Оставете ги комарците за 1 месец и така ќе ги снема, ќе им помине сезоната, а баш за еден месец цела Македонија ќе биде пред "решавачкиот" по судбината на Македонија референдум за кој песимистички мислам дека ќе си мине без никакви проблеми против волјата на народот, бидејќи реално мислам никој друг освен блиските до владината коалиција би можел да излезе на референдум и да го даде судбоносното ДА кое не води до "демократски, европски промени и повисок стандард".
Не е европа крива,сами сме си криви. Додека ВМРО си беше на власт сите работи штетни за државата се решаваа зад затворени никој не смееше да писне. Денес партијата на власт истите работи ги решава како што вели транспарентно и демократски пред очите на јавноста со лајв преноси и пак никој не смее да писне.Не подржувам никаков вид на насилство, но кој и да го планирал настанот од 27 Април, завршил добра работа.
Убаво алиби за се што се следува, цел свет виде како толпа луѓе најлагано си влегува во собрание си се поздравува со војска полиција си тепат под ред, жално е за инволвираните што ќе си лежат долги години буквално за ништо, водени од патриотизмот го замениле домот со четири зида па на крај кога ќе ги пуштат ке чекорат во нова "демократска и европска" држава, а ако другарчињата од ВМРО бидат послушни и си излезат на референдум можеби после кратко време ќе има амнестија и така ќе се заврши целата приказна.
Стандардот и демократијата сами ќе дојдат до израз кога би си го решиле нашиот најголем внатрешен проблем КОРУПЦИЈА.
Членот погоре го спомна рудникот во струмичко, доволен пример, рудникот беше не еколошки и штетен се додека не се понуди парче од колачот и на сегашната гарнитура па преку вечер рудникот стана корисен за државата само бидејќи компанијата дала ветување дека во работата на рудникот ќе се користат најмодерни филтери кои нема да имаат никакви штетно влијание на околината, а тоа што илјадници ќе треба да ги напуштат домовите не е толку битно.