Мислам дека околу 42% ќе биде излезеноста до крајот на денот со некоја флуктуација.
Но би сакал да потенцирам една многу битна работа од пред 6-7-8 месеци кога се "водеа" преговори за договорот и неговата содржина, а таа работа беше како ќе биде продаден договорот кај нас, и тоа беше зборено и од македонска и од грчка страна, така што, јуни некаде(или кога и да беше потпишан меѓу надворешните министри) почнаа со "продавањето" на договорот со тоа што почнаа да шират вести каде што Македонија е изолирана, потоа дека војна ќе има за на крај дека вината ќе биде кај луѓето што не излегле да гласаат или пак доколку не излезеш не го почитуваш правото на демократијата.
Врз база на се ова, се сведува на тоа дека политичарите на еден или на друг начин, пак ќе не направат криви дали со успешен или неуспешен референдум за нивните неспособности и корумпираност.
Дали ќе го смениме името или не, во ЕУ не влегуваме во блиска иднина.
ЕУ и НАТО не треба да бидат изговор за сите властодршци за да не работат и да ја подобрат ситуацијата во која се наоѓаме, луѓето да го сменат менталитетот, да почнат да се почитуваат закони, да се дава можност за подобра иновација, да се подобри образованието, да се намали корупцијата, да се избркаат од работа и да се затворат сите полицајци кои работат со мафијата, да се тргнат од влијание луѓе кои се поврзани со мафијата, да се подобри здравството и многу други работи кои треба да се превземат а бараат голема енергија.
За ова не ни се потребни ЕУ и НАТО, за ова е потребна промена кај самите нас, а не да чекаме некој друг за нас да ја направи таа промена.
Со промената на името, пак ќе останеме тие што сме, возење лудо по улици, корупцијата, паркирање на тротоари, лош квалитет на живот, лошо/неправедно судство, полиција која исто како да ја нема итн.