Ок, ама можеш и да кажеш мислење ЗАШТО е тоа така... А исто ШТО би требало да се промени за да почне да вирее нешто позитивно...
Ќе ја видиш свеста кај ЕУ граѓаните, штом досега не си ја видел. Темава баш се однесува на Западната цивилизација, сепак таа е водичот.
Па не кажал година
, еве референдумот тешко да успее, останува на парламентот. А таму лесно можат пак да исценираат некој "крвав" неделен ден.
А за катаклизми, па и не погрешил многу. Пожари насекаде, поплави насекаде, земјотреси, многу повеќе активни вулкани, а тек нареден период
Е за паравојска тоа јбг, како рече Стевче Ј, луѓе се, згрешиле, ништо страшно
Јас сум само лаик, си има бре МАНУ, Влада, институции за да направат долгорочни стратегии, што ако сега напишам нешто, тоа ќе остане само тука на темата и ништо повеќе.
Според она што гледам, најосновен проблем кој се наметнува е депопулација а најстрашно е што заминуваат највредните, најчесните, најсвесните, оние кои ствараат дополнителна вредност, стручност, дали високообразовани дали занаети не е важно, бегаат сите, не е како пред 60 години кога заминувале од селата мариовски во Гери Индијена да работат. Значи ако физички не можеш да задржиш популација, што да праиме муабет за друго?
Остануваат партиски бактерии и оние кои нешто ги врзува за овој крај, фамилија, друштво, навики, имот па не би да почнуваат од нула на запад, за 10 години нема да има кој да одржува основна инфраструктура, ќе биде забавно.
И сега со тој тренд каква иднина треба да се очекува?
Само меко приземјување да се избегне нешто како Босна цирка 1992, во која форма и да биде, менталитет не се менува со декрет, тоа е генерациски процес 50+ години и тоа ако се започнеше завчера, денес е веќе касно.
Ниту една власт, па и оваа на сељакот муртински кој демек дојде од реален сектор, бизнисмениште ти реков ми рече, не планира да го направи реалниот сектор попривлечен за младите од државно, не планира да скреса даноци на приход и со тоа да стимулира потрошња, подобро нека стават 20% ддв него да чепкаат во приходи, ако народ има повеќе пари повеќе ќе троши, пази дури и наголемува арач на приходи, правила на игра сеуште нема, саатница бе ало, во 2018 немаме саатница, немаме јасни правила за игра, Либерија, а за спроведување на и она малку што го има, курац, клиентелизам, ако си наш=силувај бебиња во колевка, немаш гајле.
Не е страшно нит дефетизам да се признае пораз, пробавме да напраиме држава, општество, се усравме тотално и малку по малку нека се спушта завеса.
Индивидуално, секој за себе, јас би препорачал и покрај се да се одолее да се ухлеби човек на државно и да стане кучка на локален партиски шериф, да држи до некои начела етички барем за себе и свои најблиски, да одржува добри односи со роџаци и пријатели и такви работи, и некако да го преживее крајот, ако останува тука се разбира. Ако се избере патот надвор, тогаш нека се воздржи од пишување носталгични патетики на ФБ.