Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Ако во таквиот план го има тој малечок рисет супер.
ама ќе боли.
Да не речат "ма кој ве ебе" и да кренат раце скроз е тогаш ќе видиме од кредити до ингпинг, инфрант фондови...
Нормално. Прво тоа ќе биде, па после све по ред, како што прават.
Сакам дакажам, они, ако сега не им успее да не внесат во НАТО, тоа ќе го направат покасно. Пак ќе не остават да маринираме пред кување.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
ама ќе боли.
Па веројатно, од економски санкции до можен "воен конфликт".

Нормално. Прво тоа ќе биде, па после све по ред, како што прават.
Сакам дакажам, они, ако сега не им успее да не внесат во НАТО, тоа ќе го направат покасно. Пак ќе не остават да маринираме пред кување.
Па незнам дали ќе чекаат да маринираме, добро и е познат теренот и ситуацијата.
Имаа генерална проба у 2001ва.

Пак ќе речам; лично не верувам дека ќе има такво сценарио но не ја исклучувам опцијата со оглед на тоа со кои пријатели си имаме работа.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Не. Едноставно ве гледам вас останатите дека така праите, па си викам - сиот овој библиски небески македонски народ, гарант е многу мудар и правилно постапува, па како сите Турци - така и Осман Бег.​
Лажна скромност сакаш да глумиш. Ти како простољудието,нема шанси.
Да ме прашаше пред три години, ќе ти посочев. Имаше некои сличности тогаш, сега не можам да приметам толку.
Викаш медиумите и таму не се до толку, или партизираноста? Ама ај сега ќе гласаш на референдумот за барем со името да можеш да приметиш дека имаме сличност.

Па и ја тоа викам - не е исто Груевски и Ким Јонг Ун. Има разлика доста. Груевски сакаше да биде од новиот ков на диктатори, кои не се тоа, во класична смисла на зборот, да биде како Ердо и Хорти (или како и да се викаше Маѓарот).
Глеаш сепак Груки беше диктатор, можеби различен од Ким, али пак затоа Зајко сака да биде според ковот на Ким, дури и името на државата ќе го смени за да асоцира на него.
[DOUBLEPOST=1537707872][/DOUBLEPOST]
Долго време живееш во Германаа изгледа, не знаеш какво е расположението кај браќата и колку се спремни.
За среќа идам често во Македонија, до пред една недела бев, и имав можност на долго и широко да ја прошетам. А бидејќи по потекло сум од Западна Македонија и сакал нејќел имам контакти со албанци можам да констатирам дека расположението кај братќата за некакви гужви е нај ниско до сега.[DOUBLEPOST=1537708025][/DOUBLEPOST]
Па веројатно, од економски санкции до можен "воен конфликт".


Па незнам дали ќе чекаат да маринираме, добро и е познат теренот и ситуацијата.
Имаа генерална проба у 2001ва.

Пак ќе речам; лично не верувам дека ќе има такво сценарио но не ја исклучувам опцијата со оглед на тоа со кои пријатели си имаме работа.
Блефој се тоа. Иначе пробата беше диво насеље, така би изгледала евентуална гужва, не како во 2001. 2001 беше де моде и тогаш како начин на војување, камоли сега.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Јако ми е Наумче Мојскоски од Струга ги убедува граѓаните да гласаат ЗА на референдумот. Чим вакви на кои пред нос им се случуваат работиве не можат да сконтаат што и како за останатите кои имаат минимален контакт со браќата не ни очекувам нешто попаметно. Малку ни е со овој памет.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
За среќа идам често во Македонија, до пред една недела бев, и имав можност на долго и широко да ја прошетам. А бидејќи по потекло сум од Западна Македонија и сакал нејќел имам контакти со албанци можам да констатирам дека расположението кај братќата за некакви гужви е нај ниско до сега.
Можеби е ниско дека се "работи" на влезот во НАТО и ЕУ, незнам какво ќе и биде расположението ако нешто тргне наопаку.

Блефој се тоа. Иначе пробата беше диво насеље, така би изгледала евентуална гужва, не како во 2001. 2001 беше де моде и тогаш како начин на војување, камоли сега.
Ако е како Диво Насеље тогаш - уште полошо.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Покрај тоа со историјата што го пишал и @Joe Dalton а што е преидиотски зошто политика нема место во историја, друга крајно спорна работа, што според мене е клучното за „зацврстување“ на нашиот идентитет е двојното значење на зборот „македонец/македонски“.
Празни муабети се тоа дека баш на тој начин сме го „зацврстиле“ идентитетот, зошто преведено на правнички јазик, немаш правна сигурност кога го користиш македонци, кога го користиме ние значи едно, коа го користат грците значи друго.
Целиот овој спор од почеток е преидиотски без никаков основ ни логика. Ова се коси со се што западните општества пропагираат и се гордеат, а тоа е величање на индивидуалноста и слободата на самоопределување. Ова е контрадикторност најпрво за нив, поим за лицемерие а воедно и освестување дека во меѓународната политика правилата важат само за државички како нашата. Овој спор е глуп сам по себе, пропагира меѓунационална омраза и создава конфликт, се коси со сите меѓународни конвенции кои што се создадени тоа да го спречат. На овој спор му кумуваат баш тие создатели на таквите меѓународни закони.

И вистина е дека во политиката нема место за историја, историските факти се работа на стручни лица а не на политичарите. Во нашиот случај тоа е преседан кој што допрва ќе се види, кога ќе ги формираат комисиите за утврдување на наводната историска реалност.

Која е таа реалност жити бога ако од утре Бугарите на пример, за кои што јасно се знае и е потврдено и низ светската литетратура од еминентни историчари дека барем во првата половина од втората светска војна, се до нивната капитулација биле сојузници со Нацистичка Германија. И сега ние од утре од окупатори нив ќе треба да ги нарекуваме ослободители? Се заради некаков си апсурден политички процес?
Ќе треба да замижеме на фактот дека во граѓанската војна во Грција се случил геноцид и етничко чистење на цела една територија?
Ќе треба да менуваме и да бришеме цели историски периоди кои што директно се поврзани со нашето постоење, кои што се своевиден извор од каде што ја црпиме нашата посебност како народ.

Ајде да не збориме за периоди од пред двеипол илјади години, кои што се предмет на различни интерпретации во научната јавност. Таа битка е изгубена и си правиме само штета, звучиме смешно пред светот, независно дали сме во право или не светската јавност ја прифатила теоријата дека Грците се наследници на тој период од историјата.
Меѓутоа постојат историски периоди кои што се релативно понови, за кои што постојат пишани податоци со кои што отворено можеме да спориме со нашите соседи, со аргументи и факти а ние се откажуваме од тоа и дозволуваме вакво понижување.

Јас не знам дали некој сфаќа дека со овој договор предмет на ревизија ни е целокупната историја до 91ва година. Ќе треба при очи да се правиме слепи, насила да се правиме нетокму за работи кои што практично се случиле во рамките е еден животен век за кои што впрочем имаме и живи сведоци.
Овие два договори опфаќаат буквално се! Ние ништо немаме испреговарано, нема баланс, нема компромис, ние дефинитивно сме не губитничка, туку капитуланска страна во случајов. Затоа што овој договор не е ни договор, ова е документ за капитулација.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Абе мене упростено ми личи дека:

Секако дека ова е регион под нивна, а не под руска капа. Русија има далеку побитни локации со кои се занимава. НАТО интеграциите на регионов се готова работа уште одамна. Уште неколку земји останаа. Тоа дека Русија нас ќе ни понуди еквиваленти на ЕУ и НАТО интегративните зделки, безбедносни договори, грантови, донации и слично е стварно наивно становиште, кое ниту ВМРО ДПМНЕ никогаш не го презентираше, ниту за момент. Дури и денес, ставот на партијата е: НАТО - да. Никаква елементарна логика нема обратно, од стратешки аспект.

Нив (на Западот) им е далеку поважна Грција од нас, па секако дека не можеа да застанат на наша страна (нема никаква стартегиска логика ни во тоа). Затоа не ја притиснаа Грција, туку избраа да не омекнат нас, со дваес-пет години давење у сопствени гомна (Бранко, Грујо и слични муфљузи кои искористија матно за сопствена добит), за потоа да созрее ваков момент, после четврт век јадење сопствени гомна, кога на народот, утупен и духовно и социо-економски, морално и етички срозан, ќе му стане сеедно за ваква неразумна разврска. Тоа и не мора да е мастер-план, може елементи од тоа да бидат и одлуки донесени во од, зависно од развојот на ситуацијата. Битна им е крајната цел.
Некој ќе праша, зашто одма со некои нивни методи не не притиснаа и уште одамна да го решевме проблемот и така имвме на почеток девеести, добар пол позишн со Бадинтеровиот извештај.
Може да има повеќе причини за тоа.
Прво спорот воопшто не е класичен. Скроз е неразумно, некој некому да наложува како да се вика. Грците не попуштаат, а нам не можат никако да ни наложат да го смениме името. Не можат они све, како што су мислат некои овде, нити све секогаш им иде по план. Затоа не оставија под целосна контрола на наша народна македонска власт, овие дваес пет години, а интервенираа само таму кај што им е битно, а не таму кај што треба, според сите правдини и морално-етички норми. На пример, ќе притиснат здраво за некоја глупост на Албанците, на пример, а никако за вледеењето на законот и правото. Па така го добивме редица одлични владетели, кои кулминираа со Грујо, кој беше нивни миленик и на почетокот добиваше нови поволни програми од ММФ, кои никој до тогаш, ги немаше добиено. Личи дека имаат патерн - кај што сакаат да интервенираат пофлагрантно, оставаат некој Слобо/Грујо да праи што сака, дури и лажни ишарети му пуштаат, како дозвола, за да се опушти и го истакне она утепаното и сељачкото, па после викаат на цел глас - Видете колку е лош, овде треба надворешна интервенција! Другата опција е гомнарот да биде сервилен апсолутно и да им извршува наредби. Но, кај нас спорот е скроз посебен и не можеше тој пат да се оди, заради тоа што не можат никому директно да наредат да си смени име. Мора народот вака или така, тоа да го дозволи. А на народот за таква одлука, му треба долго време кување на, де појак, де потивок оган. Така бидна кај нас. Не, не е тоа сега, денес, на референдумот. Тоа се случи кога дозволивме Груевски да го напраи тоа што го напраи, за да ни скурчи конечно и за да дојде Заев. А ние излеговме од грујовата авантура уште поутепани и посрозани, во поголема апатија и резигнираност. Пошто трошење е тоа. Дваеспетгодишно.

Втората причина, зошто ова одамна не го направија, е геостратешка и има врска со потребата од зајакнување на Јужното Крило, поради настаните со гасоводите на вертикала Украина, Турција, Сирија, Ирак Арабијски Полуостров - нешто што се активираше неодамна.

Да скратам, како што стојат работите сега за сега, ние немаме никаква друга иднина, надвор од НАТО. Ќе не внесат, вака или онака. Онака е малку поболно, али целта ќе биде иста. Референдум - не, тогаш собрание. Собрание - не, тогаш друг начин, за кој можеме да шпекулираме, дали вклучува изолација, дестабилизација или друго некое крчкање, овој пат пократко (ваљда) и на појак оган.

У целава приказна има доста додатни делчиња, кои не ги посочив. Албанците и нивното прашање, во балкански контекст, играат улога. Народот и неговата утепаност, од било кој карактер, исто е друга приказна. Грчката економска криза. Бегалската криза исто (во регионален и глобален аспект) и други нешта. Они ја редат сложувалката поуспешно или понеуспешно, ние сме делчиња. Кинезите или Русите редат другде.

Никако нашата пропаст не е резултат исклучиво на овие регионални и геополитички махинации на мајсторите, туку исклучиво како комбинација со нашата (лична) глупост, некадарност и алчност, на секој поединец како дел од народов. Ние можевме да се прилагодиме, дури и на ваквите услови и да живееме колку-толку нормално, на внатрешен план, секако, но евидентно е дека немаме државен капацитет, како народ.[DOUBLEPOST=1537710576][/DOUBLEPOST]
Лажна скромност сакаш да глумиш. Ти како простољудието,нема шанси.
.
LoL, зарем тоа презентирање на лажна скромност ти личи? Стварно?
Не. Тоа е тролање достојно на нивото на тој кому му се обраќам.
 
Последно уредено:
Член од
16 август 2018
Мислења
388
Поени од реакции
511
Кога ќе се сетам дека пред пет години го фаворизирав Срѓан Керим пред него ми паѓа мрак пред очи. Што значи кога немаш тежок лоповлук, а и геј афери зад себе (да и со тоа се уценети дел од говедава на власт и опозиција), кога единствено нешто со кое може да те уценуваат е твојот живот. Ама жими таквиот што пиздите ќе се осудат да посегнат по трет пат по живот на наш претседател, зошто знаат што ќе следи, а тоа најмалку им одговара.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=242476693103743&id=84922261157
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Кога ќе се сетам дека пред пет години го фаворизирав Срѓан Керим ...
:vozbud:[DOUBLEPOST=1537711116][/DOUBLEPOST]
Ама жими таквиот што пиздите ќе се осудат да посегнат по трет пат по живот на наш претседател, зошто знаат што ќе следи, а тоа најмалку им одговара.
Што ќе следи?:vozbud:[DOUBLEPOST=1537711445][/DOUBLEPOST]Геополитиката е збир на интереси, нема потреба тука сентиментален пристап.
Во геополитиката третостепени се морално-етичките норми, второстепени се правните норми, првостепени се интересите, сентименталност нема.
Треба да ја разбираме геополитиката необременети од сентименталност, емпатија, морал и етика, онака како што Стефус-Рефус или било кој психопат се однесува со животот.
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Кое лицемерие е оваа изјава.

Не знам дали е исто или поголема лага од тоа што го прави Заев.
Макрон: Вие и Грција, вашата земја (може да замериме на ословувањето, но, барем е искрен дека во договорот нема ниту "М" од Македонци, македонски народ или македонска Влада и ниту Грција ниту ЕУ нема обврска да дава никаква гаранција за националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, кој ниту еднаш не е спомнат во договорот).
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.780
Поени од реакции
5.046
:vozbud:[DOUBLEPOST=1537711116][/DOUBLEPOST]Што ќе следи?:vozbud:[DOUBLEPOST=1537711445][/DOUBLEPOST]Геополитиката е збир на интереси, нема потреба тука сентиментален пристап.
Во геополитиката третостепени се морално-етичките норми, второстепени се правните норми, првостепени се интересите, сентименталност нема.
Треба да ја разбираме геополитиката необременети од сентименталност, емпатија, морал и етика, онака како што Стефус-Рефус или било кој психопат се однесува со животот.
Докторе, да се кандидирам за Премиер или Преседател?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Докторе, да се кандидирам за Премиер или Преседател?
Во Македонија ли прашуваш?
Не ме зезај, со твоето грандиозно берзантско искуство и пливање во брокерските води на ВолСтрит, хируршки прецизна логика, необременета од глупави морално-етички норми или емпатија, ваљда не би ни размислувал за претседател.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom