Несомнено е дека ваквите авторитативни фигури создаваат некоја еротска фиксација кај некои личности.
Се е тоа ОК, whatever works for you само нека остане таму.
Повеќето од идиотите што се фасцинирани од авторитативни фаци како Стаљин, Мао Це Тунг, Чаушеску, Ким Јонг Ун и тако даље, имам приметено дека се тенки со емпатија и мислат дека луѓето што го јадат од тие режими, се само бројки. Криејќи се зад завесата на идеологијата и глумејќи апологети на тие морони, не признаваат дека они се поставуваат у некоја позиција на моќ, и дека они си замишљаат дека у еден таков режим, они ќе бидат меѓу тие со авторитет - иако шансите се да бидат во категоријата на луѓе што го јадат курот.
Понекогаш приметуем пеер дека се понашаат ко малоумни. Пред некој ден седев со еден тенки тип, што личеше на навиена лента испратена од перална што чисти од критичко размислување. Според него, Стаљин е најдобриот лидер што некоја земја го имала во историјата. Ствари ко Холодомор, кулаци, големата чистка, националните операции на НКВД ко програмиве за Грци, Полјаци, татари, корејци и депортација на други етнички групи, Молотов - Рибентроп Пактот, Катинскиот Масакр и ред други работи, му беа:
1. Западна пропаганда (а Америте што линчуваа црнци бе??) и/или фашистичко - нацистичка пропаганда.
2. Нужни работи за доброто на Русите.
3. Срања на Комунистичката Партија кои се дешавале без знаење на Сталин.
За него Каменев, Јагода, Ежов, све тоа биле троцкисти што сакале да ја уништат СССР, а сите докази кои го побиваат тоа, се западна пропаганда. Чека биле супер. Црвениот терор на Ленин, за општо добро... За него, гладта и бедата како резултат на колективизацијата, е одличен економски потег, а не утната глупост поради која опаѓа цело производство у СССР следните 10 години и луѓето го јадат немиен. И секогаш сум се прашуел, зошто вакви луѓе се слепи пред фактите дури и кога некој ќе им ги бутне у фаца... Истиов проблем сум го имал со неонацисти, религиозни фанатици и слични. И сум приметил, дека обично патернот на размишљање им иде:
1. Безрезервно и емотивно, прифаќам веруење пошто ме праи да се осеќам добро/моќно/привилегирано/безбедно/моите пријатели и идоли веруваат у тоа/внеси глупа причина.
2. Тоа у што веруем е несомнено тачно.
3. На докази што го побиваат моето верување, ќе им шибнам некоја ад хок хипотеза (пропаганда на буржуите, еврејски заговор, искушување од ѓаволот).
4. Доказите што го потврдуваат моето верување, ќе им ги пикам на сите под нос.
5. Ќе бидам напорен и ќе го вртам секој муабет у смер на верувањето со кое сум опседнат дури и кога никој не е расположен за таков муабет.
И ради тоа ти кажуем, не се умарај уопште со луѓе од таков калибар, не може да се прави конструктивен муабет со такви фаци, губење време е само.