Обука и полагање за А категорија

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Здраво дечки!

Не сум возел до сега мотор воопшто зашто не сум можел да си го приуштам тоа задоволство. Сега се сменија работите и имам можност да купам мотор и можам да полагам за истиот.

Прашања имам полно, а кој и да прашам ми кажва различно. Од утре ќе одам поконкретно ќе се распрашам низ автошколите на повеќе места. Конкретно зборам за Битола.

Прво прашање: Дали возачката обука е слична (ако не иста) како и за Б категорија? (зборувам во однос на тоа, да седнам за прв пат на мотор и инструктор да ме научи да возам.)
Разговарав со еден инструктор, ми рече дека обуката се состои од 2 часа по час и половина на полигон (во Прилеп) и за тоа време не можеле да ме научат да возам, затоа што требало да ги учиме вежбите.

Тестојте знам дека ми важат од Б, ама што станва со Црвен Крст?

Муабетот ми е, дали стварно треба да земам сам да се учам да возам мотор (пошто така ми рече инструкторот) или можам конкретно во Битола да најдам некоја автошкола шо ќе можи да ме научи да возам мотор. Знам ќе речите не е некоја филозофија и мн. се замарам, ама до сега не сум имал шанса да возам мотор, а премногу сакам. То ми е еден од соништата шо сега можам да си ги остварам.

Ве молам Кајганџии ако можите да ми дофрлите некој совет и да споделите некое од вашите искуства околу возењето, поседувањето и учењето за возење мотор..

Благодарам!!
 
K

kicodarker

Гостин
Тоа што ти го рекол инструкторот, ти го рекол оти сме Македонија па се е можно овде. Има случаеви што му викаат кандидати “Јас знам да возам“, и инструкторот фино лепо крати часови,да лапни пари а да не се замара. Најголем проблем е што автошколите се приватни.
Ти имаш положено Б категорија.Некој што нема положено и почнува само мотор да вози кај ќе бара обуки? Па во автошкола нормално. Ама пошто ете си имал положено Б, принципот на мотор е ист, пушташ кумплуг додаваш гас,тргнува,и помали се шансите да ти затреси/изгасни ко на кола на пример. Брзините се стандард кај сите мотори, долу прва,нагоре 2,3,4, лер еднаш надолу.
Горе долу ништо посебно,освен што мораш да извозиш мислам 8 часа со токи воки во вентијаџето што ќе ти го дадат и зад тебе вози инструкторот и ти кажува “менде сврти лево, менде сврти лево“, па имаш градска на истиот принцип со “менде сврти лево“ и ако менде не сврти лево, ќе му пишат негативни и ќе падни (на градска,не од моторот,менде е пргаво дете и не се дава така лесно).
Црвен крст,еднаш се полага, и после крстот важи за сите категории.
На полигон ќе ти кажи некоја финта за моторот, не да го дигниш на едно колце и како да си жива досада по улиците навечер, туку ќе свртиш некоја осумка шо ќе ти треба за полагање, и после низ битолата ќе возите со токи воки како што ти кажав.Тестовите што си ги полагал за Б важат само за Б и прашањата ти се само за Б. За моторчево треба да заокружиш плус некое глупо прашање, на кое верувам дека си бистро дете и ќе ги погодиш точни сите фиксови 10/10. Единствен систем дозволен кај тестовиве е “за една“ 9/10.

А јас ќе ти поставам некое прашање од мене:

Со мотор,моторче,моториште, навечер се:
1. Дига на едно колце
2. Се брчи максимално што погласно тоа подобро
3.Се вози како секое нормално возило,примерно и пажливо.

Кога ќе поминиш покрај женски претставник на човечкиот род,во расплодно издание:
1. Се брчи со моторот што повеќе и се прават шлајфки
2. Се вози примерно и нормално исто како покрај саатот
3. Се свири,довикува,турира

Менувањето ленти од лева во десна, се извршува така што:
1. Цик-цак си шеташ, и ти е галје
2. Се вклучуваш во последен момент пред кола,зад кола
3. Примерно си даваш жмигавец,и гледаш на ретровизорчето

Моторот служи:
1.Исто како кола, само на 2 колца
2. Да го цапниш на ѓавато 250 дури оди и да земиш на душа некого па и себе си
3. Да го јачаш на мотособири чиј мотор е погласен

Одговори на овие, ќе зборнам со инструкторот, имам неколку што ги познавам.
 

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Благодарам на пажњата и одговорите Кицодаркер !!

Одговорот на твоите прашања е: 27год иам, женет, си го сакам животот, завршив психологија и работам во Жабени. :D
Башка глеав чопер да купам, така да тешко дека ќе можам да го кревам наколце, та на задно та на предно. (Јас ни точако не го научив на колце да го кревам, а го возам поќе од 20 години.)

Фала. Сега веќе ми се разјаснија некој работи, зборнав и со други луѓе, ми предложија два од нив една иста автошкола, така да ќе одам утре ќе зборнам со нив па ќе видиме шо ќе бидиме...

Фала уште еднаш, поздрав!
 
K

kicodarker

Гостин
Башка глеав чопер да купам.....
За чопер шо си заинтересиран? Избегавај овие кинеските по 1000 евра bashan и слични гомнарии,ете го таков в гаража му седи на другар шо истрча за 1100 евра ќе вози чопер,му рикна и брегаста и што уште не го распродаде на делови,од то кинеско ѓубре бегај, за 3500 км да напрајш и да го фрлиш на ѓубре не се исплаќа ич.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Си возел ли досега скутер, автоматик па и точак?

Ако не, не ни помислувај на полагање.

Ако да, тогаш може да ти користат часовите многу и инструкторот да те "научи" да возиш мотор. Барем она, почетното, колку да положиш. Понатаму ќе ја усовршуваш полека техника. Се се учи со вложување труд, истрајност и репетитивно повторување на нештата. Не може да очекуваш од самиот старт дека ќе успееш да зауздаш толкав мотор и ќе ги знаеш сите финеси на возењето. Тоа е долг процес. Па затоа би ти препорачал, прво доколку можеш да купиш мотор, купи го, вежбај се самиот и подоцна оди на полагање. Од круцијално значење ќе ти биде тоа искуство.
На полагањето за мотор, беа најтешки вежбите, посебно ете таа осумка каде многумина дечки паѓаа поради недоволен баланс, па или ќе пуштеа нога, ќе излезеа од линија или закачија некое од чунчињата. Тогаш кога јас полагав (бев копиљ, 18 год), немав претходно искуство со голем мотор, освен со скутер и паднав баш на ова. Сега имам слушнато дека една од вежбите скратиле, која, не знам, но било многу полесно од тогаш.
Градската ја возиш сам, позади тебе се возат со кола и ти кажуваат каде да вртиш и сето полагање, се разбира, се снима со камера. Тука освен правилата во сообраќајот, гледаат и колкава стабилност имаш на моторот. За менување брзини не би ти претставувало преголем проблем чим имаш Б категорија.

Морам да ти кажам дека секој вид на мотор си е засебна категорија за себе. Пред неполна година купив чопер (Yamaha Virago 250) и вожњата која ја пружа е феноменална. Едноставно уживаш во сета таа слобода и лагодност додека го возиш. Добар е за вожња во град, а уште подобар за крузирање на некоја не толку долга дестинација, посебно по некои локални патишта во природа. Ми делува крајно позитивно на расположението, и признавам дека станав зависен од него, па не би го менувал за нешто поадреналинско. Иако и овој знае да пружи доста адреналин кога ќе се нагази.
Ако размислуваш да земеш од овие до 1000 евра, би ти препорачал да гледаш само Lifan, корејска копија на Јамахата која доста добро се покажа. Пази само да не налеташ на Хамачи, кој изгледа исто како Lifan-от само е кинески. Заобиколи го, како и се останато од Кина. Можеш за старт да разгледаш 125. Одлична е таа кубикажа за почетници, па подоцна да ја замениш за нешто појако.

Со среќа на полагањето и добредојде во клубот. :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Дечките пред мене убаво ти објасниле ама еве ти од некој кој минувал нив тој пат пред неполна година. Еве ти повеќе инфо за мене, пред да решам да полагам мотор со очи што се вика немав видено, неколку пати се имав воѕено со пријател ама никогаш немав ни пројавено желба за јас да возам. Си бев исклучиво на точак и супер ми беше, барем јас така мислев :).
И така во октомври 2017 се решив да полагам, истиот тој пријател што ме имаше возено неколку пати на мотор ми даде мотор да пробам (има два мотора он хонда цб1000ф и хјусонг 125 хрх или така нешто, нормално дека 125ката јас ја пробав), не ми беше мн страв од држење рамнотежа зашто ако моторот немаше баланс сам од себе ќе требаше да се бориме а не да уживаме во возењето. Така што рамнотежата и балансот лесно ќе ги совладаш, поготово што викаш долго пред тоа и точак си возел тоа е тоа. Доаѓаме до менување брзини, бев доста исплашен со ова и мислев дека е некоја квантна физика ама искочи да е полесно него да смениш брзина на кола, горе убаво ти објасни членот нагоре се зголемува брзина надоле се намалува, единствен исклучок е прва брзина која е надоле кога моторот ти е во лер, е малку те излажаа со тоа еднаш надоле и во лер си ама добро на полигон и полагање така ќе ти биде зашто повеќе од 2ра нема да имаш потреба. Теоретската настава воопшто не ја слушав, и не полагав никакви дополнителни тестови така што ти е поминато, прва помош исто ти е помината чим имаш за кола возачка, значи останува делот возење. Поминав 3 дена на полигон, кружев како будала таму и цело време ми беше менување брзини тоа и беше целта да научам да ги менувам, сепак на почеток ќе ти биде доста поразлично од кола, и нормално ми ги покажаа вежбите што се за полагање, имаш две вежни возење по линија и цик-цак помеѓу чунови, тоа со чуњовите може да ти е проблем со поголем мотор ама со внимание се поминува (и да убаво би било да имаш мотор за да вежбаш, јас така правев на голем паркинг кај александар палас си редев шишиња со вода полни за ветер да не ми ги бутка и поминував помеѓу нив). Со малку вежбање нема од што да се плашиш лесно е тоа. За градска ти кажаа ти на мотор инструкторот/комисијата позади тебе во кола и на токи-воки ти кажува каде да возиш, мораш да имаш и еден час ноќно возење. Тоа е патот што треба да го извозиш за да добиеш возачка после тоа останува да уживаш во возењето и да ја подобруваш техниката. Јас пример немав мн прилика да возам после полагањето бев 2 пати до козјак само, ама затоа се вратив за релито на независноста и беше супер искуство. За некој што имаше поминато дали 100км после полагањето да извозиш 800+км во 3 дена на секакви патишта беше супер искуство, со душа чекам на следна можност за повеќе да возам.
Со среќа на полагање и со памет да возиш после тоа.
 
Член од
6 ноември 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво за а2 категорија уште во 2017 се збореше дека е воведена уште нема ништо а и неможе да се полага за истата? Некое инфо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom