Реков претходно, Грција имаше далеку поголем и побитен референдум кој можеше да направи ланчана реакција низ други држави во еу (ко шпанија, италија, португалија) - за излез од еврозоната и напуштање на еврото и многуте рестрикции наметнати од странство. Овие империјалисти западњаци го погазија целосно грчкиот народ и нивната волја. Истото ќе го направат со нас. Во прашање се финеси и уметност во остварување на тие цели.
Ние за грчка сме куртон држава. нит море нит дијаспора нит просперитет, ништо. Договорот дефинитивно ќе стапи на сила, вака или онака.
Тоа што они доаѓаа овде и инсистираа да гласаме беше само изговор за целава нивна прљава операција наречена "буткање на македонија у нато и еу преку газење на сите ПРАВНИ принципи во светот и нашата држава" истата сеа ќе биде тотално разобличена. Ќе се открие сета злоба нивна бирократска и нивниот "империјализам" и непочитување на малите држави и нивните народи и права и законски традиции.
Да се разбереме, ја сум за влез во еу(пред се), нато е малце дебатливо. Но целата атмосфера беше креирана на таков начин и од такви луѓе што беше едноставно неприфатливо и мораше да пропадне.
Еве 10 причини зашто гордо бојкотирав денес :
1.Договорот, беше поставен нелегално, со низа неправилности и кршења на устав и закони.
2.Им се брзаше, и премногу попуштија.
3. Тотално изгубена година ипол откако се на власт. Ништо не остварија.
4. Економијата ни тоне ко никад досега.
5. Милион изјави околу договорот и колнење во баби дедовци македонштини. беа само ноторна лага што само им го разобличи целото комуњарско лицемерие.
6. Милиони фрлени во еднострана пропаганда каква што немаше ни во пикот на "режимот"
7. Очигледните уцени, притисоци, наместени анкети и истото "јанкуловско" влечење за уши на гласање.
8. Целосна и тотална некомпетентност на нашиот лидершип.
9. Кампања во која што учествуваа најголемите ЛИЦЕМЕРИ продадени души (наумче, пеачите, митрев). Што кур се мешаа во политиката.
10. Олицетворението на тој кариеризам,ароганција, манипулаторство и елитизам - Радмила Шеќеринска.
И уште како бонус ќе додадам дека имаше милиони неправилности референдумов, од секаков размер.Од уцените и заканите, до перењето мозок, па се до почеток на "скрининг процесот" два дена пред референдумот.
Вмро се исти користољубиви хиени што моментално не вредат да се коментираат и под казна се у опозиција.