- Член од
- 9 јули 2018
- Мислења
- 777
- Поени од реакции
- 638
Да имено затоа и тие не сакаат гужва, јасно им е дека и на нивна страна ќе има големи загуби, + инфрастуктурни загуби ќе бидат таму каде се тие мнозинство. Затоа ти велам дека блефираат.[DOUBLEPOST=1537713310][/DOUBLEPOST]Ако е како Диво Насеље тогаш - уште полошо.
Како твоето величие не може да воочи елементарна иронија, просто сум запрепастен.LoL, зарем тоа презентирање на лажна скромност ти личи? Стварно?
Не. Тоа е тролање достојно на нивото на тој кому му се обраќам.

Што си се мачел со километарски пост, си можел како на телевизија што кажуваат твоите господари „нато и еу се без алтернатива“ и точка.Абе мене упростено ми личи дека:
Секако дека ова е регион под нивна, а не под руска капа. Русија има далеку побитни локации со кои се занимава. НАТО интеграциите на регионов се готова работа уште одамна. Уште неколку земји останаа. Тоа дека Русија нас ќе ни понуди еквиваленти на ЕУ и НАТО интегративните зделки, безбедносни договори, грантови, донации и слично е стварно наивно становиште, кое ниту ВМРО ДПМНЕ никогаш не го презентираше, ниту за момент. Дури и денес, ставот на партијата е: НАТО - да. Никаква елементарна логика нема обратно, од стратешки аспект.
Нив (на Западот) им е далеку поважна Грција од нас, па секако дека не можеа да застанат на наша страна (нема никаква стартегиска логика ни во тоа). Затоа не ја притиснаа Грција, туку избраа да не омекнат нас, со дваес-пет години давење у сопствени гомна (Бранко, Грујо и слични муфљузи кои искористија матно за сопствена добит), за потоа да созрее ваков момент, после четврт век јадење сопствени гомна, кога на народот, утупен и духовно и социо-економски, морално и етички срозан, ќе му стане сеедно за ваква неразумна разврска. Тоа и не мора да е мастер-план, може елементи од тоа да бидат и одлуки донесени во од, зависно од развојот на ситуацијата. Битна им е крајната цел.
Некој ќе праша, зашто одма со некои нивни методи не не притиснаа и уште одамна да го решевме проблемот и така имвме на почеток девеести, добар пол позишн со Бадинтеровиот извештај.
Може да има повеќе причини за тоа.
Прво спорот воопшто не е класичен. Скроз е неразумно, некој некому да наложува како да се вика. Грците не попуштаат, а нам не можат никако да ни наложат да го смениме името. Не можат они све, како што су мислат некои овде, нити све секогаш им иде по план. Затоа не оставија под целосна контрола на наша народна македонска власт, овие дваес пет години, а интервенираа само таму кај што им е битно, а не таму кај што треба, според сите правдини и морално-етички норми. На пример, ќе притиснат здраво за некоја глупост на Албанците, на пример, а никако за вледеењето на законот и правото. Па така го добивме редица одлични владетели, кои кулминираа со Грујо, кој беше нивни миленик и на почетокот добиваше нови поволни програми од ММФ, кои никој до тогаш, ги немаше добиено. Личи дека имаат патерн - кај што сакаат да интервенираат пофлагрантно, оставаат некој Слобо/Грујо да праи што сака, дури и лажни ишарети му пуштаат, како дозвола, за да се опушти и го истакне она утепаното и сељачкото, па после викаат на цел глас - Видете колку е лош, овде треба надворешна интервенција! Другата опција е гомнарот да биде сервилен апсолутно и да им извршува наредби. Но, кај нас спорот е скроз посебен и не можеше тој пат да се оди, заради тоа што не можат никому директно да наредат да си смени име. Мора народот вака или така, тоа да го дозволи. А на народот за таква одлука, му треба долго време кување на, де појак, де потивок оган. Така бидна кај нас. Не, не е тоа сега, денес, на референдумот. Тоа се случи кога дозволивме Груевски да го напраи тоа што го напраи, за да ни скурчи конечно и за да дојде Заев. А ние излеговме од грујовата авантура уште поутепани и посрозани, во поголема апатија и резигнираност. Пошто трошење е тоа. Дваеспетгодишно.
Втората причина, зошто ова одамна не го направија, е геостратешка и има врска со потребата од зајакнување на Јужното Крило, поради настаните со гасоводите на вертикала Украина, Турција, Сирија, Ирак Арабијски Полуостров - нешто што се активираше неодамна.
Да скратам, како што стојат работите сега за сега, ние немаме никаква друга иднина, надвор од НАТО. Ќе не внесат, вака или онака. Онака е малку поболно, али целта ќе биде иста. Референдум - не, тогаш собрание. Собрание - не, тогаш друг начин, за кој можеме да шпекулираме, дали вклучува изолација, дестабилизација или друго некое крчкање, овој пат пократко (ваљда) и на појак оган.
У целава приказна има доста додатни делчиња, кои не ги посочив. Албанците и нивното прашање, во балкански контекст, играат улога. Народот и неговата утепаност, од било кој карактер, исто е друга приказна. Грчката економска криза. Бегалската криза исто (во регионален и глобален аспект) и други нешта. Они ја редат сложувалката поуспешно или понеуспешно, ние сме делчиња. Кинезите или Русите редат другде.
Никако нашата пропаст не е резултат исклучиво на овие регионални и геополитички махинации на мајсторите, туку исклучиво како комбинација со нашата (лична) глупост, некадарност и алчност, на секој поединец како дел од народов. Ние можевме да се прилагодиме, дури и на ваквите услови и да живееме колку-толку нормално, на внатрешен план, секако, но евидентно е дека немаме државен капацитет, како народ.
Последно уредено: