Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И

Име И Презиме

Гостин
`The dissociative aspect is thought to be a coping mechanism -- the person literally dissociates himself from a situation or experience that's too violent, traumatic, or painful to assimilate with his conscious self.`
https://www.webmd.com/mental-health/dissociative-identity-disorder-multiple-personality-disorder#1
se somnevam deka pukanki kje ti pomognat.[DOUBLEPOST=1534968088][/DOUBLEPOST]najava za ponistuvanje na eventualno neuspesniot referendum vo septemvri
https://www.dw.com/mk/локалните-референдуми-паѓаат-на-уставен-граѓаните-револтирани/a-45146187
Пушта фора ова створов у женско тело.Бетер од зоЧи наш е, влада неможеше да направи Одамна имало муабет дека ни спрема референдум наместен, но џабе е кога ќе биде бојкотиран и неуспешен.Тоа циганите што ги собра нек им седат таму.

https://sitel.com.mk/zaev-merkel-referendumot-e-odraz-na-opredelbata-na-gragjanite-za-idninata-na-drzhavata
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.092
Поени од реакции
12.657
Сороспии - досега ниту сум го слушнал, ниту сум го прочитал овој израз.

Јакобинско крило исто така е` доста интересен израз.

https://antropol.mk/2018/08/22/posledna-verbalna-dijarea/

Последната вербална дијареа на Сороспиите (Против Фрчко и компанија)

август 22, 2018

Димитар Апасиев



Натофундаментализмот во Македонија, инициран и поттикнуван од една самонаречена елита на „социјалдемократите“ и слични сателити кои гравитираат „лево од центарот“, е моментно најголемиот современ непријател на Републиката! Сакајќи оваа штетна и фејкерска појава да ни ја прикажат како „спасоносна операција за државата“, овие интелектуални Сороспии се унижуваат до сопствено непрепознавањe и бесмисла, само и само да си ги одработат однапред штедро платените надници. Во овие карикатурални ликови ја гледаме сета нестварност на човекот и сета стварност на нечовекот.

Сите овие проамерички аргати кои се одмочуваат од само една насмевка на некој странски амбасадор – камуфлирани во разно разни професори, уредници, новинари, колумнисти и други „сатанисти“ (замаскирани во аурите на разно-разни Фрчковци, Најчевци, Геровци, Тричковци, Ордановци, Ружиновци, Кабрановци, Кокалановци, Ероловци, Гораневци, Денковци, Јаневци и други слични Борјаневци) – ја вознемируваат широката публика, како наводни „опинион-мејкери“, со божемни апокалиптични сценарија во случај на неуспешен референдум, не можејќи да сфатат дека баш тој неуспешен референдум е спасоносен за Републиката и првата почетна точка кон нашата посветла и просперитетна иднина, која зависи од нас самите. Доколку не успее референдумот, Македонија во перспектива ќе влезе во ЕУ со нејзиното уставно име и никако поинаку! НАТО приказната тука ќе биде завршена, бидејќи и онака Македонија не е земја со атлантска, туку со европска култура и историја. Впрочем, Тито тоа најдобро го знаеше, па затоа ги направи „Неврзаните“.

Ова гнасно пропагандно користољубие на горенаведениот соросписки хор, сиот нивен предреферендумски дилентантизам со кои одработуваат за сумите со кои се преплатени и за жиро-сметките за кои се опсесивно лукративно врзани – слободно можеме да го сместиме во категоријата на антинародна публицистика. Највисок степен на професионално и персонално унижување е кога ќе видиш „успешни луѓе“ кои до април тврделе едно, како од мај имаат дијаметрално спротивни ставови, за едно исто идентитетско прашање – фундаменталното прашање за самоопределување на народите! Тоа е свето и неприкосновено право за кое се воделе народно-ослободителни и антиколонијалистички војни насекаде низ светот, но за овие петоколонаши и квислинзи нема ништо свето, сè е бруто или нето.

Со истите овие шарени лаги и излитени фори за ЕУ и НАТО нè лажеа кога се распаѓаше Југославија; истите шарени лаги ги слушавме кога си ги продаваа државните фирми во криминалната приватизација; истите лажги со опашки ги имаше за време на граѓанската војна во 2001, истото ова го имаше за време на територијалната поделба 2004, истото го има и денес, додека си ги местат тендерите и си ги запослуваат швалерките!?

