, бескомпромисна....ван памет.

Почитувани Дами и Господа во многу странски новински агенции, и некои политички претставници (ќе се препознаат),

Деновиве, или скоро 48 часа, сме бомбардирани од разноразни изјави за референдумот што заврши со среќен исход во Македонија, мојата земја, но исто така и од многу новинарски написи, и политички изјави кои се просто толку далеку од вистината, што е невозможно човек да остане рамнодушен на толку неточности.

Како прво, би сакала да Ви укажам дека јас припаѓам на 2/3 дел на македонски народ кој одби на референдумот да го менува името, и жали што преку уцена се бараше од нас да стигнеме во, да речам, посакуваната ЕУ.

НАТО е аут оф квешчн, барем за мене.

Просто е смешно што во кристално јасна ситуација како нашава, во која Македонците не се откажуваат од себе, од минатото и своето име, заради каприцот и паранојата на нашиот јужен сосед, Вие заслугата за бојкотот ја доделувате на Русија.

Многу ми е жал што ќе Ве разочарам, но целата заслуга за одбивање прекрстување е наша, на Македонците. И верувајте ми, сите ние сме скршени што патот до ЕУ водеше преку ново крштевање, кое се виде дека не ни е прифатливо.

Просто прескапа ни е цената, срамна, понижувачка, бескомпромисна....ван памет.

Сакам да Ви обрнам внимание наместо да се занимавате со рускиот фактор кој беше де факто отсутен во целава проблематика, да му посветите малку должно време на вистинскиот мотив и фактор, и оддадете респект на достоинството и големината на македонскиот народ, за сè што покажавме, во ионака тешката економска и политичка ситуација во која се наоѓаме.

Понатаму, доколку Меркел, Курц, Столтенберг, Могерини, Хан и ред други, беа Руси, ќе беа точни сите написи кои известуваат дека во Македонија имало силно мешање од руска страна.

Јас Ве прашувам, дали се сите наведени, можеби Руси, Ве молам?

Да беа Руси, баш ќе имаше логика текстот за мешање.

Сакам да ги искоментирам и вестите кои објавуваат дека "мнозинството" (1/3) гласачи во Македонија на референдумот се изјаснило дека е ЗА промена на името.

Се прашувам, дали само на третооделенец му е јасно, или навистина требале сите досега да научат дека дропката 2/3 е повеќе од 1/3 !?!

Народ е целото, а не само излезениот дел на избори. Па волјата се брои од сите, фала Богу. Пробавте, а се посрамивте и избрукавте сите коишто се обидувавте да продадете другачија вистина. Not buying it...ама ич.

Просто "воодушевуваат" на некој начин и понатаму упорните обиди на искривување на вистината преку странските гласила. Како на пример, кога денес прочитав дека 1/3 од гласачкото тело е раселено и едноставно не било возможно да се постигне поголема излезеност од добиената во неделата на референдумот. Демек, се' си е таман, и резулатот ветува.

Важи, аха :D

Ама има и еден друг момент (освен апсурдната бројка на раселени лица), а тоа е фактот што има поставено изборни места во дијаспората, и Господата раселени Македонци доколку посакале, можеле да гласаат.

Само што, за волја на вистината, повеќето не посакале. Бојкотирале. Не прифатиле прекрстување. Ни уцена.

Простете што не одолеав, но за мене беше претешко да се читаат куп невистини за сè што се случува, зборува, слави, очајува, и жали во нашата земја.

Повелете кај нас, и може само да Ви биде мило да се уверите на лице место со колку страст и семожни сили се обидуваме да докажеме правда и нефер игра кон нас од многу посилна/и, помоќна/и земја/и, само поради тоа што се тоа што се, големи и моќни. И НЕ фер.

За крај само ќе додадам дека скокав од радост заради резултатот од Референдумот, и можам само да извикам: Браво Македонци, Браво народе!

Софија

(Авторот не е член на политичка партија, ако и е воопшто битен податоков...нека го има)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.707
Поени од реакции
36.676
Друже договоров е дело на САД и Германија ...
Немаш никакви гаранции за ЕУ, ниту пак гаранции дека нема да има дополнителни услови од Грција по тој пат. За членство таму зависи и од расположението на владите и на граѓаните на другите европски држави. Како е тргната работата на десно, таа подршка не знам кај ќе биде за десет години.

Ова се прави само за да не пикнат во Нато.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Апсолутно е неточно дека 2/3 од гласачите биле против договорот и бојкотирале. Тоа никако не може да се одреди, колку биле тие кои се против договорот и затоа бојкотирале.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093

Тоа е точно. Ама исто така не може да се тврди дека мнозинство од народот бил за договорот, и сега опозицијата требало да ја почитува таа волја.

Референдумот се спроведе за да се “приведе“ ВМРО-ДПМНЕ во Собрание да гласа за. Така да, договорот не успеа формално-правно, ама не успеа ниту во неговата политичка цел. Е сега, дали ќе се постигне политичката цел со други методи е друг муабет.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Навистина, наспроти таканареченото руско влијание, како може да се окарактеризира ова другово влијание во Македонија присутно уште од 1990-те години па наваму, а особено уште повеќе присутно после 2001/2004 година ?

https://off.net.mk/pisma-na-chitateli/neruski-pisma-na-chitatelki

Неруски писма на читателки

4 Октомври 2018 - 15:28

Многу ми е жал што ќе Ве разочарам, но целата заслуга за одбивање прекрстување е наша, на Македонците. Просто прескапа ни е цената, срамна, понижувачка, бескомпромисна....ван памет.

