Што се однесува до надмените реплики, беше согласно твојот стил на реплика. Мислев дека така сакаш, штом така пишуваш.
Останатото е веќе дискутирана работа. Само кажав дека владата се правеше во разни кујни, а не согласно гласањето и праксата.
За „победник со победник“ прашај ги ДУИ како го замислуваат тоа. Тоа е нивна измислица и агресивно се бореа за тоа. Како ќе се однесуваат во иднина, ќе видиме.
Во штаб што мислат јас не знам. Мене ништо не ме чека на следните избори, јас не сум дел од политичките штабови, ниту сум учесник на изборите.
За локалните избори, мислам дека е продолжена тема, но, прифатени се резултатите и не се води многу војна околу тоа. Една работа би ја напоменал, огромниот број на погрешни ливчиња во различни избирачки места (900 и кусур) и никој за тоа не дигна врева. Се прашувам, да беше ВМРО ДПМНЕ власта која организирала такви избори, колку протести ќе имаше, колку колумни ќе се напишеа за диктаторската власт и фалсификати, колку странски негативни извештаи (а можеби и барања) ќе следуваа.