Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Сега читав некоја германка ја казниле 1600 еур бидејќи на фб напишала статус против мигрантите. Тоа е таа либерал фашистичка идеологија која се применува и кај нас..

Да беше така Миленко сите кози ќе ги продадеше.

Исламистите се бесните кучиња на либерал-фашистите...

Либерал-фашистите? Оксиморон.
Многу гледате Алекс Џонс и нековиот секс роб Пол Џозеф Вотсон.
 
Либерал-фашистите? Оксиморон.
Многу гледате Алекс Џонс и нековиот секс роб Пол Џозеф Вотсон.
Нит го знам едниот, нит другиот, а уште помалце мојот став го базирам на youtube пророци...

Еве ако не ти е ок, можеш да го користиш либерлни фундаменталисти...
 
Анализа на Трендо за што ќе се случи ако помини референдумот и ако не помини
https://off.net.mk/lokalno/razno/mitovi-i-legendi-za-krajot-na-makedonija
Митови и легенди за крајот на Македонија

СЦЕНАРИО ТАЌЕ:


Референдумот на Зоран Зајеб пропаѓа скроз.

Албанија, кај и да е, влегува во ЕУ.

Македонските Албанци изразуваат желба дека сакаат да живеат во иста унија со своите сонародници од Албанија, а не со Македонците и останатите мрзи кои не излегле да гласаат за таа опција.

Македонските Албанци насилно ги отцепуваат македонските територии на кои тие се мнозинство (притоа соочувајќи се со реален проблем: како Скопје и Куманово да ги доближат на пет километри до Гостивар и Тетово - оти во спротивно пола народ ќе им остане во Македонија).

Единствен начин присоединувањето да успее е Албанија, сега веќе членка на ЕУ, да изврши анексија на општините во Македонија во кои Албанците се мнозинство - со се оние во кои се и малцинство, под услов да се од левата страна на автопатот Тетово-Скопје-Куманово. Може малце и од десна, не е страшно.

Веднаш потоа Бугарија, уште една членка на ЕУ, извршува анексија на рестото од Македонија, по принципот "Земи, аго, што ти драго!".

Во Брисел, седиштето на слободната Европа, се поздравуваат овие анексии со кои се ставил крај на низа политички спорови помеѓу Албанците и Македонците, Македонците и Бугарите, Грците и Македонците, Грците и Бугарите, Власите и Кара-власите, скопјаните и охриѓаните...

За првпат по поделбата на Полска од страна на Хитлер и Сталин, две европски држави парчосуваат трета. Овојпат проследено со аплаузи од Лисабон до Варшава, и од Копенхаген до Биоград на мору.

Се разбира, Грција не седи мирна за да гледа како два соседни конкурента и ја земаат тампон-зоната која со децении ги делеше Јорговци од останати балкански Вилотиќи. Што ќе прави Грција? Нејќеш да знаеш.

На ова се приклучуваат и Косоварите на кои никако не им влага во глава зошто овие папучариве од Македонија, кои со децении бегале од пушка, сега да бидат во Албанија - за разлика од нив кои кревале пушка поише од тегови, а не се во Албанија?

Нормално, Србите во БиХ реагираат: "А бе, пеери, нели немаше мењавање граници?". И се разбира, одма потегнуваат менување граници, односно присоединување на Република Српска со Србија. Притоа и тие се соочуваат со ист проблем како и Албанците: како некако да направат Бања Лука да искача на брегот на, ако не Морава, тогај барем Дрина.

Како контра-реакција на српската иницијатива, Хрватите од БиХ купуваат едно триста милиони метри бодликава жица која ја оптегнуваат околу Херцег Босна. Колку да не им бега топката дур тренираат за наредно Светско првенство.

Бошњаците, кои како и обично немаат баш некој избор, се нафаќаат баш на тој избор што го немаат - па почнуваат да прават бељи низ Санџак, Република Србија. Не за друго, туку да не биде дека само тие седеле мирни. Бошњачките бељи ги користи Ердоган за некоја своја наредна кампања за што-и-да-е. Како? Си знае Ердоган како.

По кампањата на Ердоган, ред е да се вклучи и Путин. Тој не само што прави анексија на сè што ќе му се ќефне низ Украина (пошто нели, таква е а-ла-маседуан модата во ЕУ - оти па тој да е покус?), туку присвојува и сè друго низ комшии што мисли дека некогаш ќе му затреба (Фински, Мински, Латвии, Матвии и останати Естонии).

НАТО по повод ова заседава и си го гризе гзот што било кога им текнало да ја канат Македонија во НАТО.

Во меѓувреме, по принципот "нијесмо ни ми шугави", истиот процес на отцепувања и анексии се шири низ Каталонија, Баскија, Северна Ирска, Шкотска, Курдистан...

А за сето тоа време, катрљони бегалци од Сирија си поминуваат низ Македонија на пат кон Клагенфурт небаре кул им е, двор им е - пошто ја нема повеќе онаа каква-таква македонска полиција да им вика "Ај ве молам еден по еден, не сите заедно ако може..."

И како и обично, никој ни со прст да мрдне во Вашингтон.


СЦЕНАРИО ОВАЌЕ

Референдумот на Зоран Зајеб успешен до немајкаде.

Албанија влегува во ЕУ некаде помеѓу 2025-та и 2030-та.

Македонија веднаш после неа, некаде околу 2030-та, 2031-ва, најдоцна 2035-та...

Македонските Албанци изразуваат желба дека сакаат да живеат во иста унија со своите сонародници од Албанија. Никој не им брани, ама ќе мораат да сочекаат да станат дел од Шенгенската зона.

До 2040-та Албанија влегува во Шенгенската зона.

Македонија, заради проблемот со бегалците кои веќе 20 години ѝ дремат по бегалски кампови, влегува нешто подоцна - да речеме околу 2045-та, плус-минус некоја година.

Отприлика некаде во тоа време во Албанија се воведува еврото како валута. Во Македонија уште не, бидејќи доколку тоа се случи - ќе нема од што да живеат менувачниците ширум земјата, па можат да настанат социјални немири.

Македонските Албанци масовно патуваат кон своите собраќа од Албанија, на пат на кој не им стои повеќе ништо - освен менувачницата на Вицето, кој дава најповолен курс доколку на секои сто евра уплатиш едно евро на визионерот кој сета оваа хармонија ја има овозможено.

Во меѓувреме во Вашингтон, президент Путин тера трет мандат по ред.

--------------------------------------------------------------------------------------------------

Трендо вика дека ако
а) Не помини референдумот ќе има војна во Македонија со големи последици за Европа
б) Помини референдумот Македонија ќе влези во ЕУ

---------------------------------------------------------------------------------------------------

Не ми се верува, утеха му е што Европа и светот ќе зажалеле што ја поканиле Македонија во НАТО оти цела европа се распаѓа, ама не му е гајле оти Македонија станува Сирија :facepalm:
 
Не ми се верува, утеха му е што Европа и светот ќе зажалеле што ја поканиле Македонија во НАТО оти цела европа се распаѓа, ама не му е гајле оти Македонија станува Сирија :facepalm:

И после ТИ ми викаш дека сум бил патетичен :)
 
И после ТИ ми викаш дека сум бил патетичен :)

Абе чудна е оваа шизофренија кај луѓево кои не сакаат да помини референдумот, јасно му е на сите дека има големи шанси после да нема Македонска држава, ниту Македонски јазик, ниту Македонска нација, ама сите си имаа некое оправадание од типот ќе видите вие што ќе се случи ...

Еве Трендо си нашол утеха во тоа што НАТО и Европа ќе зажалеле оти некогаш ја натерале Македонија на ова.
 
Абе чудна е оваа шизофренија кај луѓево кои не сакаат да помини референдумот, јасно му е на сите дека има големи шанси после да нема Македонска држава, ниту Македонски јазик, ниту Македонска нација, ама сите си имаа некое оправадание од типот ќе видите вие што ќе се случи ...
Можеби има големи шанси после неуспешен референдум да нема Македонска држава..... Меѓутоа со успешен референдум сигурно ја снемува....
 
Абе чудна е оваа шизофренија кај луѓево кои не сакаат да помини референдумот, јасно му е на сите дека има големи шанси после да нема Македонска држава, ниту Македонски јазик, ниту Македонска нација, ама сите си имаа некое оправадание од типот ќе видите вие што ќе се случи ...

Еве Трендо си нашол утеха во тоа што НАТО и Европа ќе зажалеле оти некогаш ја натерале Македонија на ова.
Во едната ситуација постојат големи шанси да нема, во другата ситуација веднаш ја снемува. Се самораспушта и на нејзино место иде некој хибрид. Првиот избор е подобар.
 
Овдешните албанци немаат капацитет да водат воен судир, таква ситуација не ни им одговара. Длабоко се укотвени во власта, лапаат тендери заедно со нашиве политичари, плус американсиот фокус одамна не е повеќе насочен со истиот интензитет кон регионов, како што беше случај во 90тите. За нив моменталнава констелација е финална, не се будали дополнително да си ги закомпликуваат работите еднаш кога ги подредија како што нив му одговара. Албанскиот фактор повеќе не може да се надева на нивна поддршка тука, тие се искористен куртон. За нивното вазалство добија и повеќе од колку некогаш можеа и да се надеваат. Две држави и паралелно уште една држава во држава.
Ние немаме ни одблиску капацитети да водиме војна во моментов. Скоро сите безбедносни структури ни се контаминирани од албанско присуство внатре. Моментално ние сме помалку спремни за војна одколку што бевме во 2001 година.

Тоа дали сакаме во НАТО или не мислам дека е веќе решено прашање, само на народот уште не му е јасно. Народот во случајов е последниот кој што се прашува.



Доколку алудираш на враќање на украдените пари од државава последниве триесетина години, тоа е по мене невозможна мисија. На таквите пари одамна му е изгубен трагот. Дополнителна компликација е што таквите олигарси ден денес директно или индиректно се инволвирани во управувањето со државата. Политичарите работат во нивни интерес. Тоа е уште една од причините зошто не можеме економски да мрднеме од мртва точка.
Поставеноста на работите моментално е вештачки креирана состојба. Оваа држава е заложник, лична сопственост на едни исти луѓе од осамостојувањето па до денес. А тие луѓе нема шанси да го вратат она што го украле и сеуште го крадат од народот.
Не дека сме спремни и точно помалку сме спремни одколку во 2001, но како што пишав во таква ситуација сме доведени каде што нема што да губиме многу. Специално за деконтаминацијата има решение а вооружувањето е нај лесна работа ако има пари. Статус кво, или продолжување во оваа насока значи бавно и болно губење на државата.
Целосно враќање е апсолутно невозможна мисија, но дури и дел да се врати конфискува вклучително и имот, е можно и нема да е малку.
 
Во едната ситуација постојат големи шанси да нема, во другата ситуација веднаш ја снемува. Се самораспушта и на нејзино место иде некој хибрид. Првиот избор е подобар.

Да нема што држава или војна?
 
Интересна работа е што црепоиве на власт, ги тргнале сите видеа од Кампањата за референдумот од 2004 година, од типот „Некои прашања не заслужуваат одговор“....Но се надевам дека некаде, на некоја мрежа или на некој HD сеуште стојат тие гракања на оваа скубаната кокошка Рада.....

Интересно ќе биде да се искористи во кампањата на #бојкотирам дечките
 
Да нема што држава или војна?
Држава. Кој и да инвестираше толку труд и пари за да се случува ова што се случува, нема да се помири со пораз. Ќе биде исклучително одмаздољубив. Ама тоа е негов проблем.
 
Не дека сме спремни и точно помалку сме спремни одколку во 2001, но како што пишав во таква ситуација сме доведени каде што нема што да губиме многу. Специално за деконтаминацијата има решение а вооружувањето е нај лесна работа ако има пари. Статус кво, или продолжување во оваа насока значи бавно и болно губење на државата.
Целосно враќање е апсолутно невозможна мисија, но дури и дел да се врати конфискува вклучително и имот, е можно и нема да е малку.
Во даденава ситуација, најмал проблем е вооружувањето, па дури и да нема пари.... Проблем е што младите немаат воена обука и ќе бидат како глинени голуби... Само Стрелкин ни е спасот, да ни помогне да ги консолидираме редовите во прво време...Тоа не би му била прва операција на Балканот....
 
Држава. Кој и да инвестираше толку труд и пари за да се случува ова што се случува, нема да се помири со пораз. Ќе биде исклучително одмаздољубив. Ама тоа е негов проблем.

А зошто мислиш дека со успешен референдум одма нема држава?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom