Не е маката дека се преговара, маката е во тоа што јавноста немаше врска за што во суштина се преговара, што навистина бараат грците и дека не се работи само за името на државата. Меѓутоа ако сето тоа го пласираше некој во јавноста јасно и гласно, настрана шо кој и да беше експресно ќе заминеше по ѓаволите, и не само во преносна смисла, туку мислам на среклоцање и слично.
Еве сега гледај како не лажат на очи, не може да ми каже никој дека прифатиле уставни измени и дека не знаат што како треба да изгледа, тука е гратис она шо договориле со учките, значи нека не се прават наивни.
Се на тацна да види јавноста на што се обврзуваат т.е не обрзуваат сите граѓани на Македонија, да нема забуни и мешетарење. Па нека се изјасни и ДПМНЕ што од тоа за нив е прифатливо а што не, па бујрум избори.
Инаку никој од вмровците не побара одговорност од тие шо се чукаа 10+ години в`гради дека името не го даваат и се живо и диво настрана од тоа правеа предавници, ај шо се пазареле како за приватна своина, сега велат во ред е договор со јунанистанците, ама ние подобар ќе направиме
И после држава сакаме