- Член од
- 7 јуни 2014
- Мислења
- 1.121
- Поени од реакции
- 1.278
извини @valvoline но во македонија дефеницијата за понуда/побарувачка не важи скоро никогаш и за ништо, докажувано е многупати досега со разни примери, јас станбено прашање решив пред 4-5 год. (и сега не сум засегнат на темава па одтаму и не сум пристрасен) а најмалку 2-3 год. претходно барав стан што ќе ми одговара спрема можности, потреба, локација, состојба, катност...
и тогаш како и сега секојдневно се слушаат разговори-предвидувања дека цените се превисоки и надуени (што е сосема точно) и дека секој момент ќе се случи крах на пазорот со недвижнини, но еве и до ден денес истото не се случи барем не во тие предвидувани рамки.
кај нас цената не е одредена пазарно на ништо скоро па така е и со станевите, секој продава стан не според тоа колку реално му вреди туку според тоа колку пари му требаат ( пр.имав една соседка која имаше трособен стан од 75-80 м2, кој сакаше да го продаде и од парите да си купи 3 еднособни еден за нив старите и по еден за синовите, нешто што сите знаеме дека е невозможно но...), според мене ако е купувањето за живеење нема дилема се купува и тоа ведаш (посебно ако се плаќа со кеш, без банки,кредити, камати), ако е за инвестиција на слободна пара и понатамошно рентање не е лошо убаво да се пресмета инвеститорот.