Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.377
Поени од реакции
84.621
Не е Заев толку наивен, за жал, па да ги блокира рудниците...
но, е доволно наивен, пред тоа да изјави:
Едно да биде јасно. Лично јас и Владата сме против рудниците и ќе направиме се за да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани.
https://tocka.com.mk/vesti/247636/zaev-vo-novo-selo-pod-ovie-uslovi-rudnikot-vo-ilovica-e-nedozvoliv
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291

А не, тие што му поверувале се наивните, не тој.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.377
Поени од реакции
84.621
А не, тие што му поверувале се наивните, не тој.
Мислиш дека не е наивно, од страна на политичар (па дури и во Македонија), во толку кратко време сам да се демантира, за вакво специфично прашање?
Ќе видиме на избори во Струмица.[DOUBLEPOST=1534094071][/DOUBLEPOST]
kletite zmroni go naterava da prai takvi raboti.
не. они само у ист рог дуваат

Они почнаа, он се надоврза.
Заеднички именител им се државните интереси, а не личниот ќар.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Мислиш дека не е наивно, од страна на политичар (па дури и во Македонија), во толку кратко време сам да се демантира, за вакво специфично прашање?
Ќе видиме на избори во Струмица.
Да, ама стави се во негова позиција од времето кога го кажа тоа. Дојде на власт со постизборно коалицирање, без чиста победа, а му требаше политички капитал да го решава спорот за името. Тие локални избори за неговата политичка иднина беа многу побитни од некои идни. Не верувам дека не бил свесен дека на среден рок таа изјава ќе го чини, ама тогаш не му беше битен среден рок.
 
C

CrazyCounter

Гостин
Оставете ги комарците за 1 месец и така ќе ги снема, ќе им помине сезоната, а баш за еден месец цела Македонија ќе биде пред "решавачкиот" по судбината на Македонија референдум за кој песимистички мислам дека ќе си мине без никакви проблеми против волјата на народот, бидејќи реално мислам никој друг освен блиските до владината коалиција би можел да излезе на референдум и да го даде судбоносното ДА кое не води до "демократски, европски промени и повисок стандард".
Не е европа крива,сами сме си криви. Додека ВМРО си беше на власт сите работи штетни за државата се решаваа зад затворени никој не смееше да писне. Денес партијата на власт истите работи ги решава како што вели транспарентно и демократски пред очите на јавноста со лајв преноси и пак никој не смее да писне.Не подржувам никаков вид на насилство, но кој и да го планирал настанот од 27 Април, завршил добра работа.
Убаво алиби за се што се следува, цел свет виде како толпа луѓе најлагано си влегува во собрание си се поздравува со војска полиција си тепат под ред, жално е за инволвираните што ќе си лежат долги години буквално за ништо, водени од патриотизмот го замениле домот со четири зида па на крај кога ќе ги пуштат ке чекорат во нова "демократска и европска" држава, а ако другарчињата од ВМРО бидат послушни и си излезат на референдум можеби после кратко време ќе има амнестија и така ќе се заврши целата приказна.
Стандардот и демократијата сами ќе дојдат до израз кога би си го решиле нашиот најголем внатрешен проблем КОРУПЦИЈА.
Членот погоре го спомна рудникот во струмичко, доволен пример, рудникот беше не еколошки и штетен се додека не се понуди парче од колачот и на сегашната гарнитура па преку вечер рудникот стана корисен за државата само бидејќи компанијата дала ветување дека во работата на рудникот ќе се користат најмодерни филтери кои нема да имаат никакви штетно влијание на околината, а тоа што илјадници ќе треба да ги напуштат домовите не е толку битно.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ставот на буквално сите влади до оваа беше дека промена на уставно име не доаѓа во обзир, и дека тоа е тема за која не се преговара. Ниту пак тоа некогаш било дел од предлозите на Нимиц, до последнава рунда. Така да, не е баш исто.
Тоа е одговорот.
Ова е прв пат промена на име да е во процедура. А воопшто никој не го кажал тоа, особено ерга омнес. За другото, излишно е да коментирам, не сум во администрација, ниту мои најблиски.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Мислиш дека не е наивно, од страна на политичар (па дури и во Македонија), во толку кратко време сам да се демантира, за вакво специфично прашање?
Ќе видиме на избори во Струмица.
Ах бе, петардо... На која планета живееш? Заеф а отвори уста - лаже.
И стварно не ми е јасно зошто цмиздриш, Заев што лаже, или што ти си бил глуп и не си го проценил дека е лажов?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.377
Поени од реакции
84.621
Да, ама стави се во негова позиција од времето кога го кажа тоа. Дојде на власт со постизборно коалицирање, без чиста победа, а му требаше политички капитал да го решава спорот за името. Тие локални избори за неговата политичка иднина беа многу побитни од некои идни. Не верувам дека не бил свесен дека на среден рок таа изјава ќе го чини, ама тогаш не му беше битен среден рок.
наивно
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
но, е доволно наивен, пред тоа да изјави:
Едно да биде јасно. Лично јас и Владата сме против рудниците и ќе направиме се за да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани.
https://tocka.com.mk/vesti/247636/zaev-vo-novo-selo-pod-ovie-uslovi-rudnikot-vo-ilovica-e-nedozvoliv
а брат му сакал да копа во Казандол, ама не му дале. Знаеш?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Ако веќе судиме толку пуритански и самото отварање на толку широк фронт против ВМРО беше наивно. Сега на секој чекор имаат мини, и што и да направат излегуваат дека критикувале лицемерно. Ама па, прашање дали ќе победеа без толку широк фронт.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.377
Поени од реакции
84.621
епа ако е така, испаѓа дека не знаеле како да го состават тој таканаречен широк фронт.
Или личи како да се потпираат целосно на пословичната кратка меморија на
Македонецот.

Најверојатно станува збор за стандардна македонска практика да се нема стратегија и само на тактичко-оперативен план да се дејствува во моментот.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.956
Поени од реакции
50.928
Тргате од претпоставка дека после се ова, доколку се заврши успешно, Заев планира да бара мандат. Мене ми е тешко вероватно, полека почнувам и ја да мислам дека човеков вистина е камиказа со една точна задача- спроведување на трите договора и тоа што го носат и чао пријатно после. Не ја ни гледам како влада, туку чисто како интервенција, а мотивите тешко дека се визија за подобро утре ако се суди по динамиката на тоа како аматерски и лагодно се дрпа бар последниве месец и кусур.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.377
Поени од реакции
84.621
Тргате од претпоставка дека после се ова, доколку се заврши успешно, Заев планира да бара мандат.
Ако ја внесе Македонија во НАТО, само врз основа на тоа, ќе бара и ќе добие мандат.

гледај само
 
C

CrazyCounter

Гостин
Тргате од претпоставка дека после се ова, доколку се заврши успешно, Заев планира да бара мандат. Мене ми е тешко вероватно, полека почнувам и ја да мислам дека човеков вистина е камиказа со една точна задача- спроведување на трите договора и тоа што го носат и чао пријатно после. Не ја ни гледам како влада, туку чисто како интервенција, а мотивите тешко дека се визија за подобро утре ако се суди по динамиката на тоа како аматерски и лагодно се дрпа бар последниве месец и кусур.
Па и ни нема спас, после ова втор пат мислам Заев нема да биде гласан,ако си замине Заев партијата ќе ја наследат или госпоѓа бонбона или господин најмлад доктор на науки и тука повторно нема спас, а за ВМРО единствена надеж е целосен ремонт но нема кој да го спроведе, бидејќи партијата е бизнис клуб а не партија, така да готови сме. Можеби па пријателите 20% ќе изненадат, ќе понудат пријателски нешто фер и конкретно ....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom