Ај бидете еднаш сериозни и почнете да го гледате христијан како дел од режијата. Да има сериозна намера за оваа држава (а нема), прво ќе ги збудали од протести овие, ќе кампира, ќе малтретира град (па за какви све не срања се гушеше Скопје), а втора варијанта му е политичка тактика во која не би ни спомнал дека ќе го бојкотира референдумот и би останал индиферентен, а на недела дена пред самиот референдум би повикал на бојкот, со што административната машинерија (која ја дупи и умира оваа земја и за која сите работиме) не би имала време да го лажира истиот. Бојкот на референдум, според мене отвара простор за многу манипулации. До вчера имавме убиства на гласачки места, кршење кутии, масовни гласања, бугарски возови и говна...што би било проблем сега да се напраи монтажа - лесна работа.
Пак ќе повторам - да се скршеа глави кога требаше, на чело на дпне ќе застанеше легитимен водач и ново раководство, а не оваа безгласна марионета.
Првата меч топка за кршење глави беше тогаш.
Откако ќе пројде референдумот, повторно ќе има можност за тоа, затоа што сум 200% убеден дека од резултатот никој нема да биде задоволен и ќе се постигне критичен моментум за тоа, ама со вакво стерилно, сервилно дпне, чоек што да очекуе...