Тие што сакате да гласате ЗА на референдумот, сте поминале ли некое време во УК, Франција, Австрија, Италија, Холандија, Белгија?
Имате ли разговарано со луѓе од овие држави, имате ли чуено мислење за тоа дали треба и кога да влеземе во ЕУ?
Зарем навистина мислите дека ќе влеземе во ЕУ само преку исполнување на договорот со Грција?
Кои европски реформи ги има направено било која влада до сега, за да заслужиме влез во ЕУ?
Ако успееме да опстанеме како држава во наредните 10-20 години, можеби и ќе влеземе во ЕУ, ако се променат многу нешта во судството, економијата и во ред други сектори.
Велам ако успееме да опстанеме, бидејќи како што тргнале, Грција, Бугарија па и Албанија ќе не делат помеѓу нив. Договориве им одат во прилог на тоа.
Не трескајте зелени за влегување во ЕУ. Таму не влегуваме уште бајаги време.