Генерално и јас тоа ти го кажав како баланс. Примерот го земав како Југославија, но верувам дека кога ја граделе Југославија ја земале во предвид историјата на земјите кои и ти ги кажуваш. Види јас немам ништо против тој концепт што го кажуваш да бидеш Македонец и Југословен истовремено или пак да бидеш Македонец да значи да си Југословен. И самиот кажав во претходнот пост, дека разликата во две говорни подрачја во Франција е поголема одколку што е разликата во Јужнословенските јазици... Тоа говори дека сепак станува збор за речиси еден народ.. Зошто мислиш дека нема да ми се свидело.... Јас од Југославија ги кажувам негативните работи, бидејќи сериозно негативно почнало по Македонија, ги оставиле на цедило Македонците во Грција, им земале стоката, ги населиле со сила по градовите.... Меѓутоа неспорни се и позитивните, вклучително тука и гаењето на Македонската национална свест и што е најважно, Македонска национална држава во склоп на таа федерација.
Чекај малце не трчај како прле пред магаре, и ти како членот погоре. ... Има врска генетиката и тоа огромна... Но не како што ти тоа го замислуваш. Со самото тоа што се раѓаш како член на семејство веќе традиционално сврзано со одредена нација ти си член на таа нација.. Тоа е генетската врска... затоа пишав генетска и културна предизпозиција.... Можеби јас по гени реално ќе сум некојси дојден од кавказ... меѓутоа доколку моите се родени тука многу генерации наназад и се асимилирани како Македонци, јас ќе сум по раѓање(ген) Македонец, без разлика дали реално припаѓам на таа нација... Тоа е таа генетска предизпозиција, што се зема од семејството....Припаѓам на семејство што се чувствуваат Македонци со генерации, да речеме...
Историјата, според мене секогаш ќе биде различно толкувана од различни луѓе... Па дури и да се измисли временска машина да може да се гледа што се работело во минатото, пак мислам дека контекстот никад нема да се улови. На крајот од расправата за историјата, ќе заклучиме само дека историјата како таква, во ништо не се разликува од митовите и легендите. Ние реално не можеме со Бугарите и Албанците да се договориме за втората светска војна, а не за нешто постаро... Па така, за состојбата на нацијата, не треба да влијае минатото.. Тоа ја става нацијата под притисок на времето, а некогаш и под високи очекувања... Да не навлагаме во историската вистинитост дали е Александар наш или грчки... поврзаноста со Александар нас ни прави нереални очекувања дека Македонија треба биде голема и тоа да се постигне за еден животен век... Впрочем нели и Хитлер го имал тој сон...Состојбата на нацијата е таа во којашто е нацијата сега... Во случајов, состојбата е очајна, и ниту Каран, ниту Филип, ниту Александар, ниту Самоил, ниту цела Македонска династија на Византија, нема да можат да ни помогнат околу тоа... Ние самите треба да се извлечеме од таа состојба. Колку една нација ќе биде голема, зависи од самата нација во моментот, а не од тоа каква била во минатото.... зависи од нејзината култура, традиција, од нејзината демографија....На тоа треба да се сведат натпреварите, а не на војни...
Скопје 2014 е доказ за национално предавство... Место да се изградат безбедносни структури достојни на времето во кое се наоѓаме, ние го градевме Лас Вегас....[DOUBLEPOST=1535045633][/DOUBLEPOST]
Ако оваа дефиниција на пример ја примениш за болшевиците добиваш исто така точна дефиниција.
Како тоа мислиш ги оставиле на цедило? Па Генерал Маркос имал база во Југославија, една од многуте, преку граница се убацувале тони оружје, муниција, санитет и логистика, ако не била Југа тоа востание на грчките комунисти и македонските борци ќе траело многу помалку.
Да, под притисок и на Запад и на Исток, Тито се повлече од сите спорни територии (Трст, Клагенфурт, Егеј) пошто размисли кои времиња биле, 1945,46,47,48, Југа била тотална руина со проблеми да прехрани население, со четнички, усташки, балистички банди кои ровареле по планини сеуште, и покрај тоа давала помош за борбата во Грција.
Сепак помошта која Југа ја праќала на ДАГ и сличните била слаба во споредба со помошта која ја добивала фашизоидната кралска власт од САД и Британија, нит била Југа во стање да праќа авијација и оклоп, нит ништо. Со сите два исправни Харикени и три Спитфајери зрели за музеј.
Помогнаа колку што можеа, и тоа ти е тоа.
Знаеш кој ги предаде нашите и нивните во Грција? Сталин и мајка Русија кои не мрднаа со прст и си се придржуваа до договорот со Черчил да се остави Грција под западно влијание и тоа е тоа.
А после тоа, да се каже дека Југа не направила ништо за егејците и за бегалците, не е убаво, и сам знаеш колку се изгради и направи за нив.
Спореди го тој однос со односот на РМ кон иселените лица од конфликтот од 2001
Има гени кои упатуваат на битисување на одредена група на одредена територија долго време, имаше некои изотопи кои се изолирале за да се одреди местоположба на луѓе, а стварале преку користење на храна и вода, не сум доволно упатен во тоа па се плашам дека ќе лупнам глупост, но нема гени за нација, мапиран е веќе човечкиот геном, ако не се лажам тоа бил 20 годишен проект, ако имаше такви гени ќе ги пронајдоа. Па нациите ти се релативно нова појава, како, до 18.век немало гени за нација, откаде таа мутација за пола век по цел свет?
Е па затоа, историските шанси ти се window of opportunity, се дешаваат кога ќе се поклопат многу коцки и ако одреден народ се усере (а во случајов се усраа барем седум) тогаш враќање нема, можеби после 130 години ќе се створат нови услови, големо можеби.
Денес е веќе готово и само можеме да се надеваме на достоинствен крај со што помалку крв и гробови на проектот РМ кој не успеа да биде држава која ќе ги сервисира потребите на граѓаните за правда, образование, здравство па чак и физичка безбедност туку беше проект за фантастично обогатување на шака морони и ухлебување на армија нивни слуги, корупција, криминал, мито, партиски олигархии и што све не.
Пак се враќаме на почеток, ако приходите не ти зависат од РМ (како што мене не ми зависат) гледај си сеир само и не се смарај
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)