Може човек да работи и 50 години вештачења но тоа не значи дека ке се стекне со познавања од правото. Претпоставувам дека работиш на вештачења од областа на електро или машинската струка и тука не гледам каква е поврзаноста со правото. Пример се расипала некоја мошина и вештачиш во која состојба е таа машина или уред, кои причини довеле до таа состојба, дали може да се поправи и колку тоа чини, како тртеба да се ракува со тој уред..... или ако некој вештачи од областа на медицината исто нема задачи од областа на правото туку од неговата задача е од областа на медицината, каква повреда има, од каков предмет настанала, какви се последиците од таа повреда, какво лекување треба...... не гледам како со вештачења од областа на некоја струка остваруваш контакт со уставна материја? Доколку имаш познавања од областа на уставното право секако тоа не е резултат на тоа што правиш вештачења туку може би на твој посебен интерес кон таа материја.