@Scirea тоа е епилогот кога ќе се наполниш во партија и раководство со yes men, подлизурковци, луѓе со два реда школо и луѓе кои за се ќе те поддржуваат (Васиљ ениуан?) нема да ти се спротистават за ништо зошто нели како прво тоа не им е работа а како второ 90% од Македонците кои во животот ќе се приграбаат до лидерска функција било каде, се секогаш во право

Нема кој да каже што не чини, каде е проблемот, се е розево и на денот на избори Титаник удира во мразот. Огромен број на светски фирми при состаноците на бордот доделуваат улога на еден член да биде адвокат на ѓаволот и има задача при секоја идеја, дури и најсјајната да оди контра за да се направи портфолио на сите ризик сценарија кои можат да се остварат, само уште кај нас имаме проблеми со егото и ако не поправи некој за нешто тоа го сфаќаме лично.
Истото го доживеаа прошлите, ќе го доживеат и овие на наредните избори ако не го сфатат сериозно жолтиов картон.
Еве може уште од утре наместо на избори да работат на идејата конечно да се направи попис.