Почитувани Дами и Господа во многу странски новински агенции, и некои политички претставници (ќе се препознаат),

Деновиве, или скоро 48 часа, сме бомбардирани од разноразни изјави за референдумот што заврши со среќен исход во Македонија, мојата земја, но исто така и од многу новинарски написи, и политички изјави кои се просто толку далеку од вистината, што е невозможно човек да остане рамнодушен на толку неточности.

Како прво, би сакала да Ви укажам дека јас припаѓам на 2/3 дел на македонски народ кој одби на референдумот да го менува името, и жали што преку уцена се бараше од нас да стигнеме во, да речам, посакуваната ЕУ.

НАТО е аут оф квешчн, барем за мене.

Просто е смешно што во кристално јасна ситуација како нашава, во која Македонците не се откажуваат од себе, од минатото и своето име, заради каприцот и паранојата на нашиот јужен сосед, Вие заслугата за бојкотот ја доделувате на Русија.

Многу ми е жал што ќе Ве разочарам, но целата заслуга за одбивање прекрстување е наша, на Македонците. И верувајте ми, сите ние сме скршени што патот до ЕУ водеше преку ново крштевање, кое се виде дека не ни е прифатливо.

Просто прескапа ни е цената, срамна, понижувачка, бескомпромисна....ван памет.

Сакам да Ви обрнам внимание наместо да се занимавате со рускиот фактор кој беше де факто отсутен во целава проблематика, да му посветите малку должно време на вистинскиот мотив и фактор, и оддадете респект на достоинството и големината на македонскиот народ, за сè што покажавме, во ионака тешката економска и политичка ситуација во која се наоѓаме.

Понатаму, доколку Меркел, Курц, Столтенберг, Могерини, Хан и ред други, беа Руси, ќе беа точни сите написи кои известуваат дека во Македонија имало силно мешање од руска страна.

Јас Ве прашувам, дали се сите наведени, можеби Руси, Ве молам?

Да беа Руси, баш ќе имаше логика текстот за мешање.

Сакам да ги искоментирам и вестите кои објавуваат дека "мнозинството" (1/3) гласачи во Македонија на референдумот се изјаснило дека е ЗА промена на името.

Се прашувам, дали само на третооделенец му е јасно, или навистина требале сите досега да научат дека дропката 2/3 е повеќе од 1/3 !?!

Народ е целото, а не само излезениот дел на избори. Па волјата се брои од сите, фала Богу. Пробавте, а се посрамивте и избрукавте сите коишто се обидувавте да продадете другачија вистина. Not buying it...ама ич.

Просто "воодушевуваат" на некој начин и понатаму упорните обиди на искривување на вистината преку странските гласила. Како на пример, кога денес прочитав дека 1/3 од гласачкото тело е раселено и едноставно не било возможно да се постигне поголема излезеност од добиената во неделата на референдумот. Демек, се' си е таман, и резулатот ветува.

Важи, аха :D

Ама има и еден друг момент (освен апсурдната бројка на раселени лица), а тоа е фактот што има поставено изборни места во дијаспората, и Господата раселени Македонци доколку посакале, можеле да гласаат.

Само што, за волја на вистината, повеќето не посакале. Бојкотирале. Не прифатиле прекрстување. Ни уцена.

Простете што не одолеав, но за мене беше претешко да се читаат куп невистини за сè што се случува, зборува, слави, очајува, и жали во нашата земја.

Повелете кај нас, и може само да Ви биде мило да се уверите на лице место со колку страст и семожни сили се обидуваме да докажеме правда и нефер игра кон нас од многу посилна/и, помоќна/и земја/и, само поради тоа што се тоа што се, големи и моќни. И НЕ фер.

За крај само ќе додадам дека скокав од радост заради резултатот од Референдумот, и можам само да извикам: Браво Македонци, Браво народе!

Софија

(Авторот не е член на политичка партија, ако и е воопшто битен податоков...нека го има)
Сега магично ке го привлечеш членот што на форумов изиграва кловн правејќи театар .
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Тоа е точно. Ама исто така не може да се тврди дека мнозинство од народот бил за договорот, и сега опозицијата требало да ја почитува таа волја.
Па нормално, бројот на тие кои гласаа за, никако не е 51 посто од гласачкото тело.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093
Па нормално, бројот на тие кои гласаа за, никако не е 51 посто од гласачкото тело.
Мене уште не ми е јасно зошто Заев не го прифати блефот на Мицкоски и да го договорат референдумското прашање. Што побогу ќе му сменеше дали е актуелново или ќе беше “Дали сте за Република Северна Македонија како ново уставно име на Република Македонија?“.

И најнеинформираниот дунстер е свесен за каузалноста помеѓу промената на име и напредување во евро-атланските интеграции. Ако не на подолг рок бар во моментов и наредни 5 години.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.373
Поени од реакции
18.263
Мене уште не ми е јасно зошто Заев не го прифати блефот на Мицкоски и да го договорат референдумското прашање. Што побогу ќе му сменеше дали е актуелново или ќе беше “Дали сте за Република Северна Македонија како ново уставно име на Република Македонија?“.

И најнеинформираниот дунстер е свесен за каузалноста помеѓу промената на име и напредување во евро-атланските интеграции. Ако не на подолг рок бар во моментов и наредни 5 години.
А што ќе сменеше тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom