Е сега патриотизам не се прави само со елитисти, всушност големата маса е потребна. Таквите како Змејко што го спомна, не него лично ама тој профил на Македонец, е тие 100% сега ќе бојкотираат. Затоа што имаат чист патриотизам во себе, изградени вредности, конзервативни. Сто пати таквиите ми се помили него некои посткомуњари во кои паѓаат и децата и внуците на таквиите, кои се мислат себеси за елитни и интелектуални а всушност се само продадени души кои се алчни за пари и некаква моќ. Нив не ја интересира Македонија туку личниот профит. Едино се согласувам со тоа што всушност ДПМНЕ стана, лоша копија на СДСМ. Овие Македонци што горе ги спомнав не заслужуваат ваква партија ни таа ги брани нивните интереси.
Ти знаеш ли што збориш? Змејко е милионер. Змејко членуеше у 20 одбори по струи, телекоми, се посра од цицање државни пари поради што ти си во странство. Не ме мрзи да повторувам - не ми праите разлика меѓу гомната од сдс и од дпне. Одите до таму да ако некој користи знаме вергина и повторува "жими крст и кандило" у секоја реченица дека е патриот - дај надминете го тоа ниво.
И не е точно дека ќе бојкотираат сега. Сега треба да се спасува екипата да не иде у затвор. А за името имаат алиби - "комуњарите го дадоа, не ние". Да беа стварно патриоти, ќе мобилизираа членство и што најважно НЕчленство - еве лично јас и ќе изгласаа мрсен ПРОТИВ, со кампања у која ќе елаборираа дека може и се за нато и еу, ама не за гомнарскиов договор, а не Апасиев, самоиницијативно и вистински патриотски да тера самостојна мисија.
Сакам да почнете да сфаќате дека иконографијата на големомакедонштина (китење со вергини и лавови) не значи патриотизам, туку често и антипатриотизам. Историски, бугарската перфидност и расипаност се артикулирала прво со инфилтрација, а после и со целосно киднапирање на ВМРО, нешто што имало вистинска национална вредност, а не создала свој субјект преку кој ќе не убедуе дека сме бугари...е сеа на некои као ланс не им треба многу убедуење - они се пишаа тамо за пасош и сеа ќе ми продаваат гомна на форум, а јас ќе бидам етикетиран и навредуван, ама ај...[DOUBLEPOST=1538023980][/DOUBLEPOST]
Граматиката на цел западен свет налага дека граѓанин на North Macedonia е North Macedonian.
Дури и самиот потег на користење (такозван "слеш" или "кроз") е така навредлив и нека потврди некој ако може - мислам дека нема ниеден друг ваков случај во светот. Во пракса ќе биде предмет на потсмев и многу луѓе ќе си имаат проблем во секојдневна употреба низ светов.