„Титаник“: Миле Јанакиески наредувал, јавни функционери извршувале за ВМРО-ДПМНЕ
Судот и присутните слушаа, Миле Јанакиески наредуваше, а градоначалници, директори и вработени во администрацијата извршуваа во 50-тина аудио бомби како докази на Специјалното јавно обвинтиелство.
„Титаник“ денеска отплови во изборната единица 4 во изборната кампања за парламентарните избори 2011-та. Одново најактивен во заложбите да се освојат што повеќе гласови е поранешниот министер за транспсорт и врски Миле Јанакиески кој не ги штеди функионерите поставени од ВМРО-ДПМНЕ. Тогашниот градоначалникот на Валандово Никола Чурлиновски добива задача да ги оправда наставнците во основнтие училишта кои одат во политичка агитација од врата на врата.
„Градоначалниче, на тој професорот по физичко Ѓорѓи да му забраниш да оди на работа во Валандово, зошто треба да оди од врата на врата. Да не се појавува на работа до недела“, вели Јанакиески во разговорот.
Десна рака во изборниот штаб на Јанакиески е тогашниот директор на МЖ Транспорт Оливер Дерковски, а сега прв човек за Државната изборна комисија чијашто партиска обврска на денот на изборите е да дели задачи на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
“Значи наоските се да ги организаирам нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а после неопределените”, вели Дерковски во разговор со Јанакиески.
За потребите на ВМРО-ДПМНЕ не се штеделе ниту полициски командири, а најактивни по нарачани пријави биле Дејан Рунтевски директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, првиот човек на УЈП Горан Трајковски, активниот директор на Ддирекциајта за заштита на лични податоци и директорката на пазарниот инспекторат. Секаде каде што Јанакеивски имал сомнеж дека приватна фирма ќе се приклони кон опизицијата испраќал тројна инспекција, а барал затворање на локалите.
Третото продолжение на „Титаник“ на СЈО со паузи за мајчинските обврски на ексминистерката за внатрешни едвај одмина 150-тина аудио „бомби“ од предложените 1.063. СЈО доставило и 5.000 пишани доакзи и 193 сведоци со кои се обидува да докаже дека 21 лице меѓу кои и тогашнотот највиоско раководство на владеачката ВМРО- ДПМНЕ сторило изборни нерегуалрности, офмирале злосторничко здружение и фалсификувале патни исправи.
https://telma.com.mk/titanik-mile-janakieski-nareduval-javni-funktsioneri-izvrshuvale-za-vmro-dpmne/