Триесет години реприза! Триесет години фабрикувани будалаштини, додека пола држава се исели во нормалниот цивилизиран свет, за нивните деца да работат „државно“. Вашите деца сега се далеку од корумпираните елити на комуњарите и вмроидите, но се далеку и од вас – токму заради ваквите профитерски непрокопсаници. Оваа црвенобуржујска клика, која уште од времето на Југославија е научена на привилегии, ќе стори се истите да ги зачува! Немојте во тоа да се сомневате.

Овие системски конвертити паразитираат во секој режим, умешно верглајќи ги своите научени стихотворенија. Тие не даваат ништо друго освен празни зборови, а сакаат другите да дадат сè. Затоа социјалдемократијата зборува „а-ла-Тарзан“ англиски, а народот си цепа вулгарен македонски. Ете, затоа ние не се разбираме. Овие патријарси на милитаризмот, кои не ни прават разлика помеѓу ЕУ и НАТО, го убедуваат осиромашениот и испокраден плебс, кон кого гледаат со одвратнотилук и висока доза на презир, дека е „набањат и недугав“, па затоа треба влечен за уши да излезе на претстојниот илегален референдум за самоукинување. Ох, каква детинеста наивност од страна на овој опортунистички џган.

Нивниот владин догматизам кон Јенките не може да се смисли без мантрање. Нема политички супстрат, ама има мантра! Мантри и само мантри: „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“ – велат нивните мозочно заѕидани медиумски папагалчиња. Притоа, тие не ја гледаат општата изопаченост, алиенираност и декадентна расипаност на новопечените јавни функционери и директорчиња, кои нема ден, а да не направат скандал од национални размери. И тоа на наша сметка. Со наши пари!

Ова свесно фалсификување на реалноста го прават купени за ситна и не толку ситна кешарија. Без грам кредибилитет ги верглаат научените рефрени на семинарите, како вечити драскања на тастатурата и твитовите во виртуелниот свет во кој живеат. Овие шверцери на сопствените животи и апологети на силата наспроти Правото, кои за личен профит се спремни дури и да се самоукинат и испарат, ја создаваат нечовечната стварност во која битисуваме сите ние. Контаминираат, плашат, стигматизираат, етикетираат, навредуваат... И очекуваат да не им биде реципрочно возвратено.

Побеснети се затоа што операцијата „самоукинување“ не им оди со планираната динамика. Слободоумниот, разумен и обичен народ дава непредвидлив и неочекувано јак и стихиен отпор, олицетворено преку разноликоста на движењето #Бојкотирам! Тоа ги шашардисува нивните редови и ги прави здивени, со пени на устите. Тоа се таков калибар на луѓе, кои – да претпоставиме дека сме во НОБ за време на Втората светска војна – би ги презирале „парталавите и идеалистички настроени млади партизани“ и истите би ги предале на спастрените и цивилизирани окупаторски наци-војници. Тоа е таа структура на луѓе од која се срами секој чесен и воспитан човек.

И тие сега нам ни велат: „Вие сте ретроградни елементи“!? Ние кои го носиме пламенот на Револуцијата против Стариот режим на груевизмот, кои ги гаиме идеалите на непокорот и борбата за подобро утре, кои си ја ставивме главата в торба кога беше противправната претседателска аболиција на криминалците, кои сме спремни да изгинеме сите до еден за левичарската кауза во која веруваме, кои уште се влечеме по судниците на „реформираното судство“ – е токму ние нема да дозволиме да нè доведете во дефанзивна позиција! Достоинствено и неподмитливо одбиваме тоа да ви го допуштиме.

Тука сме да ве напаѓаме, а не да се браниме. Дојде времето нашиот свет да стане против вашиот! Овој пат до крај. Ако треба и преку нова есенска Црвена револуција, во случај да го лажирате народниот гнев кој тлее. Оти, сама се дига фуријата. И немојте да се сомневате во моќта на нашиот пркос! Бидете сигурни: ќе ја пресечеме секоја рака што ќе се осмели да го изманипулира народот.

Ете затоа #Бојкотирам. Оти пролупаната социјалдемократија веќе не е секси, другари! Берете памет и поздрав од Јакобинското крило.

Автор: Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Auu, u tezok duduk se pretvara Lapasiev , glupost do glupost, makedonija nemala evropska kultura, tito i nevrzani, crveni revolucii, odi dime legni si.

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
Сепак низ таа фанатична идеологија, сопира до вистината.
Но не треба да кажува нешто што знаеме и како треба да биде, нека понуди решение, проблемот го знаеме
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Немам никаква комуникација со админите, едностсавно те прашав ако сакаш да одговориш ради текот на дискусијата. Чим нејќеш, носам заклучок дека не си во Македонија бидејќи немаше да имаш проблем да напишеш Македонија, како што, на пример, јас можам тоа да го кажам. Штом не си во Македонија, голема е веројатноста да си мигрант во западниот свет, но и во Русија што би било нешто неверојатно да бидеме искрени.

Види, не е работава за личен живот, искрено немам интерес у тоа. Ги испитувам дволичноста и лицемерието кај македонските мигранти и нивната поврзаност во навиките и верувањата со мигрантите од Судан, Сирија и Гана во западниот свет.

За семинарска ми е, па мислев ако сакаш да учествуваш како репрезентативен примерок. Ама ако нејќеш потполно те разбирам.
Ај што во коментарите ретко пишуваш аргументирано, туку како некоjа селска теткица оговараш,провоцираш... сега откако срцето јуначко на админот не издржа и после ровичкањето јавно ја објави ип адресата од државата каде што пишувам, од тогаш дејствуваш као напален млад мајмун. Па со ова инфантилниов ти цинизам го достигна врвот на мизерството ти.
За семинарската полесно да ти оди би те советувал да смениш тема. Почни да го истражуваш сопственото лицемерие и наслови ја темата "партиски глисти"доволно ќе ти биде само едно огледало и два-три поста од другарти берич, лорд...впрочем ве има доволно тука.
Во однос на дијаспората можеш да пишеш дека е не раскинлив дел од македонското национално ткиво и дека главната причина за нејзината емиграција сте точно вие партиските глисти и вашите сендвичодавачи. Дека нема никакво лицемерие кога не се согласува со процеси од новото општество во кое се наоѓа. А кога вели дека нато еу не се заслужни за смена на името и треба барање на нови сојузници-Русија пак нема лицемерие. Бидејќи е јасно дека со вакви политичари-сендвичодатели дури и тоа да се случи пак нема да се подобри општата ситуација, како што имаме примери имаме во соседството.[DOUBLEPOST=1534983172][/DOUBLEPOST]
Престани веќе, почнува да ми станува жал за партиите. Сироти...
Па како да не ти е жал кога ти се извор на прехрана. Сендвич со вегета не е шала, има да ги жалиш.[DOUBLEPOST=1534983365][/DOUBLEPOST]
Сороспии - досега ниту сум го слушнал, ниту сум го прочитал овој израз.
Демек соросоиди бил десничарски израз, а нели тие се глупи, па за да не се валкаат со туѓи изрази возвишената левица го лансираше тој израз.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Ај што во коментарите ретко пишуваш аргументирано, туку како некоjа селска теткица оговараш,провоцираш... сега откако срцето јуначко на админот не издржа и после ровичкањето јавно ја објави ип адресата од државата каде што пишувам, од тогаш дејствуваш као напален млад мајмун. Па со ова инфантилниов ти цинизам го достигна врвот на мизерството ти.
За семинарската полесно да ти оди би те советувал да смениш тема. Почни да го истражуваш сопственото лицемерие и наслови ја темата "партиски глисти"доволно ќе ти биде само едно огледало и два-три поста од другарти берич, лорд...впрочем ве има доволно тука.
Во однос на дијаспората можеш да пишеш дека е не раскинлив дел од македонското национално ткиво и дека главната причина за нејзината емиграција сте точно вие партиските глисти и вашите сендвичодавачи. Дека нема никакво лицемерие кога не се согласува со процеси од новото општество во кое се наоѓа. А кога вели дека нато еу не се заслужни за смена на името и треба барање на нови сојузници-Русија пак нема лицемерие. Бидејќи е јасно дека со вакви политичари-сендвичодатели дури и тоа да се случи пак нема да се подобри општата ситуација, како што имаме примери имаме во соседството.
Незнам кој админ што пишал а е и тотално небитно. Во коментарите давам мое мислење со аргументи кои ја ги ценам за релевантни. Неретко ви ги провалуваме тука кретенските тези од типот дека Унгарија не признала 100 пути и дека Кипар е во НАТО. Но нејсе, да не бегаме од темата. Кажи ми зошто си мигрирал у западниот свет наместо во Русија? Која е разликата од Wizzair и гумењакот од Северна Африка што се истовара на плажа? Зошто и ти и мигрантот од Сирија сакате да го наметнете вашето поимање на општество во веќе функционално општество? Зошто некој ќе те сфати за озбилно дека ЕУ е лоша а ти не мрдаш од таа ЕУ?

Збориш за аргументи, а твојот ник е Прорус со ЕУ локација. У старт си помочан и не заслужуваш ништо друго сем спрдавање. Фино лепо сеа спакуј парталите и првиот Аерофлот до Домодедово па од таму кај ќе факаш твое си е. Се до тогаш си ирелевантен и небитен.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.038
Поени од реакции
1.121
Во Собрание е забрането носење оружје.Башка што пукаше бодигардот и сега е претседател на БЈБ.
Еве потсетување што вели Законот за Собрание: Член 43, став 1 од Законот за Собрание јасно предвидува дека : „Одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија. Во ставот три од истиот член пишува дека : „Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.
Мора да познаваш некој џандар што работи во влада, собрание, претседател, прашај го кој смее да носи оружје. Еве ќе ти кажам пример. Ако дојде Претседателот во посета на собранието, неговото лично обезбедување носи оружје. Исто е и кога доаѓа некој од странство. Се шетаат бугари, срби, грци, со оружје во собранието. Овој на бјб сега што го ставиле, бил обезбедување на министерот привремен, изборен,за внатрешни работи. Тој значи има право да се шета во собрание со оружје. Нема право да влезе во салата кај што се одржува седница, кај претседателот на собранието итн.А за овој дали треба или не, да биде на таа позиција, тоа е друго.
 
S

silmarillion

Гостин
Член од
14 август 2006
Мислења
45.378
Поени од реакции
84.627
Неретко ви ги провалуваме тука кретенските тези од типот дека Унгарија не признала 100 пути и дека Кипар е во НАТО.
Добро, тоа беше грешка, ама зарем не испадна точно дека Груевски го уценуваа со децата, дека Кина ја стави под руска контрола својата флота и дека од преклани летото на грчка граница чекаат 150.000 емигранти, а на северната 3000 муџахедини, кои само што не влегле?[DOUBLEPOST=1535018814][/DOUBLEPOST]
Ме боли кур за референдумот во септември, ама овој флагрантно дволичен однос кон екологијата и рудниците, може многу лесно да им ја замати водата кај што не очекуваат.
Мене оваа одлука ми е миљон пати побитна и со полоши ефекти за земјава од било што апстрактно и неважно за што се пењавите у штаб.
Но, јасно е зошто ВМРО го боли кур и не поентира на прашања кои самиот ги створил со тоа што примил пари на повеќе нивоа, од канаѓаните.
ВМРО ни го донесе ова срање и по којзнае кој пат, покажа дека никакво зло не е доволно страшно да ни го сипаат врз нас, доколку им ги полни џеповите.

СДСМ тука, од одреден аспект се и полоши, иако они не го донесоа гомното. Полоши се затоа што се дволични и заради што им забија нож в грб на сите на кои им е јасно што следува, во наредните децении во тие региони, каде што треба да се отвораат тие рудници. Затоа што, не е ова некоја апстрактна тема, туку е прилично приземна и со ужасни долгорочни последици, а предавството е ладнокрвно.

Не е најжалосен во сето ова, односот на ВМРО или СДСМ кон ова, туку односот на народот кон ова. Народот кур го боли сега и се понаша, како и во сите случаи, како штурецот у лето. Тоа највише ме нервира. На пример, се испењавија сите куртонски медиуми затоа што два дена покасно прскале за комарци, а за ова штама. У мои очи, ова е тема за која се губат избори. Среќа за СДСМ (и ВМРО) што овциве имаат свој светоглед, необременет од реалните проблеми, кои поради таквата состојба и се трупаат непречено.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom