Остај експертиве што ти велат “Види позади “тој и тој трговски“ има во тоа и тоа дуќанче. Не е роба што не се наоѓа,туку таков тутун има во сите “тобако“ трафики и ризли исто така. Од сите што ги пробав, Red Bull (Chief Quality) ме бендиса најмногу - ароматичен, интересен вкус но доста јак.Инаку е вирџинија тутунот.Ако сролаш поголема цигара понастегана може и да ти се заврти во главата.
Moro е најглупав, сино паковање, а исто така овие што се вирџинија (така пишува на опаковката) со бугарски текст “пушењето е штетно и сл“ се најбатал квалитет. Додека виткав тутун и изигравав каубој, најчесто земав Red Bull и Red Field белгиски, без адитиви.Цените се од 210 денари најевтино до 300 и нешто,зависи од трафиката и од тутунот.Сите се по 35 грама.
Од ризли земај кафеави, неизбелувани ко демек поштетна е ризлава од тутунот. Али фурај филм барем дека од квалитетна ризла пушиш тутун. Филтерчиња се убавезни,освен ако не сакаш да ја искашлаш плуќата после 2 цигари. Сролан без филтер ти е ко да си застанал зад некој автобус од старите на јсп. И на крај, најглупата ствар со ова е што ако ти текни да го сролаш за 90 % изгледаш дека пушиш џоинт. Ако си тргаш така по улица, има шанси да те претресат малку чичковци во униформа дури се објасниш “абе не е џоинт, тутун виткам така“.
Инаку пушам Winston сега оти ебиму матер ина ролање и ризли и тутун купување кога ти се пали цигара полесно е да ја извадиш од кутија и да запалиш.[DOUBLEPOST=1536961937][/DOUBLEPOST]