Секогаш се наоѓа некој пријател со 3000 евра за заем. Ќе му ги вратат во првата година и решен проблем.[DOUBLEPOST=1535630083][/DOUBLEPOST]
Гренпа Рик!
Работник е баш подобро да е надвор. За работници и за млади на почеток на кариера одлуката е најлесна. Барем ќе заштеди некоја пензија, или децата ако ништо друго ќе ги школува таму ако ги бива... Во Македонија што ќе направи?
Овде дилемата е за други професии. Пример инжинер на 38 години кој има солидна плата...Или мајстор што си тера приватно... Или двајца учители... Јебеш тешка одлука е во тие случаи. Ваму имаат нешто, а никој не знае колку ќе трае, а ако си одат треба на ново да се снаоѓаат и никој не им гарантира успех.
Oh jeez
Абе види, ако си работник таму како нашиве 90% што само 5 збора германски/шведски/француски,норвешки знаат не е подобро. Ако веќе научат јазик е друг муабетов, имаат простор за напредок, имаат некаква појдовна точка за да се качуваат нагоре по корпоративната скала. Иако и овде можеш солидна работа да ќариш ако знаеш јазик, да не се лажеме.
Меѓу другото, како тоа е подобро за работник кој не знае јазик на страна да отиде со своите деца таму? Ако 100% од времето дома збориш на македонски како тоа дете ќе научи на пример шведски? До 7 години нема да има поим, гарантирам.
Знам луѓе кои како доктори отишле во Германија. Ми плачеле по телефон или на чет. Не фурам, не измислувам за да имам аргумент. Жива вистина.
Пошто тука им е незамисливо полабаво работното место и целата работна етика е на ниско ниво, доста од луѓево курташак си тераат на раб место, вклучувајќи и како доктор. Доктори на работа се сликаат за инстаграм. Само кај нас го има ова.
Мислам дека сме и единствената држава каде што има вработени кои не идат на работа.
Луѓе во IT сектор во Македонија гејмаат на работно место - дота 2ка си играат без проблем.
Кај го има ова?
Во Европа тешко тие муабети другар. Таму ќе ти се испоти газето од работа.
Да не спомнувам Америка која што е уште похардкор од Германија. Луѓе спијат на работно место. Имаат дедлајн? до 22 на работа ќе останат (овертајмот е неплатен ако работиш на фиксна плата, но имаш затоа бонуси базирани на перформанс на крај од година или квартал кои се доста солидни). Ги глеаш искачаат од работно место у длабока ноќ а тие со подочњаци до колена.
Кај нас само оние што се 3та смена остануваат толку касно.
Овие аргументи малце се игнорираат кај нас, колку се работи овде и колку се работи на запад.
Сеа некој ќе ми каже еееееееј пер остај тоа, се рмба и кај нас.
Никој и ништо нема да ме убеди дека кај нас се рмба како и таму.
Можеби ние "рмбаме" ради неорганизираност на работата и работното место или лудоста на газдата, но не ради тоа што имаме премногу работа.
Безброј примери имам за ова.
Кај нас шалтер во банка работи од 8-16 (ако не се лажам), во Германија 4/5 саати. За тие 5 саати кај нив ни за момент нема гужва или неред или нешто слично. Кај нас СЕКОГАШ има, делумно заради неписмени пензионери, делумно ради неажурност на вработените.
Па ц'цкање, негодување, превртување очи, нељубезност. Такви муабети нема на западната страна од земјината топка.