Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Кој то сите? Јордан Пиперката,Христо Узунов,Методи Патчев,Питу Гули итн.Ова се само дел од војводите кои загинале за време или после востанието.Мислам не ми е јасна причината зошто сакаш да ги девалвираш учесниците во востанието или колку да се кажело нешто?
Тие шо заминале бугаристан после востанието фактички биле во егзил на некој начин, не дека на крајот си отишле дома. После окупацијата на Кралство Југославија во ВСВ, српското кралско семејство заминало за Лондон каде останале и после војната, по таа логика што се наметнува за дејците на ВМРО, испаѓа Караѓорѓевиќ се британци :angel:

Дел се декларирале како македонски бугари, меѓутоа не сите, а и тие шо се декларирале тоа го правеле од прагматични причини. Земи денес колкав дел од тие македонците шо имаат бугарски пасоши вистина се чувствуваат и/или деклраираат како бугари, тек тогаш со 2% писмено население која манупилација и пропаганда владеела.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Фала за деталниот одговор, не сум знаел дека е таква ситуацијата во Левица, можеби затоа што и не познавам лично членови од таа партија, според ова напишаното, ако може да се направи религиозна аналогија, за нив класата е Бог а класната борба е божјата воља?
Не сум многу упатен во култови освен неколку подкасти што слушав, колку што разбрав имало повеќе карактеристики кои една организација мора да ги има за биде култ, ова што опишуваш со немањето свој став/мислење кај членовите е само една од нив.

1.Каков е односот на членовите кон лидерот Апасиев, дали кон него гледаат како на "више битие", дали е дозволена критика кон лидерот или тоа не смее?
2.Дали наметнуваат одвајање на членовите од фамилија, пријатели, околина?
3.Дали врбуваат, пример тие другарите твои дали се обиделе да те зачленат таму?
4.Дали собираат пари од членството?



Се тоа во ред, но прашањето беше како би се однесувала Левица ако веќе биде дел од власта, без разлика дали тие би составиле или би коалицирале, значи дали менталитетот на членството во однос на јавните средства е различен од оној кај вмро/сдс/дуи/дпа и други лоповски друштва.



Тоа што го пишуваш е твое искуство, ако не се лажам некаде наведе дека си работодавец и нормално да навиваш за "својот тим", природно е, но тоа искуство не е искуството на далеку најголемиот дел вработени тука, не сакам да се мешам во приватни работи и да претпоставувам дека си во ИТ а и не е важно на крај, најмногу работници има во текстил, услужни, малопродажба, граџевина каде што е срање.
Значи смрт на работно место, отпуштање на бремени жени, враќање на дел од плата од тековна на рака не се митови и еден куп други гомнарии, не знам како да ти објаснам, тоа е реалност за огромен дел од вработени.

@blackadder пишуваше пред извесно време за типовите кои изигруваат газди, може да објасни подобро.

Поимот incentive не знам како да го преведам, кога го имаш реалниот сектор со реалните состојби (опишани погоре) и државниот со реалните состојби (влечење за уши на митинзи, чистење на кола на локален шериф, дремење на -20 пред собрание) победува дупло поголемата плата, сигурниот одмор и остали бенефиции. Тоа беше државен проект цели 11 години.



Како бре човече од она што го напишав успеа да го испредеш ова, како, објасни?
1.normalen,dozvolena
2.ne
3.kje ti spomnat ednas ili niednas.
4.ima,koj kolku smeta deka moze da odvoi od mesecnite primanja.
nikoj ne moze da ti ja kaze idninata nitu pak da zbori za drugite. jedino nesto so moes da vidis prethodno odnesuvanje na sdsm-dpmne koga bile na vlast(27 godini) i so verojatnost od 99% da pogodis kako kje se odnesuvaat sledniot pat koga kje dojdat na vlast.[DOUBLEPOST=1533932965][/DOUBLEPOST]
берете памет , немој после јебига :cool:

https://fokus.mk/jovan-radnanski-dogovorot-so-grtsija-mozhe-da-se-ponishti-samo-preku-uspeshen-referendum-so-mnozinstvo-glasovi-protiv/

Јован Радњански: Договорот со Грција може да се поништи само преку успешен референдум со мнозинство гласови против
posle ova prekinav da citam
`Денес, по промената на власта, тој вели дека од она што го видел по враќањето, верува како Македонија се движи кон просперитет и иднина,`
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова сериозно?
Сериозни се бе, мислам финтата им е да покажат хумор демек не дупат ама сериозна е веста :icon_lol: само баш сакам да видам кој хумор ќе го покажат на наредните парламентарни/локални.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.683
Банкарските сметки на граѓаните под лупа на УЈП
10.08.2018 | 17:23
Економија
Прочитано: 6927

Банкарските сметки на граѓаните нема повеќе да бидат банкарска тајна за Управата за јавни приходи. Владата го менува Законот за банки со што УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Во образложението на Законот стои дека измените се прават за да може УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година. Од Управата за Телевизија 24 велат дека прецизно е дефиниран сетот на податоци што банките треба да ги доставуваат до УЈП.

„Доставувањето на податоци од други институции (вклучително и банки) е пракса на модерните даночни администрации преку која размена се обезбедуваат податоци за вкрстена проверка на пријавените и непријавените приходи на граѓаните“ - велат од УЈП.

Но Македонската асоцијација на банки остро се спротивставува на предложените измени. Сметаат дека со нив директно се навлегува во приватноста на граѓаните и заштита на личните податоци и се губи значењето на правниот термин банкарска тајна.

„Увид во трансакциските сметки на клиентот претставува директна повреда на неговата приватност, навики, начин на живеење, со што може да се направи непоправлива штета доколку податоците бидат доставени до трети неовластени лица или бидат објавени во јавност. Ова може негативно да влијае на довербата на граѓаните во банките, која макотрпно се гради последниве 20-тина години“ - велат од Македонската асоцијација на банки.

Банкарите бараат поширока јавна расправа за да се разгледаат сите опасности кои може да ги повлече новиот начин на работа. Доколку законот помине, тогаш ќе мора прецизно да се дефинира кои податоци, и во кој обем и рок ќе се разменуваат, како и начинот на чување, но и на нивно уништување.

Министерството за финансии, како предалагач на законот тврди дека измените се прават со цел изедначување на нашето законодавство со европското, а сите сугестии на предложениот закон ќе се земат предвид пред да биде изработена конечната верзија.

Со измените се предвидува увид во банкарските сметки да добие и Царинската управа, но со поднесување на писмено барање до банките. На тој начин ќе се овозможи Царината да врши присилна наплата на царинските давачки.
Би било добра идеја доколку состојбите на трансакциските сметки на политичарите и функционерите од власта и од опозицијата - но и на нивните семејства - бидат објавувани јавно, чисто за да знаеме колку се скромни или раскошни.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.768
Би било добра идеја доколку состојбите на трансакциските сметки на политичарите и функционерите од власта и од опозицијата - но и на нивните семејства - бидат објавувани јавно, чисто за да знаеме колку се скромни или раскошни.
Тие не чуваат пари во банки, купуваат станови(во и вон Македонија), благородни метали, уметнички дела итн...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А кога ќе ми текне како агресивно ги прашуваа противниците на Илинденска Македонија што имале против Илинден. :icon_lol::icon_lol:
Сега прашуваат што имаат против НАТО и ЕУ. Смислени тактики.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Сериозни се бе, мислам финтата им е да покажат хумор демек не дупат ама сериозна е веста :icon_lol: само баш сакам да видам кој хумор ќе го покажат на наредните парламентарни/локални.
Може овој слоган: Посредуваме за бугарски пасоши
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.361
Поени од реакции
43.159
Свечана лента ќе сечат пред да полета авионот да прска за комарци. 5 саат точно на Стенковец, бидете таму.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Ги замолувам сите приврзаници на идејата за заштита на правата на животните, во 05:00, да излезат и да ги спречат авионите кои треба да извршат прскање против комарци.
Фа го спречиме геноцидот врз невините комарци, кои се борат за преживување!!!
Повик до анима мунди, да организираат предавање на граѓаните на Скопје, како да не ги провоцираат комарците.
Заедно можеме да го спречиме овој геноцид.
И комарците имаат права!!!
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Мoре штo прскaње удријa,бучи aвиoнoн веќе 2 чaсa,сaмo дa не нaпрaвaт некoјa уште пoгoлемa пиздaријa.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Добро е ве испрскаа уште сабајле.... против комарци.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom