Има и други работни места и со тоа знаење и искуство што го има се наоѓа и работно место со помало работно време и може да бира колку сака, така да сигурно нема да и кажам од ИТ да се префрли на сосема друга професија, да оди чекор назад и да работи со некои понеобразовани личности, само за повеќе да е дома.
Сега и е поубаво и има повеќе слободно време и за неа и за сите околу неа и самата го признава тоа. Не изгуби многу, мала е разликата во пари, ама има време и за друга работа од дома барем никој не ја замара.
Тоа не е љубомора, не сакам таков начин живот во кој двајцата фатиле на различни страни, работат во смени и никој не посветува внимание на партнерот, а и на децата. Ако ми е за така ќе си седев сам.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Не ми беше намерата за тебе да кажам љубоморен, посесивен итн итн, како што кажав и на почетокот го почитувам секој личен избор и секој треба да си прави како мисли дека му е најдобро. Ако таков впечаток си добил, извини
И јас сум за тоа мајката повеќе да има време за семејството, сепак таа е столбот и доколку таа е стабилна, среќна, тогаш имаме среќно семејство а тоа значи подобро општество. Тоа го има и во клипот, повеќето најголемиот дел од работите ги правиме за жените.
Поентата беше за женската психологија и мајка природа. Нормално е, а и природно да ги привлекуваат "посилни" мажјаци. Порано било тие да се физички поспремни да можат да обезбедат храна и безбедност за фамилијата. Сега повеќето гледаат од аспект на материјалното, ако носи многу, ако е на функција, тогаш не е битно дали е 40кгр или 150кгр.
@Ilumious не ја обвинив, ама таа префрла тежиштето кај мажите. А напротив, нормално е и има право да бара машко кое ќе котира бар еднакво ако не и повисоко од нејзе во општеството. Е сега дали таа има квалитети кои таквите машки ќе ги задоволат тоа си е веќе друго.
Ми имаат кажувано за среќен брак, жената мислам e судијка, а сопругот возач на оние цистерните за миење улици. Значи жената си го прифатила, не бара од него да носи скапи одела, да биде на јака функција итн. Сигурно квалитетно "цревото"
Еве и од Никола Тесла :
„Отсекогаш верував дека жената поседува деликатни и суптилни квалитети на умот и на душата, која поради тие аспекти
е подобра и посупериорна од мажите. Ја ставав жената на пиедестал, и во тие карактеристики ја ценев далеку повеќе од мажите. И’ се воодушевував на ова суштество кое го дигнав толку високо, и како вистински обожавател, се чувствував недоволно вредно за предметот на сопственото обожување“.
„Но, сето тоа е минато. Сега, оваа жена, нежниот глас кој го обожавав исчезна. На нејзино место дојде
жена која мисли дека главниот успех во животот е да биде повеќе како мажот – во облекување, однесување, во спортот и достигнувањата од било кој вид“,вели тој.
Тесла изјавил дека жените, стануваат посилни од мажите, и физички и ментално. Светот искусил многу трагедии, но според мене, најголемата трагедија од сите е актуелната економска ситуација на жените против мажите, и во многу случаи тие успеваат да го узурпираат нивното место и во професиите и во индустријата. Оваа растечка тенденција на жените да ја засенат машкоста е знак на цивилизација во пропаѓање“.
„Скоро сите големи достигнувања на човекот досега беа инспирирани од љубовта и посветеноста кон жените. Мажот тежнееше по големи работи само затоа што некоја жена верувала во него, затоа што сакал да го освои нејзиниот восхит и нејзината почит. Од овие причини тој се борел за неа и го ризикувал својот живот повторно и повторно“.
Во текот на интервјуто Тесла претскажува свет со мрачна иднина поради новосоздадената положба на жените.
„Изгледа мажот во човечкото општество стана бескористен. Нашата цивилизација ќе потони во една состојба која се гледа како пчела, мраква и други инсекти – состојба во која мажот сурово убива. Во овој материјален свет ќе биде воспоставено владеењето на жените. Како што жените ќе ја преземаат доминацијата, така мажите ќе се најдат во нејзината милост и немилост“.
Сепак, Тесла заклучува дека жените во оваа ситуација не се многу среќни.
„Ми се чини дека и
самите жени не се претерано среќни во оваа новосоздадена слобода. Прашањето кое природно се појавува е тоа дали жените се победници или губитници. Не го гледам ова прашање само од машка страна, туку размислувам и од женска страна. Исчезна задоволството од животот на жените. Жената е амбициозна во намерата да го добие она што го сака, а тоа често ги надминува нејзините способности. Тие често забораваат дека не може сите жени да бидат примадони и филмски ѕвезди“, завршува Тесла.