Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.352
Дури и Цренковски бил децидно против ерга омнес решение за името, хаха.

Кој би рекол дека еден лик како него ќе има повеќе достоинство од актуелнава гарнитура кловнови кои служат како килимче за бришење нозе, ерга омнес.
Црвенковски сега го боли цоцот, може да си кажува што сака, кога сака и каде сака.... исто како и ние овде што си лупаме... исто како што во голем дел и опозицијата си лупета и ич не и е гајле...... Црвенковски сега исто како и некој Трте пред кооперација може да си зборува што ке му падне на ум, без да го боли глава за тоа што рекол. Е, друго е кога си власт, кога ги носиш одлуките и носиш одговорност за истите.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Дури и Цренковски бил децидно против ерга омнес решение за името, хаха.

Кој би рекол дека еден лик како него ќе има повеќе достоинство од актуелнава гарнитура кловнови кои служат како килимче за бришење нозе, ерга омнес.
Tекстовиве се како Грујо го давал името а Бане го бранел па после Зајо му текнало пак исто што на грујо од пред 10 години и направил одличен дил и после читај вести:rolleyes:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Дури и Цренковски бил децидно против ерга омнес решение за името, хаха.

Кој би рекол дека еден лик како него ќе има повеќе достоинство од актуелнава гарнитура кловнови кои служат како килимче за бришење нозе, ерга омнес.
Апсолутно ништо не ми значи патриотизмот на Ѓорѓе Иванов или Бранко Црвенковски. Тие го вадат по потреба на маса. Инаку, во остатокот од времето, добро покажаа и двајцата колку се патриоти.[DOUBLEPOST=1536057099][/DOUBLEPOST]ЦИЈАНИДНАТА КОАЛИЦИЈА ФАТЕНА НА ДЕЛО, ПРЕД КАМЕРИ!

-Крум Велков-

Видете што се случи денеска во македонскиот парапарламент. Претпладнето, кога беше најавено дека на дневен ред на денешната седница е ставена точката за Законот за минерални суровини, свеж ветер проструи низ Југоистокот, носејќи надеж дека изгласувањето на Законот го означува почетокот на крајот на рудниците на смртта, проблем кој предолго егзистенцијално го вознемирува регионот. Тој Закон, чија поготовка започна по силниот притисок што го изврши еко-движењето од Југоистокот, предидува забрана на користење цијаниди и сулфурна киселина во нови рудници од отворен коп и други мерки, кои значително би придонеле за превентивна заштита на животната средина. Законот не ги опфаќа постојните рудници.

Ако претпладнето се наѕираше олеснување од исцрпувачката, речиси двегодишна борба, тогаш попладнето суровата реалност на македонската „политика“ уште еднаш не соочи со својата одвратна лицемерност и корумпираност. Пред да биде поставена точката за Законот, во салата имаше 97 присутни пратеници. Тие претходно жолчно дебатираа и се обвинуваа во врска со претходните точки на дневен ред, но потоа одеднаш се случи стратегиско обединување и национално помирување.

Во мигот кога на дневен ред дојде Законот, настана вистинско стампедо кон излезните врати на салата, од двете партии, во буљук, по што останаа присутни само 15-тина пратеници, што значи дека немаше кворум за гласање на законот. (Ако има некој снимка од тие мигови, нека ја постира во коментар). Не е ова тивок бојкот како што некои го нарекоа, ова е громогласна, дрска, битангоидна јавна манифестација на презир кон граѓаните од страна на „народните пратеници“, и тоа кога тие граѓаните се во егзистенцијална опасност.

Ова е еден од досега најеклатантните докази за кукавичлакот на „избраните“ и, особено, за негативната селекција според која тие се селектирани за во парапарламентот. Затоа и е ѓоа-парламент, т.е парапарламент. Парата го владее.

Севкупно, здружената, неофицијална Цијанидна коалиција СДС-ДПМНЕ, асистирана од ДУИ, уште еднаш потврди дека нивните кавги само ја замајуваат јавноста во вид на димни бомби. Во реалноста, се работи за коњуктурно-лукративна групација со ротирачка методологија, која 27 години ја упропастува државата и која може да ја купи кој сака. Рудниците на смртта се вистински лакмус, огледало за погубните дејства на таа коалиција.

Ние, во овој чин прочитавме неколку јасни пораки:
1. СДСМ ни оддалеку не е компактна во врска со рудниците на смртта. Зоран Заев, доколку е/беше искрен во исказите дека е против рудниците на смртта, во што сакаме да веруваме, очигледно нема контрола врз пратениците. Или , пак, цело време лаже-корне, манипулира, купува време и дефокусира. Моментално, главните политички играчи на цијанидната коалиција/рударското лоби му се во владата: еден како потпретседател за економски прашања, друг како генерален секретар . Во случајов, очигледно тие му ги контролираат најголемиот број пратеници.

2. ДПМНЕ нема ни абер ни усул да преземе нешто против рудничката закана, проблем што таа партија ни го остави како патриотско наследство преку претходната гарнитура на власт. Очигледно, оваа партија во слободен пад и нема намера да се занимава со овој проблем, уште помалку да се искупи, бидејќи значајни партиски структури се очигледно непоправливо корумпирани во врска со проблемот. Мицковски е демагог, кој не може да донесе ништо ново, ниту е воопшто заинтересеиран за проблемот со рудниците, туку е преокупиран пред се со улогата во драмолетката која му е доделена во врска со референдумот за името.

3. Народот е оставен сам да го решава проблемот и да се заштити, бидејќи државата не го штити. Народот и ќе се заштити, бидејќи мора да се заштити. Во спротивно, ќе мора да се исели, бегајќи од отровите. Пратениците од Југоистокот кои ја избегнаа денешната седница, ќе бидат јавно обелоденети.

4. Т.н. рударско лоби мора да биде елиминирано и оневозможено да влијае врз политиката, како што досега со децении влијаело Македонија да нема закон за максимум дозволена контаминација на почвата, имено за да можат рудниците да загадуваат без контрола, без казни и без забрани.

На денешен ден пред една година, Цијанидната коалиција составена од структури, пред се на ДПМНЕ, но и на СДСМ, го опструираше и тивко го бојкотираше референдумот во Општина Босилово против рудникот Иловица-Штука. Меѓу другото, со здружени сили, од ДИК ни испорачаа катастрофално непрочистен избирачки список.
Денеска, македонскиот политички цијанид уште еднаш, по којзне кој пат ги остави граѓаните на цедило, преку пратеници кои мислат исклучиво на сопствените џебови; еден глупав, себичен буљук простачки профитери без елементарен морал и одговорност пред општеството. Денеска избегаа, но долгорочно нема да избегаат. Секој ќе мора да се изјасни.

Најавуваме, во најкус можен рок, донесување итни решенија во врска со облиците на натамошниот отпор против рудникот Иловица-Штука, а доколку пратениците во најскоро време не го изгласаат Законот, и почеток на консултации за еден вид општомакедонски еколошки фронт. Ќе бидете информирани.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
"инвестициите и реформите"
Па не да ќе тепаат, не да ќе влагаат у собрание, со тие пари армија се купува
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/1-500-vraboteni-vo-sekjurikom-ostanuvaat-bez-rabota/
https://sdk.mk/index.php/makedonija/vrabotenite-vo-sekjurikom-na-protest-pobaraa-rakovodstvoto-da-im-isplati-tsela-plata-ne-na-delovi/
http://prizma.mk/krivichni-za-sluchajot-sekjurikom/
https://den.mk/archives/5231
Извори на Ден.мк велат дека фирмата, која ја нарекуваат „пералница на Владите на сега опозициската партија“ покрај огромните суми што ги добива за одржување на хигиена и обезбедување на подрачните единици на министерстваата, Владата и Собранието, работниците кои се превземени од Службата за општи и заеднички работи земаат мизерни плати кои освен со минималната плата не им се покачени 15 години.
– Забрането им е да се организираат во Синдикат. Платите често им доцнат и им ги исплаќаат на рати, а за сметка на ова менаџерите земаат огромни плати, велат изворите на Ден.мк.
Ден.мк претходно објави дека во 2002 година, во време кога Љубчо Георгиевски е премиер, а Никола Груевски министер за финансии околу 500 луѓе не по своја волја преминуваат во Секјуриком Мултисервис, а на нивно место во државните институции се внесуваат илјадници други луѓе – партиски вработени. Од првиот потпишан договор во 2002 година па наваму, се чини дека сите државни тендери се по мерка на единствената фирма која содржи чистење, обезбедување и тековно одржување, Секјуриком.
Секјуриком договор за одржување на Владата има потпишано три пати, првиот во Владата на Љубчо Георгиевски, во 2002 година, вториот и третиот во Владата на Никола Груевски, во 2012 и 2015 година.
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.356
Поени од реакции
21.771
Црвенковски сега го боли цоцот, може да си кажува што сака, кога сака и каде сака.... исто како и ние овде што си лупаме... исто како што во голем дел и опозицијата си лупета и ич не и е гајле...... Црвенковски сега исто како и некој Трте пред кооперација може да си зборува што ке му падне на ум, без да го боли глава за тоа што рекол. Е, друго е кога си власт, кога ги носиш одлуките и носиш одговорност за истите.
Јас само се надоврзав на статиите што ги постираа Beric и gjoko-mkd, не пренесов негова изјава од 2018.

Ставот на Црвенковски е од 2008, кога бил на власт (претседател на РМ), кога носел одлуки и кога носел одговорност за истите.

Неговиот став бил дека е децидно против ерга омнес решение за името.

Неговиот став бил дека може и Северна Македонија, но само за меѓународна употреба, односно како замена за референцата FYROM.

Без да се менува устав, пасоши, лични карти, учебници, имиња на институции и сл., како што е предвидено со сегашниов договор. Без да има дообјаснувања, коси црти, загради и фусноти за јазикот и националноста, како што е предвидено со сегашниов договор.

Инаку, да, доколку истото го изјави сега, во 2018, истото би вредело колку ланскиот снег, бидејќи не е на власт и не носи никакви одлуки, ниту пак одговорност за истите.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
интересно. Ова за стари автобуси го имаше на инфомакс пролетоска, па лани октомври, со акцент на тоа дека премиерот ги пуштил во употреба (наместо ЈСП ги пушти во употреба)...секоја година се известуваше за вакви автобуси, посебно во врска со загадувањето. Тој Јоци не памети многу нешто. Можда не памети ни што намера имаше пвемиевот со тие стари автобуси. кромид
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ура ура цензура...


ЈАНИ БОЈАЏИ ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА: Вака почна и во илјадагодишниот Рајх, прво со уметниците, потоа…!


Македонското министерството за култура без око да му трепне јавно објавува дека ќе ,,воведе контрола врз цитирам: темите, идеите и пораките што ги испраќаат овие филмови“! Ова е директно и недвосмислено ограничување на правото на слободен говор и тоа за уметничко дело кое дури и не е покажано јавно во целост.


https://denesen.mk/jani-bojadzi-vaka-pochna-i-vo-iljadagodishniot-rajh-prvo-so-umetnicite-potoa/
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Единствено нешто, што денес е подобро во независна Македонија, од пред тоа, е Винскиот Пат и производството на вино. Но, не за долго. Ако направат топилница таму, во Тиквешијата, сите тие винарии, ќе можат комотно да се ебат во газ. Не гледам зошто сега, покрај вакви најави, некој би планирал вложување, во виното таму.
Испадна дека сите еколошки штетни проекти на Груевски, новата власт ги подржа, затоа што оние кои стојат зад нив и на новата власт, не им беше проблем, да и пуштат паричка. Топилницава, рудниците и др...
Повторно, попусто, тука може бескрајно да се ламентира за утепаниот дух на народот, од кој произлегува ниската еко-свест, од која ќе произлезат многу големи и нерешливи проблеми, во идно време (а чиј дел ги имаме и денес, како резултат на истата ниска еко-свест).

Ова е писмо на директор на винарија, до градоначалникот на Кавадарци:

Почитуван г-дин Јанчев,

Ви пишувам по повод најважното прашање што се исправа пред Вас, пред советниците на општинското собрание и пред сите граѓани на Кавадарци во време кога Вие сте градоначалник – dа се одобри барањето на ИГМ tрејд ДООЕЛ Кавадарци (односно на г-дин Илија Гечев) како инвеститор, за Г1 зона или не, при претстојното носење на ГУП Кавадарци?

За оние што не се информирани да појаснам дека е во тек јавна анкета по предложена промена на ГУП Кавадарци како дел од целата постапка за донесување на нов ГУП Кавадарци и истата е отворена до 10 септември при што колку што сум јас упатен во предложениот ГУП нема Г1 зона.

Во отсуство на јавно кажани информации се потпирам на чаршиските информации дека г-дин Илија Гечев бил на состанок со Вас и со советниците и дека бара Г1 зона за да може да изгради топилница и/или леарница со образложение дека е тоа голема инвестиција и дека ќе донесе нови вработувања во општината при што објаснувал дека новите технологии што ќе се имплементирале немало да загадуваат и дека тој лично „ќе пазел“.

Чаршијата во градот збори дека и премиерот г-дин Зоран Заев, кој го посети Кавадарци минатата недела демек со грижа за бербата на грозјето и за лозарите, вусшност дошол да лобира и „благо“ укажал дека не треба Кавадарци да ја испушти оваа „голема можност“ – да се направи топилница и/или леарница. Немам видено официјална информација од него или неговиот кабинет. Нему, можеби, посебно писмо.

Се зборува и дека некои „дил ориентед“ советници му укажале на г-динот Гечев дека треба кафе да пие со нив за да заврши работа.

Низ чаршијата кружат контрадикторни информации за вашиот став. Некои велат дека вие сте се скарале со г-динот Илија Гечев поради тоа што сте биле против неговата иницијатива за Г1 зона, а некои зборат дека сепак имате „дил“. Немам видено информација или официјален став ниту од Вас ниту од Ваш кабинет.

Би сакал тука да изнесам неколку факти. Долината во која е поставено Кавадарци има специфична локација затворена е од три страни и тука има многу малку ветар – можеби најмалку ветар споредено со кој било друг град во Македонија. Кој не се качил на Витачот не ја знае и глетката кон градот обвиен со смог. Кавадарци има најмногу камиони по глава на жител на Балканот, повеќе од 1,5 возила по семејство, најмалку 0,5 трактори по семејство, најмногу казани за ракија по глава на жител во светот, >95% од домаќинства се греат на фосилни горива, го има ФЕНИ и веќе се вбројува во најзагадените градови во Македонија, а со тоа и во светот.

Уште малку факти кои треба да помогнат во расветлувањето на „големата инвестиција“, за новите технологии и ветувањето на инвеститорот дека ќе внимава. Г1 значи загадувачка индустрија (ако не загадува тогаш и Г2 му е добра опција на инвеститорот). Топилница и/или леарница значи емисија на огромни количини на штетни материи (гасови) кои при користење на модерни технологии можат само да се намалат, но тие гасови пак ќе бидат во огромни количини и сѐ уште ќе бидат отровни. За функционирање на таков индустриски капацитет потребна е логистика т.е. дополнителен камионски транспорт на суровини, енергенси и готови производи во милиони тони, а тоа значи дополнително загадување од издувни гасови и дополнителен притисок на патната инфраструктура во општината. Уште повеќе тоа значи и употреба на вода и излевање на загадена токсична отпадна вода која ќе влезе во почвата.

Г-дин Гечев, наводно, рекол дека ќе пази. Се поставува прашањето како ќе внимава и што ќе биде со неговото пазење кога ќе му дојде непристојна понуда за поевтин енергенс или пак понуда да ја продаде фирмата? Ова негово ветување не е аргумент кој треба да се зема во обзир во разгледувањето и во дискусијата на темата. Неговиот обид да го внесе тоа ветување како аргумент наидува на многу зајадливи и подбивни коментари низ чаршијата на градот. Тие коментари (нема овде да ги изнесам) ја отсликуваат реалноста дека неговото ветување не е реален аргумент и не треба да се земе предвид при носење на одлуката.

Ајде сега малку споредба. Во Тиквешијата има 20.000+ хектари лозови насади во кои, некои 20.000 фамили и X фирми, имаат вложено не помалку од 200 милиони евра (тоа е цената на насадите, а цената на земјиштето треба да се додаде на таа сума). Тие 20.000 фамилии имаат домови т.е недвижности кои сигурно не се вредни помалку од 800 милион евра. Други фирми имаат вложувања од сигурно над една милијарда евра. Дополнително загадување со „големата инвестиција“ би значело драстично намалување на тие веќе постоечки инвестиции и тоа намалување на вредноста би било неколкукратно поголемо од најавената „голема инвестиција“. Проверете ги вредностите на недвижностите во Велес и во населба Железара во Скопје и ќе ви стане јасно каква загуба би претрпеле кавадарчани.

И најважното. Во Кавадарци веќе имаме огромен број на луѓе (помеѓу нив и деца) кои поради загадувањето умреле или се заболени од рак или пак од срцеви болести. Колку повеќе ќе заболат и колку повеќе ќе умрат?

Се прашувам зошто во Тоскана, Напа, Бордо... немаат топилница, а имаат милиони туристи? Дали визијата за развојот на Кавадарци и Тиквешијата не може/треба да биде инспирирана од тие успешни градови/области?

За мене одговорот на прашањето да се даде Г1 или не, е едноставен. Мојот став е дека треба да се бориме и со сегашната загаденост а не пак да создаваме нова. Но Вие лично сте исправени пред тоа прашање (јас и другите како мене можат само да прават граѓански иницијативи) и на крајот, бидејќи се кандидиравте и граѓаните Ве избраа, а системот е така поставен, Вие ќе одлучите и Вие ќе бидете одговорен за развојот на Кавадарци или смртта на Кавадарци.

Се зборува дека сте кажале дека сакате да поставите ново ниво на работење на градоначалниците во Македонија, дека сте сакале да оставите огромен белег во вашата работа како градоначалник.

Досега колку што можам да забележам се покажавте како одличен менаџер и направивте навистина многу работи во Кавадарци, работи за кои само злобници нема капа да Ви симнат.

Одличен менџер сте. Но, сега носењето на новиот ГУП ќе покаже дали сте ЛИДЕР. Со новиот ГУП ја давате Визијата за тоа каде ќе оди градот и го покажувате патот. Ги ставате рамките на наредниот развој (или смрт) на Кавадарци.

Големите, вистинските, лидери за својот народ/своите граѓани секогаш носеле правилни визии за развојот т.е. го покажувале патот. Затоа покасно во историјата се означени како големи лидери. И сигурен сум дека секој од нив се соочувал со тешки дилеми и тешки прашања. Но одбрале мудро имајќи го во предвид доброто на сите, а не на поедници.

Дали ќе Ве запамтиме како голем лидер кој ќе го развие градот и со тоа и цела Тиквешија или како човек кој ги исчисти, направи и обележа со бела боја улиците низ градот а во исто време и го уби градот и Тиквешијата?

А Г1 ќе биде масовно убиство.

На крај да додадам дека во оваа најважна одлука не треба да се скриете позади приказната дека советниците одлучуваат. Да, тие одлучуваат, но вие го носите товарот. Таквото нешто ќе биде кукавичко. Лидерите не се кукавици. Тие се храбри. Вас досега Ве бие глас на храбар човек.



Со почит и секогаш со добри намери, роден кавадарчанец,

Јордан Трајков, извршен директор на винарска визба Попова Кулa
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Уште во 2008 година официјално Скопје дало согласасност за промена на уставното име во „Република Северна Македонија“ ,,под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“, се наведува во документ на американската амбасада во Скопје што го објави Викиликс, а го пренесува порталот Катимерини.

Доверливиот документ на американската амбасада под наслов „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за името“, е од 29 јули 2018 година, а го составила тогашната американска амабасадорка во Македонија Џилијан Миловановиќ.

Документот покажува дека целите на Македонија не се многу променети во последната деценија и дека во одредена мерка се постигнати со грчко-македонскиот договор од јуни годинава.

Во првиот дел од документот се споменува дека Миловановиќ своите заклучоци ги претставила по разговорите со тогашниот претседател и премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, и наведува дека условите биле прифатливи за земјата.

„Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската Влада е подготвена заради отворањето на патот во НАТО и членството во ЕУ да се согласи со името Република Северна Македонија во сите меѓународни организации“, се наведува во документот на американската амбасада во Македонија, до кој дошол Викиликс.

Националноста и јазикот, исто така, требало да ја имаат придавката „македонски“, се заклучувало во документот, но дека со тоа треба внимателно да се постапува - можеби во вид на некој анекс или интерен документ во ОН што нема да биде предмет на одобрување од грчката страна, пренесува Катимерини.

Да да се е тоа точно, Но, заборави еден еден мал детал, црвените линии на Р.Македонија во тој момент биле,
-Да остане националност македонски
-Јазикот да биде признает за македонски
Што е финтата? сега тие не постојат, значи немој да убедуваш дека по ова ќе сме останеле Македонци. Немам намера да се убедувам со тебе, затоа што нити тиниту јас ќе го промениме мислењето, ако кај тебе може кај мене не може
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Да да се е тоа точно, Но, заборави еден еден мал детал, црвените линии на Р.Македонија во тој момент биле,
-Да остане националност македонски
-Јазикот да биде признает за македонски
Што е финтата? сега тие не постојат, значи немој да убедуваш дека по ова ќе сме останеле Македонци. Немам намера да се убедувам со тебе, затоа што нити тиниту јас ќе го промениме мислењето, ако кај тебе може кај мене не може
Мрш
 
Член од
16 август 2018
Мислења
427
Поени од реакции
531
2008- двојна формула
2018- ерга омнес
Ало бре има ли админи да ги опоменат/казнат пацовиве што постираат половични или лажни информации.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom