Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 август 2018
Мислења
427
Поени од реакции
531
Ме нервираше страшно кога ВМРО го тупеше со Б.Ц и транзицијата дури и на изборите у 2012 шест години отакако дојдоа на власт. Ај ќе кажеш тоа беше партиска пропаганда за време на изборна кампања по телевизии, ама овие бе до последно полтронче ги истренирале истите фрази и по фб, кајгана, кооперација, со роднините на ручек да ги мантраат. Роботи.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Што се случува ако има цензус и се изгласа ЗА? Дали пак мора во собрание да помине со 2/3 мнозинство? Која е поентата на референдумоит, ако мора да се изгласа и во собрание, каде што пратениците може и да не гласаат онака како што на референдумот изгласал народот? Ако е така, без предвремени избори (со надеж на власта дека ќе добијат над 81 пратеник во најширока можна коалиција) не гледам начин како би поминал договорот.
Мора пак в Собрание.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
За муабетиве камо да зборевте/се буневте вака кога Цацко и Миле беа на власт треба да следи перманентен бан од форумов.
Па што не кажа до сега?
Само ти заповедај, како ти одговара...
еве, кој сакаш да банирам?
 
Член од
16 август 2018
Мислења
427
Поени од реакции
531
Има разлика помеѓу политичка определба и полтронизам, неќе да си првото. Нека ви ја сменат у штаб касетата, иритирате народ и тоа во лош момент.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Има разлика помеѓу политичка определба и полтронизам, неќе да си првото. Нека ви ја сменат у штаб касетата, иритирате народ и тоа во лош момент.
Иритирам народ?
Одлично.
Овој народ заслужува да биде иритиран. Не заслужува држава.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Камо вака да споделуваше вести кога беа вмро на власт...
Ааааааааааааа ова не ти чине, сакаш да се ставам да бидам во реакција наместо во акција :icon_lol:. Да бидам ефект наместо причинител на нештата :icon_lol:. Како што имам споделувано, тука лесно се проверува. Види премиерот наш како е во дефанзива, се заебаваат за ајварот и овај е ефект на тоа вика ајвар, се гледа колку му се добри советниците. Можи јас да му дадам некој совет :icon_lol:?

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.431
Решив да искачам на референдумот само ако ми платат, во Шутка претходните избори имаа 100 илјади евра за купување на 2000 гласа
значи на претходните избори одлучив, ако немам никаква лична корист од било кои избори што ќе се одржат во иднина не идам да гласам,

е сега ако ме вработат во МЕПСО (ама само ако прво ме вработат)
или ми искешираат неколку стотки
или да ми се натрти некоја јака штапска оФца
или да ми наместат да добијам на лото
или да добијам некој тендер
јас ќе излезам да гласам(y)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Грубо кажано кастата која ги гледа сите од високо т.е. фејк европјаните се разликуваат од фејк патриотите само и само по тоа што место да ги голтаат гомната од Мирко ги голтаат тие од Васиљ.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.685
Поени од реакции
88.643
Лижигз level: Саше Аналитико

20180911_163918.png

Инаку и овој беше од Шарените, видовме сите која била каузата на Васиљ, Павле, Туфте и останатите џаболебари.

За Македонија се бореле, пфф... :LOL:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Доаѓале луѓе од светов пази.... ДА НЕ МОЛАТ да излеземе од гомната.

Да не молат бре :pos:. Оние што име несакаат да ни спомнат, што не гледаат ко слепо црево во Европа ќе дошле овде да не молат:pos:

Не фала, откако станавме држава ние:
1) Сменивме име под притисок
2) Сменивме знаме под притисок
3) Потпишавме Рамковен под притисок од овие што не "молат" моментално
4) Имавме штетен референдум каде што ни отиде цела Западна Македонија со поддршка од овие што не "молат"

И сега некои ми викаат "Ај уште ова, и готово ќе влагаме во НАТО, ЕУ, ќе дојде живот, никој нема да гладува..."

Абе мрш таму, еве веќе 25 години чекаме и никако да влеземе. А и со овој договор никој не ти гарантира дека пак некоја членка ќе ни лупне вето за во ЕУ и НАТО. Ако го изгласаме овој договор... е тек тогаш ќе видите како ќе ни се залепат Грциве како мрсул за секоја неисполнета точка од договорот. Исто како и Бугариве за тој навидум "добрососедски договор" каде сега не опомнуваат на секој чекор.

Колку сте вие само мали и наивни суштества, па не е ни чудо што вакви билборди ставаат низ градов, и што ви праќаат земјоделци од Албанија да ви го перат мозокот.
Али ако, и самите сте свесни дека референдумот тешко ќе помине па ве фаќа јанѕа :toe:.

Инаку по се изгледа ДПМНЕ ќе останат неутрални на референдумот, се очекува деновиве да излезат со соопштение секој граѓанин со свои убедувања да реши како ќе постапи по референдумското прашање. Ова е еден вид на Бојкот и од нивна страна...
Иако буквално не е молење, реално тоа е. Си имаат работа со посраница од крими народ со крими власти, кој што треба да го реши спорот за името стар 25+ години, за да влезе барем у нато. И ти знаеш дека ако се влезе у нато ќе се има некоја пара плус.
Овака ништо не правиме, со статус кво. Тоа што ќе се чукам по гради дека сум македонец за жал нема да ми даде да јадам.

Да речеме дека референдумов паѓа, и ни вртат грб сите. Што тогаш? Ќе го изигнорираат ветото со грција? Ќе направат посебен договор со нас? Кај ке тераме? Ќе останеме македонци по дома, фиромјани за другите освен за турција и србија, со прстот во уста. Или евентуално со бугарски пасош. Реално зборувам друже.
 
Кога ќе почнат пари да даваат донации,грантови, евтини креди,што ќе му правиме на парите?

Овај муабет дека некој пари ќе дава го слушаме години наназад, зарем мислиш некој уште верува во бајки?
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Ааааааааааааа ова не ти чине, сакаш да се ставам да бидам во реакција наместо во акција :icon_lol:. Да бидам ефект наместо причинител на нештата :icon_lol:. Како што имам споделувано, тука лесно се проверува. Види премиерот наш како е во дефанзива, се заебаваат за ајварот и овај е ефект на тоа вика ајвар, се гледа колку му се добри советниците. Можи јас да му дадам некој совет :icon_lol:?

Ovoj kako da zboruva na deca od gradinka..
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Да речеме дека референдумов паѓа, и ни вртат грб сите. Што тогаш? Ќе го изигнорираат ветото со грција? Ќе направат посебен договор со нас? Кај ке тераме? Ќе останеме македонци по дома, фиромјани за другите освен за турција и србија, со прстот во уста. Или евентуално со бугарски пасош. Реално зборувам друже.
Прво нема сите да ни свртат грб.
Ако падне(а ќе падне) референдумот паѓа топтан и марионетската власт.
Тогаш треба да дојде власт која ќе нема вазалски однос кон нато-еу.
Промена на стратешките цели од запад кон исток.
Преговорите со името се затвораат, и од политичко се преоѓа кон јуристичко решавање на спорот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom