А кој спомна Обамакер? Кортез и Берни се залагаат за Medicare for all, односно Single Payer system во кој државата би била единствен осигуреник и не е исто со Обамакер. A еве колку би коштало, наслов од fox news:
Bernie Sanders' 'Medicare for all' bill estimated to cost $32.6T, new study says
Ова е студија финансирана од браќата Koch, подржувачи на десницата. Е сега, бидејќи се фокс њуз насловот е индикативен и намерно склопен да звучи шокирачки бидејќи доколку беа искрени, тоа ќе значи дека всушност таа програмa ќе скрати $2Т од она што моментално САД го троши на здравство. Но, некој треба да полни џебови, лобистите не седат со скрстени раце. А оние што веруваат дека САД не може тоа да го дозволи бидејќи нема „кој да плати“ се само корисни идиоти кои им прават услуга на таквите групи со специјални интереси бранејќи ги бесплатно нивните идеи. Во меѓувреме двете партии си изгласаа зголемување на буџетот од над повеќе од цел воен буџет на Русија. Но за тоа никој не прашува кој ќе плати
Или воениот буџет е некако резултат на слободниот економски пазар, или сепак не е САД толку капиталистичка штом пола буџетот им оди таму, хм? Ама се нема пари за образование и достоинствено здравство за сите.
Ех, убава бајка е тоа, ама како ќе го направиш да функционира,какви ќе бидат резултатите и како ќе се развива понатака.
Прво која е цената и кој ќе плати за М4А .... ако е на товар на сите граѓани т.е. зголемуваш даноци, нема шанси, ја уништуваш економија. Доколку намалиш трошоци за администрација, други ретардирани социјални програми, тогаш може да биде позитивно.
Следна работа е, како сметаш да спроведеш здравство за сите, приватните болници како ќе функционираат .... државните знаеме дека се злоупотребуваат максимално (од економски аспект, наместени тендери, злоупотреби на вработените итн итн).
Најверојатно ќе треба да ги национализираш сите болници а на сите ни е јасно дека државата е многу лош менаџер. Еве кажи една државна програма, која била наменета како помош во смисла ќе има после добар напредок, имала успех....
Самиот го спомна Пентагон, а тој нели го води државата. Е како тоа сакаш, очекуваш и се надеваш на позитивни резултати од државен проект кога самиот тој пентагон "не знае" каде им се 2.3 Трилиони (2,3 илјади милијарди) долари .
Нешто спомна корисни идиоти, а го преферираш Сандерс, кој иако се дозна дека Хилари каде стигне го саботирала, дека лапа милиони од банкарите (Голдман Сакс) и даде подршка. Ги предаде своите подржувачи и своите принципи, ако воопшто политичар може да има друг принцип освен лично богатење.
САД одамна не се капиталистичка земја. Но бидејќи се центарот на моќ т.е. империјата на крај ќе ги осетат последиците од социјализмот кој го практикуваат. Сите империи прво се распаѓаат од краевите накај центарот.
Читам нешто само Венецуела ја спомнуваш божем ко дежурен кривец била, а што правиме со останатите држави од источната дел на планетата од СФРЈ па до Јапонија (без неа). Сите тие беа социјалистички / комунистички па како завршија. Венецуела е како најсвеж пример, кој и покрај тоа што има најбаран природен ресурс крахира.
Секаде каде што државата се меша, е осудено на неуспех.
Единствена земја која била успешен пример за Социјализам бил Парагвај во 1800тите. Но само ако успееш да најдеш чесни, вредни, паметни луѓе, кои ќе успеат да одолеат на можностите кои им ги нуди социјалистички систем тогаш може да го прифатиме. Се друго е само уништување на државите. Знаеш ти такви луѓе ... Јас познавам само 1 човек, за кој гарантирам и со живот (не сум јас
) . А ни требаат такви бар 10.000.
Притоа крајот на приказната за тој Парагвај е напад од соседите, уништување на 60% од целата популација, а 9 од 10 машки биле убиени.
Во социјалдемократско уредување има условно кажано хибриден систем каде работи од општ интерес како здравство и образование имаат посебен третман. Можеби прави тоа некоја смисла тоа уредување, што мислиш?
И што ако има таков систем, кои се резултатите од таквиот систем ... И кај нас образованието (до факултет) е задолжително за сите, па што ... Каков квалитет добиваш од таквиот систем. Кој е трошокот за тоа... Зашто Дескоска синот и учи во приватно школо а не во државните ... Резултатите се битни или не, што мислиш ти ?
Нашите „десничари“ памтиш колку такви ултра левичарски економски мерки имаа?
Браво за овој дел.
Чиста вистина, што многу луѓе не ни го гледаат а не ни сфаќаат. Односно К ги боли за идеологија, туку само да крадат.
Е сега, кога ти ова го знаеш и си го сфатил, како побогу повторно даваш шанса на некој си ојле дојле, веруваш во бајки, врз основа на што веруваш дека Сандерс би држел до своите "принципи"
. Системот не само што не лаже, туку и не подјебава, можеби затоа цело време си го сакате
Сандерс како сакаш наречи го, како сака нека се декларира, тежиштето му е социјализам, а тоа е рак за општеството.
Имавме еден кандидат за претседател од угнетените ни шќиптари (со уље мислам работи), имаше еден куп реченици за соживот, за претседател на сите, ова она. Од кога не помина, си го покажа гнасното лице и омразата која ја криел према нас Македонците.
Затоа се додека се однесуваме како тинејџерка и веруваме на бајки , ќе не ебавааат Курто и Мурто.
П.С. Колку само да појасниме, Декстерчо не го обожава Трамп, туку фали одредени негови мерки.
Јас сметам дека Трампчо ќе направи ко Грујо, првите 2 години добри работи за општеството (приватен сектор) за мир во куч а после светот ќе плаче од него