Упатство за идни крводарители

Кај треба да се обратам за да добијам потврда за 10 дарувања?
потврда за 10 дарувања ти даваат во трансфузиологија со приложување на крводарителската книшка и таа потврда ја носиш во ФЗО и таму ти даваат решение за ослободување од партиципација и потоа тоа решение си го фотокопираш и го даваш кога ќе ти побараат за некоја здравствена услуга (порано се ставаше печат во з. книшки а сега е вака)
 
Ете, добро е што навреме некој ме поправи... :)
 
Дечки кога најбрзо може да се дарува после примање антибиотици? Примав Сумамед пред 2 недели некаде, имав настинка. Имаше на првата страна една листа ама линкот е истечен.
 
Дечки кога најбрзо може да се дарува после примање антибиотици? Примав Сумамед пред 2 недели некаде, имав настинка. Имаше на првата страна една листа ама линкот е истечен.

Од прашалникот што се пополнува пред дарување:
Дали во последните 3 дена сте земале некои лекови (вклучувајќи и аспирин)?
 
Дечки, примав вакцина против тетанус пред неколку денови, па сакав да прашам како ќе ми одрази сега тоа на идното дарување на крв (бидејќи си планирав периодов), па дали има некој период на чекање. Гледав на нивната страница пишува „во зависност од состојбата“, што малку ме збуни, па чисто да знам дали некој од вас имал слична ситуација.
 
За да станете крводарител треба да ги исполните следните задолжителни услови:

• Да бидете здрав и да сте на возраст од 18 до 65 години.

• Пред дарувањето потребно е да пополните прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат на вашето здравје, прележани болести и животни навики. Неопходно е искрено да одговорите на поставените прашања, бидејќи на тој начин го штитите сопственото здравје, но и здравјето на тој што ја прима вашата крв.
.
оваа старосна граница изгледа важи само во МКД, во повеќето држави се до 60 години старост
второ- само со прашалник ли ( на жити мајка) им се верува на дарителите?
пак ќе кажам во некои држави, се бараат и извештаи од специјалисти за здравствената состојба на дарителите, плус ртг-снимка на бели дробови и потврда од гинеколог за жените
некаде иако е дарување крв- им се плаќа по 50 евра (Австрија на пример) , а некаде им даваат „утешни„ подароци ко на пример добиваат бесплатно Bloodborne за PlayStation 4 (како што е случај со Белгија)
некаде два дена платено отсуство ....
 
Последно уредено:

Крвта се тестира, ништо не е на жими мајка ;)
 
Секојдневно пијам апчиња за пролетна алергија на полен и слично, лентрика/лоратадин. Дали тоа влијае на мојата "способност" за давање крв ? Чисто да знам, да прекинам да ги пијам неколку дена пред дарување крв ако се "штетни" за крвта.
 
два пати одам да дарувам крв - два пати ми викаат не пошо низок хемоглобин (мерен со сината течност)
никогаш претходно не ме одбиле.
колку е тоа веродостојно?
 
два пати одам да дарувам крв - два пати ми викаат не пошо низок хемоглобин (мерен со сината течност)
никогаш претходно не ме одбиле.
колку е тоа веродостојно?

Направи си една крвна слика и види шо е проблемот.
 
После колку време треба да стигне тоа картончето на домашна адреса? Заедно со резултати така?
 
Здраво.Како може да бидам информиран доколку на некого му е потребна итно крв? И дали главни,задолжени за ова се од трансфузиологија.Поздрав :)
 
dali mozam da daruvam krv ako pred pomalku od 6 meseci imam popravano zab?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom