Тренинг натпревар со Стеауа. Нема нешто посебно да се истакне. Може требаше Милосављев да се извади од игра порано, да побрани малку Кизиќ, наместо само 3 минути на крај.
Доста минутажа им се даде на Војводиќ и Киселев. Ништо посебно не покажаа. Оцврик играше некои 15-20 мин. Даде еден убав гол, промаши зицер и уште еден шут. Мишевски играше малку, нешто на крило се моткаше.
Бар Парондо им дава нешто повеќе минутажа на младиве од Раул во вакви натпревари. Не знам што му беше филмот на Раул, ама мислам дека Кањелас ги стартуваше сите натпревари лани, без разлика дали се игра со Пролет или Кил. Ретко пушташе млади играчи да набијат малку искуство.
Инаку, чудно ми беше со Монпелје, Шишкарев излезе од игра некаде кај 20та минута, облече еден од оние тренинг дресовите и не влезе пак во игра колку што приметив. И денес колку што гледав, не го видов да влезе, а пак носеше тренинг дрес. Не знам дали е повреден. Борозан се жалел на болки во коленото, па го одмараа оваа.
Прочитав дека и Телма демантирала дека ќе купува права за ЛШ. Тоа било проект кој чинел 250.000 евра, според нивниот уредник. Немале пaри за такви пакети, посебно со фактот дека натпреварите одат и на арена спорт.