Банкарските сметки на граѓаните под лупа на УЈП

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Што значи ова ако работиш надвор од мкд, а платата ти стига на наша сметка, ке те оданочува ли ?

Досега како си правел со пријава ....
Ако меѓудржавите има договор да нема двојно оданочување, нема да те оданочат.
Ако досега си го пријавувал тој приход во УЈП и најверојатно си плаќал 10%, ќе си останат тие правила.
Ако не си го пријавувал и не си плаќал 10%, сега се поголеми шансите некој од УЈП да ги исконтролира твоите приливи, па би требало да си платиш 10% на државата. Само УЈП многу слабо стојат со професионален кадар, сега кога ќе ги примат тие по рамковен што седеа дома, може ќе бидат поефикасни :icon_mrgr:

Најдобро обрати се кај сметководител или некое од консултантските сметководствени бироа како Проагенс, МСФИ итн итн.
 
Досега како си правел со пријава ....
Ако меѓудржавите има договор да нема двојно оданочување, нема да те оданочат.
Ако досега си го пријавувал тој приход во УЈП и најверојатно си плаќал 10%, ќе си останат тие правила.
Ако не си го пријавувал и не си плаќал 10%, сега се поголеми шансите некој од УЈП да ги исконтролира твоите приливи, па би требало да си платиш 10% на државата. Само УЈП многу слабо стојат со професионален кадар, сега кога ќе ги примат тие по рамковен што седеа дома, може ќе бидат поефикасни :icon_mrgr:

Најдобро обрати се кај сметководител или некое од консултантските сметководствени бироа како Проагенс, МСФИ итн итн.

Никако не е правено до сега, платата стига во евра, работи на брод, веке 4 години е така ако не и јаче, нема ништо платено до сега и тоа е тоа, значи најдобро платата во рака да си ја зима, пошто има и таква опција.
 
Абе ако со ова средат да не треба да се зафркавам со даночни пријави секој месец, за мене подобро е.

Само има еден проблем со овој увид во банкарски сметки, заради тоталниот непрофисионализам кој што владее во Македонија.

На два пати на кафе до мене седеа службеници од две различни банки, во првиот случај на тој што седеше му требаше некое спонзорство и овај пријателов од банка му вика, абе има еден со фирма програмери имаат еден куп пари на сметка оди нив побарај му.

Во вториот случај, се работеше исто за банкарски службеници кои оговараа некого што имал еден куп пари на сметка, ама не бил облечен ко што треба.

Сега и цело УЈП ќе можи да те оговара :)
 
Е да е само оговарањето, уво да не те боли.
 
Само УЈП многу слабо стојат со професионален кадар, сега кога ќе ги примат тие по рамковен што седеа дома, може ќе бидат поефикасни :icon_mrgr:

Најдобро обрати се кај сметководител или некое од консултантските сметководствени бироа како Проагенс, МСФИ итн итн.

Па сеа секогаш има исклучоци, пред десетина дена вработен во УЈП ми даде екстра инфо во однос на некои работи , и тоа инстант по телефон, без најави, врски и сл. чисто од инфо центар на УЈП ми дадоа контакт.

За работа на брод зависи од многу фактори, обично се офшор компании и не плаќаат баш многу даноци, така да најдобра опција е да се отвори сметка во странска банка како неризидентен граѓанин(Бермуда,Панама, Бахами а може и САД) и таму да му се префрла платата.
^Ова, кеш (само не може повеќе од 10к евра да се внесат) или повеќето компании користат ocean pay системот шо е сосема ок.
 
Ццц, какви приватни информации течат во бананава, што си дискутираат по кафаниве страв да те фати.

Што значи ова со ујп-дали ако се усвои и внесам 1500 евра во банка, ќе мора да им докажувам од каде ми се? Кој ќе е лимитот за ујп, дали секој прилив поголем од икс сума ќе им сигнализира???
 
Не би бил изненаден и сега да ги имаат сите овие информации, сега само сакаат да го озаконат тоа.
 
https://makfax.com.mk/makedonija/ујп-нема-да-ги-користи-податоците-за-ви/
УЈП ги има податоците за приходите во земјата, но останала потребата од законски измени за добивање на податоците за приходите остварени во странство, кои претходно самите граѓани ги доставуваа како прилог во годишната даночна пријава.
„УЈП со предвидените законски измени нема да има пристап до податоците за трошења на граѓаните. Управата за јавни приходи нема да врши увид во сметките на даночните обврзници, ниту има потреба од податоци за приватност, начин и навики на живеење или тенденција на потрошувачка активност. Тие податоци воопшто не се потребни за изготвување на претпополнетата годишна даночна пријава од страна на УЈП. Исто така, потенцираме дека УЈП воопшто нема потреба, ниту е предвидено да ги добива или користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка, начин на користење, состојба на сметка и сл. преку електронската размена на податоци со банките. На Управата за јавни приходи ѝ се потребни податоци за приливи и одливи на физички лица кон земјата и странство, кои може да подлежат на даночење, без воопшто да задира во состојбата на сметката или друг вид трансакции.


Не е јасно што значи "приливи/одливи во земјата кои може да подлежат на даночење". Веројатно со изјавава сами се побиваат. Прво велат не ги интересираат сметките...за потоа да изјават дека им се потребни бројки за прилив и одлив. Ако погледнеме претходниот пасус каде изјавуваат дека имаат податоци за приходите во земјава, чуму тогаш во вториот пасус даваат таква изјава. Дефинитивно ми личи ова пак на инструмент за манипулација.
 
Последно уредено:
https://www.libertas.mk/zaev-parite-od-dijasporata-nikoj-ne-mozhe-da-gi-odanochi/

Заев: Парите од дијаспората никој не може да ги оданочи
Одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 17 години од Рамковниот договор, изјави: „Уште еднаш да биде јасно за граѓаните, се оданочува тоа што е приход како заработка. Тоа што е помош кон семејствата, од надвор, тоа не е цел на оданочување согласно законите во Република Македонија. Ако некој има приход од странство, заради тоа што работел во странство, или направил интелектуална услуга во странство, и заради тоа добил приход, тој приход се оданочува. Дотациите што нашинците ги испраќаат на нашите граѓани овде, ниту со закон е определено ниту некој може да ги оданочува и таа дилема треба да ја отстраниме“, рече Заев.

---------------------------------------------------------------------------------------------

Она кога си мислиш дека со тоа што си го кажал си ги заебал сите :pos:
ali-ahmeti1.jpg
има една ствар се вика договор за избегнување на двојно оданочување. македонија има потпишани такви со бајаги земји. ако си заработил во странство и си платил данок во таа земја, на кој основ ќе наплатат данок тука?
 
има една ствар се вика договор за избегнување на двојно оданочување. македонија има потпишани такви со бајаги земји. ако си заработил во странство и си платил данок во таа земја, на кој основ ќе наплатат данок тука?
Сакаат парите од хонорари и добивка од странство да ги оданочуваат, ај добивката во странство е оданочена веќе ама хонорарите не се.
 
Oва ќе ги падне сдс од власт, не името.
И следно, кој и да дојде „со пенкало“ на власт следен пат, пак ќе ја продолжи оваа пракса од една едноставна причина - никој нема јадено ќотек од народов.
Коа требаше паторот за ташаци да се обеси на плоштад, глумевме народ у бели ракавици. И тој праеше чуда со податоците од централен регистар и од ујп, ама никој не му покажа дека не смее да го праи тоа.

https://www.slobodenpecat.mk/biznis/ujp-ke-shpionira-koj-raboti-za-stranstvo/

УЈП ќе шпионира кој работи за странство

УЈП автоматски ќе ги бара податоците од банките за приливите што ги добиваат граѓаните од странство. Ова значи дека ќе постои програма со која сите приливи од странски фирми на име на граѓани што работат за странски компании, автоматски ќе стигнуваат во графата на УЈП за оданочување. Досега јавна тајна е дека многу поединци, особено од компјутерскиот бизнис, работеа за странски компании и за тоа беа солидно плаќани, но тие пари никаде не беа оданочени.


Ова е суштината на промените на Законот за банки, дознава „Слободен печат“, иако, како што деновиве објаснува надлежните, ќе се гледаат сите приливи на банкарски сметки. Всушност, за сите други приливи што подлежат на персонален данок, УЈП има податоци. Но, за приливите од странски фирми кон наши граѓани, неопходно е „шпионирање“ во банкарските сметки.
 
Море море колкумина ве имало кои подржувате сива економија и даночна евазија аууууу :eek:

Зашто сте против СИТЕ да плаќаат данок .....
Зашто тој што формирал фирма да плаќа данок, да плаќа 100 други давачки и да почитува ретардирани регулативи, а вие не. :cautious:
Или па само "богатите" да плаќаат.

Море така треба, напред УЈП. Сите репни ги по џебот, па да видат како е. Кога фирмите трубиме дека државата не коле а за возврат ништо не добиваме, повеќе фриленсери К ги боли, плус викаат ајде ајде имаш ти, плати си.

Епа добредојдовте во клубот. Досега ќутевте ко пичиња, е сега можеби ќе се подразмислите за партиските вработувања и неефикасни трошења на државата.
Тоа му е мајката, удри го по џеб да се освести.

Па уште и прогресивно кога ќе воведат, ах :rolleyes: . Или за некоја година кога и парите што ќе добивате од роднините од странство ќе ги оданочат :rolleyes:

Напред УЈП :oeoeoe:
 
Со чепкање општо во банкарски сметки со плати од 300-500 евра не се открива даночно затајување. Затоа и прашував што ако одеднаш (хехе :confused:) уфрлам 1000 евра, тоа не значи дека не сум плаќал данок туку дека од приходите дома сум го стегнал задникот и за година-две сум заштедил 1000 евра. За платите од странство, треба да се чепне во приливот од странство, а тоа може да го издвојат.
Инаку сум за оданочување на тие пари овде како што сите сме оданочени и за ПИОМ и здравствено како што сите двоиме. И за тие пари и за оние хонорарци што се кренаа на востание пред 2-3 години.
 
Последно уредено:
Прееска слушам вести на телма куртон вестите: "Бизнисмените ја поддржувале владата во расчистувањето на сивата економија". Ако продаваш памет у странство и ти стига сува пара у скапана економија, тогаш си сива економија, а ако продаваш шверцана кинеска пластика без платена царина и без издадена фискална - тогаш е купување социјален мир...сељачишта комуњарски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom