Бош муабети од маалските шерифи не те прават поинформиран, муабетите од пред кооперација пак не те прават поинформиран.
Пример околу автопатот имам да дополнам уште многу информации, околу градежништвото низ мкд сум одлично информиран и тоа за објекти низ цела мкд, дури и за проблемите што излегуваат на овој експресниот пат што го почнаа од Градско за Прилеп, па гасоводот за кој сега се протестира на Водно и тн затоа што се сретнувам со колеги кои работат на истите секојдневно и сум во таа област, дури и за детали кога ги утнаа столбовите за цели 4 метри на мост, па ги преправаа, па тековни глупости околу промена на геодезијата и статиката на одредени делници, па промена на трасата на одредени делници, али не би сакал да навлегувам во такви глупости на форум, туку само во поблизок круг на пријатели.
Тоа што ќе го слушнеш во продавница и пред кооперација не значи дека те прави поинформиран, често тамошните информации се поисфилувани дури и од оние на порталите, еден слушнал, другиот недослушнал, па некој си додал за да биде интересно и додека да стигне до последната страна ќе испадне сосема десетта работа.
Имаш често пати „патки“ намерно кои се пуштаат помеѓу народот, со другар имаме правено социјален експеримент со таква работа, намерно пуштивме муабет кој кога се врати од целосно друга страна беше целосно променет и различен од она што го пуштивме на старт. Така да верувај дека горе долу и тие надвор се информирани за реалната ситуација во државава, за специфични детали од типот на фалсификат фактури, грешки во градежништво, местени тендери во РЕК, фалсификати на тендерски документации, договарање за учество и диригирање на цени при аплицирање на одредени тендери, штимање и незаконско формирање на градежни парцели, дивоградби и што уште не може да знае само некој што е секојдневно во тој бизнис.
Тие што се излетуваат со некои рандом постови кои се тука генерализирани ти се најчесто со IQ како и многу будали кои живеат тука, имаше некој од членовите постирано видеа за такви ретарди неколку страни поназад.