Велепредавство
Член 305
Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалху пет години.
Како што гледаш во законот не е предвидено да ако се заложиш за промена на името, правиш кривично дело велепредавство. Јасно си стои дека ако се обидеш со СИЛА или СЕРИОЗНА закана да го измениш уставниот поредок или да ги собориш највисоките државни органи, тогаш го чиниш делото велепредавство. Никаде во цивилизираниот свет не се казнува и не е кривично дело да се заложиш за нешто и да работиш за остварување на истото согласно законските процедури.
Еве, како политичар или како граѓанин, можеш да се заложиш за легализација на кокаинот, да предлагаш закон со кој ке се регулира дека кокаинот не е забранет, за истото да правиш петиција, да бараш подршка, да дискутираш на медиуми, да лобираш, да бараш референдум...... само несмееш да правиш нешто со сила или закана. Како политичар можеш да бараш и да се залагаш да се викаме Република Балкански Виетнам, да бидеме Балкански Виетнамци, да се заложиш да како покраина влеземе во состав на Албанија.... само не смееш истото да го правиш со употреба на сила или закана.