Не е баш комедии, ќе те јаде туѓ срам, бар мене ме јадеше. На едната страна имаш некој егзотичен хибрид од праисторискиот човек и современиот, а на другата артикулиран човек, без разлика колку и да не се согласувате политички, идеолошки итн.
Ја го изгледав цело и поприлично се изнасмеав, али сеирџиското знае да се упали кај мене понекогаш.
Андреј е супер и веруем дека до пола негде беше боље. И дебатата идеше у негова полза, за секоја публика. И кога се караа, не му ќутеше на абдалот. Втората половина од дискусијата, Крсто фати на некоја човечка нишка, за имање почит како човек на човек, подтекстови, „без разлика на тоа дали ВМРО крадело, не крадело, дали Скопје 2014 е кич или не е, битно е да бидеме луѓе!“, иако воопшто не му сметаше да го кажуе соросоид Андреј цело време. Андреј имаше доста добри поенти иако малце завергла со мачоизмот. У вакви дебати тепа тон на глас, говор на тело и патронизирање, тоа гледаат луѓе кога проценуваат. Не користење на терминологија која не му е блиска на Трпе. Крсто се спушти на тоа ниво. Андреј исто добро праеше со тоа што го потенцираше секојдневниот Македонец кој е работник и страда од раката на ВМРО. Такви работи палат. Не пали муабет за „бруталистичка архитектура“, „апстрактен експресионизам“ и „постпанк функционализам“, пошто луѓе врска немаат што значи тоа и како тие термини се аплицираат на нивниот секојдневен проблем. Ако примети на крај, кога продужи да зборува за „култура на бронза“, веќе изгледаше банално пошто Ојле ќе каже:
„Види го Крсто, човечки му зборуе, со почит, иако копиљов е помал 30 години, а овој паламуди за некоја култура на бронза, ја утиња поентата. Земало детево читало од книга теорија, филозофира нешто, не ја гледа реалноста...“
Луѓе нема да приметат ад хоминеми, чери пикинг, бегање од поентата на дискусија и каков преварант е Крсто у целиов муабет. И не само тука, скоро сегде. Дебатата е компетитивна, не е конструктивен дијалог. Али мене ми делуеше како Андреј да е свесен за тоа. Така да, цело време ги спомнуваше македонските дејци и како ВМРО се посрале на тоа.
@Raziel за разлика од таа ужасна дебата на Есад и Горазд, ја би рекол дека Андреј изигра многу боље.
Kај сите овие ашљаци ко Крсто, Есад и слично, постои една работа што им дава голема предност у дискусија, колку и да тресат глупости, на најдилетантски начин, а тоа е јазот у години со соговорникот... Они се убедени дека за разлика од „децата“ со кои зборуваат, они имаат поголемо и поквалитетно искуство (што можда и е тачно за некои работи). Они тоа го покажуваат, дека соговорниците ги гледаат ко „мочковци“, што ги поучуваат за животот. И од таа страна, некој Горазд и Андреј го осеќаат тоа на емотивен план и почнуваат да се понашаат така како што се третирани. Па ќе приметиш, дека од половината на дебатата, Андреј почнува да зборува помалку флуентно, да му трепери гласот и сите тие заебанции - што е нормално. И со тоа ја изгубил јавната дебата. Пошто повеќето луѓе реагираат на примитивизам и софизми. Ја и ти реагираме на примитивизам, сакале или нејќеле, секако во различен степен од некој друг. Треба да немаш емоции, за да не те чепне примитивизмот на некој план, колку и да знаеш свесно дека тоа што е кажано, нема врска.