Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.412
Поени од реакции
79.372
А живот и 500 евра плата ќе донесе ли?:unsure:
Ова е тема за господинот Трамп. Фрустрациите поради губење на стопан, у темата за внатрешни работи (моментално затворена).
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638

Те прашав дали тој ослободител кој што ти го најави, ќе го донесе она што погоре го прашав.
Гледам си пишал дека си си го загубил стопанот па те разбирам зошто вака се губиш, ама не се секирај ќе си најдеш друг стопан, имаш ти такво искуство.
 
B

Bafra

Гостин
http://tocka.com.mk/vesti/283253/trudo-noviot-dogovor-za-slobodna-trgovija-e-isklucitelno-korisen-za-kanagjanite

И Трудо мрдаше, те салта правеше, те шарени чорапи, на крај мудро си потпиша.
Трампчо на економско поле растура :cool: .
Ајде да видиме сега кој е следен, УК или некој од источните тигри, панди, змаеви или шо и да се.

@Прорус сподели нешто за Русија место само да лаеш.
Полошо од западниов колонијализам е само комунистичко олигархистичка Русија. Да беше друго уредувањето тогаш друга песна ќе беше. Ама не е.
Фала Богу што немаат влијание, но тука се кинезите кои полека стануваат бр.1 . Тоталиризам не ни бега со нив :(
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

Различен е овој договор од НАФТА или финтата беше само да е нов и направен од Трамп, само да не биде оној од Клинтон?
 
Уф какво богохулие, Клинтон и Трамп заедно. Трамп на економски план се што прави е 180степени различно од Клинтонови и паразитите демократи.
Освен провизиите, тука би требало да се исти :D
Заборавив и 2та сакаат жени, а богами доста клецаат на страна
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
@Прорус сподели нешто за Русија место само да лаеш.
Што те интересира точно?
Полошо од западниов колонијализам е само комунистичко олигархистичка Русија. Да беше друго уредувањето тогаш друга песна ќе беше. Ама не е.
Се губиш нешто изгледа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.569
Поени од реакции
11.696
http://tocka.com.mk/vesti/283253/trudo-noviot-dogovor-za-slobodna-trgovija-e-isklucitelno-korisen-za-kanagjanite

И Трудо мрдаше, те салта правеше, те шарени чорапи, на крај мудро си потпиша.
Трампчо на економско поле растура :cool: .
Ајде да видиме сега кој е следен, УК или некој од источните тигри, панди, змаеви или шо и да се.
Ептен растурил, најголемите добитници од договорот се` токму профитерите.

USMCA trade deal: Who gets what from 'new Nafta'?

На фармацевтските компании им се зголемува временското траење на патентите за сите нови лекови од 8 години на 10 години во Канада, односно од 5 години на 10 години во Мексико.

Кај производителите на автомобили се зголемува процентот на делови произведени во матичната држава во која е составено возилото, од 62.5% на 75%, што навидум значи поголемо производство и повеќе работни места во Канада и во САД, но истовремено значи уште поголема преселба на работните места од САД во Канада.

Истовремено, помеѓу 40% и 45% од возилата мораат да бидат составени од страна на работници кои заработуваат минимум 16 долари на час, што значи овие останативе 55% до 60% слободно можат да продолжат да црнчат за мизерни плати во Мексико.

Кај производителите на млечни производи, Канаѓаните се жалат дека најмногу попуштиле, бидејќи жртвувале 220.000 Канаѓани на сметка на зголемување на учеството на американските млечни производи на канадскиот пазар на цели 3.6%.

Браво за изродот Џастин Трудо, навистина добар договор издејствува и потпиша.
 
Ти бе дечко од љубов ли работиш, од патриотизам или за профит. Со тој памет дека приватен сектор го нарекуваш профитер во негативна конотација, заслужуваш да живееш со Левица и Апасиев на власт, па да видиш што е подобро.

Историја знаеш, ама економскиот дел послаб ти е.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.569
Поени од реакции
11.696
Ти бе дечко од љубов ли работиш, од патриотизам или за профит. Со тој памет дека приватен сектор го нарекуваш профитер во негативна конотација, заслужуваш да живееш со Левица и Апасиев на власт, па да видиш што е подобро.

Историја знаеш, ама економскиот дел послаб ти е.
А бе дечко, јас можеби не сум економист - поточно не можеби, туку навистина не сум - ама барем знам како Доналд Трамп се удираше во гради во 2016 година велејќи дека договорот за слободна трговија НАФТА помеѓу САД, Канада и Мексико им ги одзема работните места на американците.

И ај нека биде по твое, не профитерите, туку работодавачите, или како што велиш ти - приватниот сектор.

Како работничкиот сектор, односно работниците, ќе профитираат од уште поголем извоз на нивните работни места во Канада и Мексико од страна на приватниот сектор ?

Па зарем не беше целата поента на трампономијата да се задржат работните места во САД, наместо да се извезуваат во трети држави со евтина работна сила ?

Овој договор е` во корист за оние припадници на приватниот сектор кои се фокусираат на извоз на работните места во трети држави со евтина работна сила, но како што не може секое село да има универзитет, така не може и секој американец да биде работодавач.

Левица и Апасиев воопшто не ги познавам, знам дека добар дел од "левичарите" си легнаа на брашното заразено со плава жолтица откако плавите жолтици се вратија на власт во Македонија на 1 јуни 2017, а Апасиев или е вистински верник во владеењето на законите и правото, па затоа е` еден од главните критичари - ако не и најгласниот критичар - на велепредавничкиот договор на плавите жолтици со Гејлада за менување на уставното име на Македонија и на македонските учебници по историја, или не му понудиле плавите жолтици прифатлива цена за да им легне на нивното брашно.
 
Сам си толкуваш некои работи. Така не иде тоа :neetaka:

Ако имаш слободна економија, ако Канада и Мексико тргнат царините за Амерички производи, зашто америте би отварале фабрики надвор од САД...

Да не ти објаснувам на криво и долго, но економијата на САД и малопродажба и големопродажба е во нагорна линија.
Обама потроши катамилијарди не успеа ништо да постигне :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.569
Поени од реакции
11.696
Сам си толкуваш некои работи. Така не иде тоа :neetaka:

Ако имаш слободна економија, ако Канада и Мексико тргнат царините за Амерички производи, зашто америте би отварале фабрики надвор од САД...

Да не ти објаснувам на криво и долго, но економијата на САД и малопродажба и големопродажба е во нагорна линија.

...
Секако дека е` во нагорна линија, но останува прашањето: До кога ќе трае ?

Сепак не може до бескрај да се извезуваат работни места од САД во Канада и Мексико, еден ден бројот на луѓе кои останале без работа како резултат на извоз на нивните работни места ќе стане преголем, а во такви околности ќе биде прашање на време кога ќе бидат погодени и малопродажбата и големопродажбата.

...

Обама потроши катамилијарди не успеа ништо да постигне :D
Зависи за кого како.

За обичниот американски работник и за обичниот американски смртник, Барак Хусеин Обама не постигна ништо, но затоа за луѓе како Пол Пелоси - сопругот на Ненси Пелоси - Берибери беше непресушен извор на субвенции за компании кои произведуваат соларни панели и ветерници во име на борбата за зелена енергија и против глобалното затоплување, а во кои случајно или не, токму Пол Пелоси имаше инвестирано непосредно пред некои од овие компании да се опарат со федерални субвенции.

Подоцна тие компании - сосема очекувано - банкротираа, но тоа не го менува фактот дека Ненси Пелоси и нејзиниот сопруг на дебело се опарија со пари од федерални субвенции, секако по заслуга на Берибери.

Не секоја жена во САД може да се пофали дека е` четвртата најбогата жена во Калифорнија - сојузната американска држава со најголемата економија во САД и со учество од 13% во целокупната економија на САД, ама затоа секоја жена во САД - а особено Ненси Пелоси - може да плука по Доналд Трамп со етикети од типот на "лобист на богатите", "припадник на малцинството од 1%" и слични етикети.

И не за џабе токму Ненси Пелоси и нејзината калифорниска партнерка Дајен Фајнстајн, се` едни од главните саботерки на сите реформи кои Доналд Трамп се обидува да ги истурка низ американскиот Сенат.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.412
Поени од реакции
79.372
Трамп е најблесавиот претседник до сеа, но и покрај се, сеуште сум убеден дека е подобро решение од Хилари.[DOUBLEPOST=1538664353][/DOUBLEPOST]Да се разбереме, ја не верувам дека Русија е невино бајче, кога станува збор за хакирање и сајбер напади, мешање у избори и слични нешта.
Но , знам дека у таа зона е најлесно да обвиниш некого, јавно. Многу полесно, неголи да кажат - ете Русија бомбардираше цивили.
 
Па затоа повеќето се за Трамп, Хилари само испрани мозоци можат да ја преферираат и да и веруваа.

Ретко кој амерички медиум објави дека Путин му понудил на Трамп слободно да испрати колку сака инспектори во Русија да истражуваат и испитуваат руски државјани врска мешање во избори. За возврат побара истото да можат Руси да испрашуваат Американци во САД.
Сенатот во САД едногласно изгласаа против. И после биле чесни политичарите :D .
Проблемот со САД е ШТО ПОСЛЕ ТРАМП ....
Се очекува таква калакурница, што цел свет ќе се радува :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom